Свет
На Макрон му стигнал отсечен прст: вознемиреност во Елисејската палата
Отсечен прст бил испратен до резиденцијата на францускиот претседател Емануел Макрон, објави весникот „Валеурс акуелес“ цитирајќи извор од безбедносните сили.
Вознемирувачкиот пакет бил примен во кореспонденцијата на Елисејската палата помеѓу 9 и 10 јули, рекол изворот додавајќи дека човечкиот прст го пронашла полицијата.
Пакетот наводно пристигнал пред Денот на Бастилја, националниот празник на Франција, кој се слави на 14 јули. Според пријавата, лицето што го испратило прстот по пошта е идентификувано.
„Ова веднаш ги активира соодветните процедури за случаи што вклучуваат вознемиреност, така што засегнатите лица може да контактираат со соодветните служби и да подлежат на медицинска проценка“, рекол изворот.
Канцеларијата на Макрон одбила да коментира за ова прашање.
Во 2021 година шпанските власти пресретнаа коверти со заканувачки писма и куршуми испратени до неколку политичари и функционери. Во 2022 година шпанската полиција уапси 74-годишен маж како дел од истрагата за писма бомби испратени до разни институции, вклучително и Министерството за одбрана на земјата.
Минатата година Украина објави дека нејзините амбасади во Европа добиле крвави пакети со животински очи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руски напад врз Киев
Русија синоќа изврши напад врз Киев, во кој најмалку едно лице беше убиено, а десет беа повредени. Главниот град на Украина повторно беше цел на балистички ракети и беспилотни летала, што предизвика експлозии и пожари, пишува „Киев Индепендент“.
Според неофицијални информации, целите на руските напади биле термоелектрани лоцирани во Киев и неговата околина.
Според извештаите на новинарите на терен, експлозиите одекнале низ Киев непосредно пред 4 часот наутро по локално време. Тимур Ткаченко, началник на Воената администрација на градот Киев, го потврди нападот. По ударот, избувнале неколку пожари на неколку локации на левиот брег на градот, односно во делот на Киев источно од реката Днепар.
Russia hit Kyiv again with ballistic missiles.
No heating at home, power’s off for hours, fires across the city.
Russia keeps trying to break us — still doesn’t get how resilient we became.Farmers’ market in Kyiv goes on against the backdrop of fire.
📹 Yan Dobronosov pic.twitter.com/RUyoohdMzg
— Maria Avdeeva (@maria_avdv) October 25, 2025
Градоначалникот Виталиј Кличко извести дека противпожарните екипи веднаш биле испратени во областите Дарнички и Десњански, каде што се регистрирани големи пожари во нестанбени згради. Во областа Дњепар, ударот оштетил прозорци и возила. Градинка во истиот округ била исто така оштетена.
Украинските воздухопловни сили објавија дека Русија лансирала девет балистички ракети „Искандер-М“ од Ростовската и Курската област, заедно со 62 дронови за напад „Шахед“.
8 людей, попередньо, постраждали через російський удар керованими авіабомбами по Індустріальному району Харкова
У результаті одного з влучань виникла пожежа на території автотранспортного підприємства: горіли 2 гаражні бокси та автомобілі на загальній площі 150 кв.м. pic.twitter.com/V3KfCFZaRj
— DSNS.GOV.UA (@SESU_UA) October 24, 2025
Противвоздушната одбрана успеала да пресретне 50 дронови и четири ракети. Сепак, пет ракети и 12 дронови ги погодиле своите цели на четири различни локации.
Во последните недели, Русија ги засили нападите врз енергетската мрежа пред зимата, принудувајќи ја Украина да воведе ограничувања на електричната енергија. Градоначалникот Кличко предупреди завчера дека Киев се подготвува за најпредизвикувачката зима од почетокот на војната.
Свет
Специјалниот претставник на Кремљ: Русија, САД и Украина се блиску до дипломатско решение
Специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин за инвестиции и економска соработка, Кирил Дмитриев, изјави во Вашингтон дека Русија, САД и Украина се прилично блиску до дипломатско решение за завршување на војната.
Во интервју за Си-Ен-Ен тој рече дека планираниот самит меѓу Доналд Трамп и Путин не е откажан, туку само одложен. Дмитриев ја пофали одлуката на украинскиот претседател Володимир Зеленски, нарекувајќи ја голем потег, бидејќи, според него, Зеленски сега прифаќа дека преговорите треба да се водат врз основа на постојните линии на фронтот.
„Претходно неговиот став беше дека Русија мора целосно да се повлече. Сега верувам дека сме многу блиску до дипломатско решение,“ изјави Дмитриев.
Свет
Аргентинците излегуваат на избори, Трамп порача: Ако не победи Милеј, нема ни долар помош
Аргентина, втората најголема држава во Јужна Америка, утре ќе одржи избори на кои се избира половина од пратениците во долниот и третина од сенаторите во горниот дом на Конгресот. Изборите се сметаат за тест на поддршката на претседателот Хавиер Милеј, но и како референдум за американската финансиска помош.
Американскиот претседател Доналд Трамп јасно порача дека ако победи Милеј, ќе продолжи американската поддршка и нов заем од 20 милијарди долари за стабилизирање на валутата, а ако загуби – помош нема да има.
„Нема да си го трошиме времето ако Милеј не победи“, изјави Трамп при средбата со аргентинскиот лидер во Белата куќа.
Опозицијата во Аргентина го обвини Милеј за предавство, а Трамп за уцена и колонијализам. „Ројтерс“ јави дека ваквите изјави го зголемиле незадоволството во земјата и поттикнале критики за „американско мешање во изборите“.
Според „Би-Би-Си“ и „Гардијан“, Трамп ја води политиката на поддршка само за сојузниците, но предупредуваат дека таквиот пристап може да предизвика нестабилност ако опозицијата победи и се сврти кон Кина или ЕУ.
Милеј влезе во политиката како радикален реформатор и по преземањето на власта спроведе длабоки економски резови – ги намали државните трошоци за околу 30%, укина голем број министерства и субвенции и отпушти многу јавни службеници. Тој го нарекува својот пристап „моторна пила“ за остри реформи.
Иако рејтингот на државата порасна, економијата влезе во рецесија, а сиромаштијата се зголеми. Реалните плати во јавниот сектор паднаа за 15 отсто, а од почетокот на неговиот мандат се одржаа три генерални штрајка.
Анкетите му даваат на Милеј околу 50 проценти поддршка, но општеството е силно поделено – богатите и младите ги поддржуваат реформите, а работничката класа ги смета за прегруби.
На изборите ќе се гласа за 127 пратеници и 24 сенатори. Анкетите предвидуваат дека партијата на Милеј, може да освои најмногу гласови, но ќе мора да бара коалиција за продолжување на реформите.
Според американските најави, ветените 20 милијарди долари би се користеле за стабилизирање на аргентинскиот песо преку доларска поддршка на централната банка.
Во Аргентина има околу 36 милиони регистрирани гласачи, а гласањето е задолжително за сите од 18 до 70 години.

