Македонија
(Фотогалерија) „Ако е вака сега, што ќе биде викендов“ – Охрид веќе е полн со туристи, а не е ниту шпицот на сезоната
Охрид уште на Петровден и пред шпицот на сезоната е полн со туристи.
Улиците се раздвижени со народ, а граѓани коментираат дека ако уште во четврток има гужва можат да замислат што ќе биде петок и сабота, со оглед на топлотниот бран што ја зафати земјава.


Денски плажите не биле исполнети, но затоа вечерва кафулињата и рестораните во центарот се преполни.
Голема раздвиженост има низ Старата Чаршија.

Главните настани почнуваат од 20 јули, а траат се’ до почетокот на август. Доаѓаат српски ѕвезди, но и светски музичари. Закажани се низа фестивали.
Годинава за разлика од лани дел од плажите се уредени и дадени под концесија, а додека на слободните кои се поатрактивни за повозрасните и натаму може да се седи со пешкир, столче и чадор од дома.

Од вчера отворен е најголемиот културен настан Охридско лето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

