Македонија
Сите „борби“ на Арсовска – од министер до метач
„Време е да се одбере – празни ветувања или способни и исполнителни личности кои нема да потпаднат под политички притисоци и нема да се откажат од својата визија“ – рече Данела Арсовска кога ја поднесе својата кандидатура за градоначалник на град Скопје. Таа го победи својот против-кандидат, Петре Шилегов на локалните избори во 2021 со речиси 30 илјади гласови плус.
Набрзо по стапувањето на функцијата, одржа брифинг со новинарите на кој рече дека постојано е мета на закани. Се пожали дека одредени луѓе ѝ се закануваат за да им бидат простени криминали и злоупотреби, но не кажа кои се тие. На прашањето дали пријавила во полиција, таа одговори: „Каде да пријавам? Таму каде што треба да пријавам јас сум си пријавила. Ако треба да пријавувам закани, секој ден, по цел ден ќе треба да бидам во полиција“.
11 месеци соработуваше со градоначалниците од општините, како и директорите од ВМРО-ДПМНЕ. Заедно одеа на започнување на нови проекти, реконструкција на стари или увид во веќе започнати. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, дури ветуваше проекти во нејзино име. Па така, најавуваше дека биле во преговори со светски компании за набавка на 100 електрични автобуси за Скопје, а една од компаниите сакала да отвори и фабрика за производство на автобуси во главниот град.
Големиот пресврт се случи на 12 септември лани, кога Арсовска го разреши директорот на Водовод, Златко Перински, поради, како што рече, самоволие и несоодветно постапување за милионски тендер за пречистителната станица во Скопје. По 3 дена на седницата за советнички прашања скопската градоначалничка и советниците кои се поддржуваа и фалеа, сега се караа и навредуваа. Се обвинуваа меѓусебно за провизии од тендерот од 136 милиони евра. „Кога ви го фатив рачето во медот не ви чинам. На вашиот шпицен градоначалник сакам да му кажам да се бореше против власта и штетните договори ќе ја спасеше Македонија. Нека не ми се заканува, нека дојде”, рече Арсовска.
По разрешувањето на Перински, сите директори од ВМРО-ДПМНЕ самите си поднесоа оставки од функциите, а Данела стави кадри од ГРОМ, припадници на „огнените“ и други политички партии. Фотелјата ја напушти и заменик-градоначалничката на Град Скопје, Бујаре Абази, од Алијанса за Албанците, а на нејзино место дојде Александар Трајановски кој на секое излегување на говорница ги навредува советниците доколку упатат критика кон Арсовска.
„Драма“ имаше и со претседателот на советот, Трајко Славески. Откако му го укина копчето за вклучување и исклучување на тонот од говорница, тој на сите им нареди да зборуваат од место. Потоа Арсовска со поставен подвижен микрофон отиде на говорницата и му рече на Славески дека е Хитлер и крадец. „Господине Хитлер не ви доликува ова што го правите. Вие го кршите деловникот и сте крадец. Немате никаков интегритет”, рече Арсовска. Тој и рече да седи во „магарешка клупа“ и ја прекина седницата.
Оттогаш Арсовска ретко се појавува на седниците на Град Скопје, а кога доаѓа, од говорница редовно употребува метафори и се кара со присутните. На последната седница на која беше дојдена, на советничката од СДСМ, Љубица Јанчева и рече „вие ако се уличарка, ние не мора овде да ве трпиме“, а за Мицкоски рече дека е „рекет број 1“.
Градоначалничката се искара и со претставниците на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, проектантите на Универзална сала и со министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. На прес-конференцијата на која требаше да се бара чаре за Универзална, при доаѓањето, на поздравот од министерката Костадиновска-Стојчевска за добредојде, Арсовска ѝ рече „За разлика од вас на нас не ни е страв да дојдеме на покана“. Објектот на Универзална се распаѓа седум години. Реконструкцијата ја започна Шилегов и требаше да оди во две фази, а за првата Владата му даде на Градот 2 милиони евра. Градежните работи ги стопираше Данела бидејќи проектот бил небезбеден, а советниците не дадоа согласност објектот да се предаде на Владата за да го санира.
Арсовска не сакаше да го преземе парното во Скопје. Откако регулаторната комисија ја одзеде лиценцата на БЕГ, на распишаниот оглас за преземање на топловодната мрежа не се пријави „Градски енергетски системи“ (ГЕС) – акционерско друштво кое го формираше претходниот градоначалник токму за оваа намена. Парното го преземе државната ЕСМ, а министерот за економија, Крешник Бектеши, рече дека Арсовска нема капацитет да го реши проблемот. Таа, пак, му возврати: „Ако треба да бидам и министер за економија, Бектеши нека си даде оставка. Да потсетам, министерот кој се сликаше со дониран зејтин кој не можеше сам да го обезбеди, нема право да зборува за туѓа способност“. АД ГЕС лани во август остана без вработени бидејќи сите три месеци не земале плата. Се очекува на следниот состанок акционерите да донесат одлука за престанок со работа.
Арсовска се скара и со приватните превозници кои 7 месеци не возеа поради долг од 1,5 милиони евра. На почетокот, Арсовска не го признаваше долгот, а бидејќи приватниците не возеа им ги раскина договорите. Директорите на „Слобода превоз“ и „Макескпрес“ не ги примаше на преговори, па тие со денови ги блокираа трите главни крстосници во Скопје. Тогаш Ленин Јовановски, кој и даваше поддршка за време на целата камапања рече: Бев измамен од човек кој што многу перфидно умее да излаже, да заведе и да ти даде лажна надеж. Признавам дека сум изманипулиран и тоа на начин кој им поминува на психопатите. Арсовска бегаше од медиумите со недели, а откако се појави во јавноста рече „Градот Скопје може и без приватни превозници.“ Потоа формирани беа три нови фирми. Со новите директори таа се договори и откако долгот им го исплати тие се пријавија на огласите и повторно со своите стари и нееколошки автобуси сообраќаат низ скопските булевари.
На еден ден прекинаа да возат и автобусите на ЈСП затоа што им доцнеше една плата. Тогаш беше свикана итна седница на која се пренаменија средства и платите на возачите им беа префрлени.
Веќе следниот ден, синдикатот на Водовод најави штрајк затоа што директорот им се заканувал на вработените и им вршел мобинг и притисоци. Најавија штрајк доколку не биде сменет, односно се заканија дека нема да ги поправаат дефектите. Додека течеше помирувачкиот процес, Арсовска го разреши директорот.
Таа го разреши и директорот на МКЦ, Богоев, и го обвини дека ангажирал противзаконски 250 лица како хоноррарци, од кои повеќето биле блиски до ВМРО-ДПМНЕ. „Има и над 90 договори за времено ангажирање на шанкери на кои им биле исплаќани од 300 до 750 евра на месец“, изјави Арсовска. На негово место постави детектив, а Управниот суд пресуди дека назначувањето било незаконско. „Лицето Никола Алексов никогаш не било вработено во Јавната установа Младински културен центар- Скопје што значи дека не бил од редот на вработените за да може да биде избран за вршител на должност директор.“, рекоа од Управен.
Данела се скара и со деканот на градежен, Горан Марковски, кој рече дека мостот Беласица е сериозно оштетен и ќе треба многу време за да се поправи и да биде безбден за користење. „Тој го видел мостот од 50 метри мостот, болен од ковид“, рече Арсовска минатиот месец и најави дека следната недела мостот ќе биде пуштен. Сепак, најоптимистичките најави се дека по Беласица ќе се вози од есен.
Последни во низата се вработените во Комуналец, кои Арсовска ги нарече мафијаши. Од претрпијатието се избракани 70-ина лица за една недела бидејќи земале плата, а не доаѓале на работа. „Откривме луѓе што се во Германија пет години, а примале плата. Некој си ужива и чека џепарлак да му дојде секој први, во месецот, од тоа што е пријавен во некое јавно претпријатие, рече таа. На прес-конференцијата не кажа имиња, оти тоа било личен податок, но документи поднела до МВР и јавното обвинителство. Вчера и од двете институции демантираа дека е поднесена таква пријава.
На последната анкета на ИРИ, само 1% од граѓаните рекле дека се задоволни во целост од работата на скопската градоначалничка.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Густата магла и лизгавиот пат ѝ помогнале на полицијата да го спаси Кајмакоски, тврди извор за српските медиуми
Густата магла и лизгавиот коловоз, по сè изгледа, одиграле клучна улога во спасувањето на Даниел Кајмакоски.
Како што вели извор на Курир.рс, можно е киднаперите, поради намалената видливост, да се дезориентирале и на кружниот тек кај Рума пропуштиле да скршнат во планираниот правец, па продолжиле право и изгубиле контрола над возилото, кое излетало од патот и удрило во банкина.
„Токму тој тек на околности доведе до прекин на нивната намера. Интересно е што киднаперите, заедно со жртвата во автомобилот, успеале да поминат две наплатни рампи – во Шимановци и во Рума. Но ударот во заштитната ограда го запрел нивното бегство. Откако го оштетиле автомобилот, двајцата осомничени, за кои се верува дека се турски државјани, продолжиле да бегаат пеш. Истрагата продолжува, а надлежните ги испитуваат сите околности, вклучително и движењето на осомничените пред инцидентот“, изјавил изворот.
Според досегашните информации двајца странци во ноќта меѓу сабота и недела го пресретнале Даниел Кајмакоски по негов настап во локал во Белградската Бетон хала. Со закана со нож и пиштол му наредиле да влезе во својот бел „волво“, каде што го врзале. Киднаперите од пејачот барале 20.000 евра.
„Прво се обидела да ги запре патрола на сообраќајна полиција во Белград, но откако возачот на ‘волвото’ не застанал, туку дал гас, се активирале алармите. Наскоро некој од блиските на пејачот ја повикал полицијата и пријавил дека ‘исчезнал’. Во потрагата, покрај сообраќајната полиција, се вклучиле и други полициски единици. Белото ‘волво’ било пронајдено на автопатот кај исклучокот за Рума, каде што имало сообраќајна незгода, односно удрило во банкина“, додава изворот.
Полицијата во возилото го пронашла пејачот, кој бил во шок. Киднаперите сè уште се во бегство, а потрагата продолжува.
Македонија
Војници во влага, на перници стари со децении, со прибор стар 20 години и руинирани тоалети – синдикатот алармира по појавата на шуга во велешката касарна
Независниот синдикат на професионални војници, реагира поради појавата на шуга кај новопримените професионални војници во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес, обвинувајќи за катастрофални услови за живот и работа во касарните низ државата.
Оттука посочија дека случајот во Велес е само еден од ретките кои добиле медиумска покриеност, иако слични инциденти се случувале и порано, но останувале тајни.
„Професионалните војници имаат најлоши услови за работа, од нечиста постелнина, неисперена со години, од перници стари по 15-20 години, исто така и за кебињата и чаршавите со години стари и необновени. Просториите каде што спијат војниците се најчесто со влага , со многу инсекти по просториите, храната се дава во нехигиенски услови со прибори стари над 20 години и нејзиниот квалитет е на најслабо ниво, храната е еднолична и недоволна, санитарните јазли се нереновирани и руинирани повеќе од 15-20 години. Професионалните војници многу често работат во услови кога немаат струја во објектите за да се загрејат и техничка вода за да се одржава личната хигиената и хигиената на објектите, ваквите состојби траат со години“, се наведува во соопштението на сидникатот.
Александар Насковски, претседател на синдикатот потенцира дека военото раководство и сите министри за одбрана досега не покажале грижа за војниците, и покрај долгогодишните апели. Според него, се реновираат само просториите на офицерите, а не и објектите каде што живеат и престојуваат 24/7 професионалните војници.
„Со зголемениот буџет согласно барањата на НАТО, треба приоритет да бидат условите за работа и човечкиот фактор, а не само набавки на оружје. Залудно е да се инвестира во опрема ако нема кој да ја користи“, се наведува во соопштението.
Синдикатот го обвинува министерот за одбрана Владо Мисајловски за игнорантски однос, отсуство на социјален дијалог и непочитување на основните човекови права на припадниците на Армијата.
Меѓу причините за растечкото незадоволство ги посочуваат: немање покачување на плати три години поради правни измени, дискриминација и мобинг и масовен одлив на војници.
Синдикатот најавува дека во наредниот период ќе продолжи јавно да информира за состојбите во Армијата низ целата држава.
АРМ и Министерството за одбрана претходно информираа дека двајца професионални војници од велешката касарна се зарезени со шуга. Заразените се дел од 296-темина нови професионални војници кои на 16 јануари положија заклетва.
Од страна на стручните лица на АРМ и Воено-медицинскиот центар (ВМЦ) биле преземени мерки согласно здравствените протоколи за спречување на евентуално ширење на заболувањето. Во касарната бил направен епидемиолошки надзор од страна на ВМЦ и се постапувало согласно препораките на стручните лица.
Македонија
Српската полиција се огласи по киднапирањето на Даниел Кајмакоски: Се трага по двајца осомничени
Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека полицијата трага по две лица осомничени за киднапирање на македонскиот пејач Даниел Кајмакоски, нагласувајќи дека пејачот, кој бил пронајден со врзани раце, е згрижен.
Како што е наведено, по полициска потера, возилото во кое се наоѓале двете непознати лица, било запрено на територијата на општина Рума. Киднапираниот бил затекнат во возилото со врзани раце, додека киднаперите успеале да го напуштат возилото и да побегнат во непознат правец.
Двајцата претходно со нож и огнено оружје го киднапирале Кајмакоски.
Српското МВР потенцира и дека киднапирањето се случило во утринските часови во Белград и дека киднаперите барале пари од пејачот.

