Регион
Захарова: Вучиќ беше во право

Во контекст на непримањето на Украина во НАТО, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, го спомена и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Таа за телевизијата „Русија 24“ изјави дека претседателот на Украина, Володимир Зеленски, не треба да се грижи за тоа што Украина не е примена во НАТО, туку затоа што неговата земја се распадна.
Таа се осврна на изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој го советуваше Зеленски да не се грижи за фактот дека нема конкретен план за влез на Украина во НАТО и додаде дека Западот подготвува „големи и прекрасни работи за Украина на крајот на година“.
„Според мене, тој е во право дека Зеленски, веројатно, најмалку треба да биде загрижен поради тоа што Украина не е примена во НАТО. Тој има многу други, поважни причини за вознемиреност – тој веќе нема држава, нема народ, нема индустрија, нема производство, нема политички партии, граѓанско општество, воопшто нема слободи“, коментира Захарова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Ужас во Јагодина: Внук ги заклал бабата и дедото и избегал

Двојно убиство се случило во близина на Јагодина. Според првичните информации М.М. (39) ги заклал бабата Р.Ж. (76) и дедото Р.М. (79) и избегал. Неофицијално, убиството се случило во селото Богава, општина Деспотовац, а телата на сопружниците биле пронајдени рано утрово во семејната куќа.
Полицијата е на местото на настанот и во тек е истрага, а пристигнати се и обвинителот на Вишото јавно обвинителство во Јагодина.
Регион
Шеќеринска: НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во БиХ

Заменичката на генералниот секретар на НАТО, Радмила Шеќеринска, денес изјави дека алијансата нема да дозволи безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина, откако српскиот лидер Милорад Додик објави дека ќе побара од Москва да ја прекине воената мисија ЕУФОР во таа земја.
Шеќеринска изјави дека НАТО е „трајно посветен на суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина“.
Таа додаде дека НАТО нема да дозволи дестабилизација во Босна и Херцеговина, соопшти канцеларијата на бошњачкиот член на колективното претседателство на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ, кој се сретна со претставничката на НАТО.
„Без оглед на исходот од претстојната седница на Советот за безбедност на ООН, НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина“, рече Шеќеринска.
Регион
Албанска министерка го разреши својот заменик поради непочитување на забраната за пушење

Министерката за внатрешни работи на Албанија, Албана Кочиу, го разреши својот заменик поради непочитување на забраната за пушење во ресторан во САД, објавува „Спутник“.
Таа потврди на социјалните мрежи дека го сторила тоа врз основа на пријавата на албански државјанин кој живее во Њујорк, каде што бил во посета нејзиниот заменик Анди Махила. Како што изјави, тој пушел цигара во ресторанот „што предизвикало немир кај присутните“.
Албана Кочиу е првата жена на чело на полицијата во историјата на Албанија, а во претходната влада беше министерка за здравство.
Фото: принтскрин