Свет
Орбан: Мир ќе завладее веднаш ако тоа го сакаат Американците
Конфликтот во Украина ќе заврши веднаш штом тоа го посакаат САД бидејќи Украина го загуби својот суверенитет, изјави унгарскиот премиер, Виктор Орбан.
„Мирот ќе завладее веднаш ако тоа го сакаат Американците. А зошто Американците не го сакаат тоа, тоа е прашањето за кое размислува целиот свет. Украина, всушност, го загуби својот суверенитет – нема пари, нема воена индустрија, нема сопствен воен производствен капацитет. Украина добива пари главно од САД, воени ресурси и од Американците и Западот“, истакнува Орбан.
Како што додава, ако во Вашингтон рекле дека сакаат мир кога повикувале на прекин на огнот и преговори, „тоа би се случило следното утро“.
„Ниту на самитот на НАТО не добивме одговор зошто Американците не го сакаат тоа“, изјави Орбан за радиото „Кошут“.
Претходно, Орбан рече дека мирот во Украина може да се постигне само по преговорите меѓу Русија и САД, а Европа ја пропушти шансата да биде посредник бидејќи не успеа да обезбеди спроведување на договорите од Минск.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Песков: Русија покажа способност да одговори на акциите на Западот
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија покажала способност да одговори на акциите на Западот со употреба на балистички ракети и оцени дека американската администрација во заминување продолжува да го следи патот на ескалација на конфликтот во Украина.
„Гледаме дека администрацијата во заминување на американскиот претседател Џозеф Бајден претпочита да оди понатаму по патот на ескалацијата и тоа го прави со прилично непромислена ескалација“, им рече Песков на новинарите.
Според неговите зборови, рускиот претседател Владимир Путин бил и останува отворен за контакти во врска со решавањето на украинскиот конфликт и транзицијата кон мирен пат.
Свет
(Видео) Евакуиран аеродромот „Гетвик“, лондонската полиција го истражува безбедносниот инцидент
Лондонскиот аеродром „Гетвик“ е евакуиран, а на патниците им било кажано да „излезат веднаш и да се држат настрана“ додека полицајците го истражуваат безбедносниот инцидент.
Голем дел од јужниот терминал на аеродромот е евакуиран, а на патниците им е забранет влезот, објави британскиот весник „Сан“.
❗️London Gatwick Airport’s South Terminal Evacuated Due To ‘Security Incident’
📹 @SportsProNick pic.twitter.com/1SD5Bi8Y7S
— RT_India (@RT_India_news) November 22, 2024
Од аеродромот соопштија дека евакуацијата била мерка на претпазливост додека полицајците истражуваат безбедносен инцидент.
И Амбасадата на САД во Лондон е затворена поради безбедносна тревога.
Регион
Падна снег, дува силен ветер: делови од Хрватска без струја, автопатот затрупан
Снег паѓа во Горски Котар и Лика и во делот на континентална Хрватска – од Загорје, Меѓумурје до Славонија. Силен ветер дува на Јадранот, во Риека ветерот урива дрвја и телефонски столбови.
Поради снегот, во Горски Котар и Лика во моментот нема слободен патен правец од внатрешноста кон Далмација, Риека и Истра и обратно за камионите со приколки и сите други возила што немаат зимска опрема.
Поради ветерот, на автопатот А7 Рупа – Крижишќе сообраќајот е забранет за автобуси, мотоцикли и возила со камп-приколки.