Свет
На Тајланд пронајдено распарчено тело на германски бизнисмен
Тајландските власти пронашле распарчено тело на исчезнат германски бизнисмен во замрзнувач. Потрагата по Ханс-Петер Мек (62) завршила трагично кога во понеделникот вечерта полицијата ги пронашла неговите останки во вреќа за ѓубре во замрзнувач во изнајмена куќа во Нонг Пру, град на југот на Тајланд.
Уапсени се двајца осомничени Германци. Мек, агент за недвижности, кој живеел со сопругата од Тајланд во источниот град Патаја, исчезнал на 4 јули. Полицијата вели дека двајцата осомничени се договориле да го убијат Мек, а потоа го транспортирале и го скриле неговото тело. Мек последен пат бил виден во неговиот мерцедес во Патаја, според известувањето за исчезнато лице, издадено од неговото семејство. Биле понудени и 86.000 долари за информации за неговата локација.
Според извештаите, автомобилот бил пронајден на паркинг на станбена зграда во Нонг Пру во неделата. Заедно со телото инспекторите откриле безжична моторна пила, чифт тримери за жива ограда и ролни од пластика. На тајландската телевизија била прикажана снимка од пронајдените предмети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео+Фото) Град со големина на лешник уништи фасади од куќи, поплавени улици и домаќинства: големо невреме во делови од Војводина
Страшно невреме денеска попладне зафати делови од Војводина, но најголеми последици почувствуваа жителите на Бачка Паланка.
На видеата и фотографиите кои се шират на социјалните мрежи, град со големина на лешник падна врз домаќинствата и ги покри нивните дворови.
На улиците се појавија големи порои, а некои згради беа поплавени.
Се појави и видео од поплавената гимназија Бачка Паланка.
Како што претходно беше најавено, силната бура забележана на североистокот на Босна се пресели во Војводина и се движи понатаму кон Романија.
Според жителите на Бачка Паланка, некои домаќинства останале без струја.
Републичкиот хидрометеоролошки завод претходно издаде предупредување за невремето.
Свет
Најмалку 22 лица се повредени од удар на гром во Чешка: се криеле под дрво
Бројот на лица хоспитализирани откако гром удри во дрво во северниот чешки град Либерец се зголеми од првичните осумнаесет на дваесет и два.
Повеќето повредени се во болницата во Либерец, медицинскиот персонал ќе ги пушти во понеделник. Нивната состојба е стабилизирана. Сите се надвор од животна опасност, пренесува чешки „ЦТ24“.
Деца во паркот на замокот во Вратиславице се повредени откако гром ги удрил во неделата околу 15 часот и 30 минути.
„Првите повредени лица почнаа да пристигнуваат за триесет до четириесет минути. За среќа, повеќето од овие пациенти имале само краткотрајни нарушувања на свеста или некое мало нарушување на подвижноста на екстремитетите. Немаше поголеми нарушувања на срцевиот ритам“, рече Мартин Кривохлавек, заменик-шеф на трауматолошки-ортопедскиот центар и шеф на трауматологија во Либерец.
Спасувачите во неделата соопштија дека осумнаесет лица се повредени, од кои некои биле реанимирани на лице место. Според нив, седум лица се здобиле со тешки телесни повреди, пет средни и шест лесни повреди.
Свет
Пукање во Минхен: напаѓачот во бегство, полицијата ги блокираше улиците
Денеска имало пукање во квартот Милбертхофен во Минхен.
Според локалните медиуми, напаѓачот избегал.
Според информациите на „Билд“, најмалку едно лице е тешко повредено a било пронајдено на улица.
Мотивот за пукањето засега не е познат.
Полицијата го блокираше северниот дел на градот.