Спорт
Леброн Џејмс нема да се пензионира

НБА ѕвездата Леброн Џејмс ги отфрли навестувањата за пензионирање, велејќи дека не е подготвен да ја заврши спортската кариера бидејќи се уште чувствува голема љубов кон кошарката, пренесува АФП.
„Повеќе не ме интересира колку поени ќе постигнам и што можам, а што не можам на теренот. Вистинското прашање за мене е дали можам да продолжам да играм без повреди. Денот кога нема да можам да дадам се од себе на теренот ќе биде мојот последен како кошаркар. А тој ден се уште не е дојден“, рече Џејмс на доделувањето на наградите „ЕSPY“ на ABC.
Џејмс (38) ја освои наградата „ESPY“ за рекордот што го собори мината сезона, кога се проби на првото место на вечната листа на најдобрите стрелци во најсилната кошаркарска лига во светот, надминувајќи го рекордот на Карим Абдул-Џабар.
Тој додаде дека тренирањето на неговите синови му помогнало да го задржи свежиот поглед кон спортото со кој се занимава повеќе од две децении.
Во август тој го продолжи договорот со Лос Анџелес Лејкерс и ќе ја игра најмалку до сезоната 2024/25.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Модриќ доби 30-дневен договор со Реал

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид ги продолжи договорите со двајцата ветерани Лука Модриќ и Лукас Васкез.
Но, не како што обично се случува една година или повеќе, туку само еден месец.
Договорите на Модриќ и Васкез истекуваа на 30 јуни, а новите завршуваат на 30 јули, објави мадридски „Ас“.
Причината за овој необичен потег лежи во учеството на Реал на Светското клупско првенство од 14. јуни до 13. јули.
Овој искусен тандем е важен за избраниците на Карло Анчелоти и на овој начин ќе можат да играат во новото натпреварување на ФИФА.
По клупскиот Мундијал, судбината на ветераните е неизвесна. Се шпекулира дека Реал нема да им понуди нови договори.
Спорт
Вардар и Струга ќе се борат за трофејот во Купот на Македонија

Фудбалерите на Вардар и Струга ТЛ изборија пласман во финалето на националниот Куп. Вардар одигра 1.1 во реваншот против АП Брера, во финалето се пласира со вкупен резултат 4:1, нерешено 1:1 заврши и реваншот меѓу Струга ТЛ и Шкендија, струѓани се пласираа во финалето со вкупен резултат 3:2.
Вардар по пауза од 18 години ќе се бори за трофејот во Купот на Македонија, додека Струга ТЛ по 2023 година повторно доби шанса да се бори за трофејот.
Брера во Струмица го отвори резултатото во 34.минута со голот на Јанкуловски, а конечните 1.1 ги постави Талевски во 58.минута.
Струга по триумфот во Тетово, во првиот меч 2.1, во реваншот на домашен терен прашањето на победникот во овој двомеч практично го реши во 19.минута кога Укпа погоди за 1:0. Шкендија изедначи во 92. со автоголот на Радиќ.
Спорт
Вардар со службен резултат ја доби Воска, четири високи казни за инцидентите по натпреарот Струга-Гостивар

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија експресно реаираше и ги одреди казните за инцидентите кои се случија во 28.коло во Првата македонска фудбалска лига.
Најголемо внимание привлекоа инцидентите во Охрид и Струга.
Воска спорт на 15 минути до крајот на натпреварот против Вардар го напушти теренот. Во Струга па тепачка се случи по завршувањето на натпреварот меѓу домаќинот и Гостивар.
„Натпреварувачка комисија во рамки на Фудбалската федерација на Македонија го регистрираше натпреварот ФК ВОСКА АД – ФК ВАРДАР АД од 28. коло во Прва МФЛ службен резултат, 0:3;
ФК Воска Спорт АД е предадена на дисциплинска комисија поради напуштање на теренот на натпреварот ФК ВОСКА АД- ФК ВАРДАР АД од 28. коло во Прва МФЛ;
ФК Воска Спорт АД е предадена на дисциплинска комисија поради слаба организација (навредливо, некоректно и недолично скандирање на домашнита публика ) на натпреварот ФК ВОСКА АД – ФК ВАРДАР АД од 28. коло во Прва МФЛ;
Арбри Клодиан – тренер на ФК Воска Спорт АД и Агон Хани – капитен на ФК Воска Спорт АД се предаваат на Дисциплинска комисија поради повикување на фудбалерите на ФК Воска Спорт АД да го напуштат теренот на натреварот ФК ВОСКА АД- ФК ВАРДАР АД од 28. коло во Прва МФЛ;
ФК Струга Трим Лум се предава на Дисциплинска комисија поради слаба организација на натпреварот ФК Струга Трим Лум АД – ФК Гостивар АД од 28. коло во Прва МФЛ;
Дадет Амос Губам – фудбалер на ФК Воска Спорт АД исклучен на натпреварот ФК ВОСКА АД – ФК ВАРДАР АД од 28. коло во Прва МФЛ се казнува со забрана на настап од 1 (еден) натпревар од страна на дисциплинска комисија на ФФМ.
Лука Робикадзе – фудбалер на ФК Работнички АД исклучен на натпреварот ФК Работнички АД – ФК Пелистер АД од 28. Коло во Прва МФЛ се казнува со забрана на настап од (1) еден натпревар од страна на дисциплинска комисија на ФФМ.
Дардан Мифтари – тренер на голмани на ФК Струга Трим Лум исклучен на натпреварот ФК Струга Трим Лум АД – ФК Гостивар АД од 28. коло во Прва МФЛ се казнува со забрана на вршење на функција во траење од 1 (еден) месец;
Небојша Василевски – физиотерапевт на ФК Гостивар АД исклучен на натпреварот ФК Струга Трим Лум АД – ФК Гостивар АД од 28. коло во Прва МФЛ се казнува со забрана на вршење на функција во траење од 1 (еден) месец;
Карчески Даниел – фудбалер на ФК Пелистер АД исклучен на натпреварот ФК Работнички АД – ФК Пелистер АД од 28. коло во Прва МФЛ се казнува со забрана на настап од 1 (еден) натпревар од страна на дисциплинска комисија на ФФМ;
Диата Ассане – фудбалер на ФК Гостивар АД исклучен од натпреварот ФК Струга Трим Лум АД – ФК Гостивар АД од 28. коло во Прва МФЛ се казнува со забрана на настап од 4 (четири) натпревари од страна на дисциплинска комисија на ФФМ;
Аосман Аиас – фудбалер на ФК Гостивар АД исклучен од натпреварот ФК Струга Трим Лум АД – ФК Гостивар АД од 28. коло во Прва МФЛ се казнува со забрана на настап од 4 (четири) натпревари од страна на дисциплинска комисија на ФФМ“.