Црна хроника
Кривична пријава против скопјанец за фалсификување исправа

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Т. (33) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело фалсификување исправа по член 378 од Кривичниот законик.
Пријавениот, во својство на управител и сопственик на правно лице од Скопје, во текот на декември 2022 година набавил фалсификувано уверение за платени даноци и придонеси и го пуштил во правен промет преку електронскиот систем за јавни набавки во ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести како прилог на тендерска документација по претходно објавена отворена постапка за доделување договор за јавна набавка на стоки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тротинет удри во жена во Скопје, со тешки повреди заврши на комплексот клиники

Тротинет управуван од 33-годишник (Е.Т.) удри во жена со иницијали Р.М.(73) – и двајцата од Скопје, објави МВР.
Несреќата се случила вчера на булеварот Свети Климет Охридски.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.М., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид.
Црна хроника
Возел „ауди“ со 114 километри на час на место на кое е дозволено 50 километри на час: уапсен 18-годишен штипјанец

Вчера во 15.00 часот на улица „Железничка“ во Штип, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип го лишиле од слобода 18-годишниот И.П. од Штип.
При контрола на патниот сообраќај било констатирано дека управувал патничко моторно возило „ауди“ со брзина од 114 километри на час на место каде што дозволената брзина е 50 километри на час.
Против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Топ
Уапсен 19-годишник по сообраќајната несреќа во Скопско каде загина малолетничка

Вчера околу 17.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат село Патишка река – село Осинчани, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од У.О.(19) од с.Студеничани, скопско и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.А.(29) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од патничкото возило „мерцедес“, која била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде починала. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата е предадено на обдукција.
Со телесни повреди се здобиле возачот Ф.А., сопатничката Р.А.(24) и уште една малолетна сопатничка, двете од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, како и возачот У.О., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, а У.О. бил лишен од слобода по член 300 став 2, а во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик, По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.