Соопштенија
СДСМ: Дали Мицкоски ќе признае за спорните набавки на автобуси?
„Христијан Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да одговори во кое својствo преговарал со компании за набавка на автобуси и за какви дилови станува збор“, стои во соопштението од страна на СДСМ.
„Затоа што Мицкоски ниту има надлежност, ниту може во име на Данела Арсовска, во име на Град Скопје да преговара и да договара некакви набавки. За набавката на кинеските автобуси денеска има признанија за сторени кривични дела“, додаваат од партијата на власт.
Прашуваат дали Мицкоски ќе признае за спорните набавки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Фестивал на видео игри во Diamond Mall
Од 15 до 19 јуни, сите љубители на видео игри ќе бидат во Diamond Mall каде ќе се одржи специјален фестивал посветен на модерните и ретро видео игри. Фестивалот е во организација на Diamond Mall и ќе има натпреварувачки карактер, со атрактивни подароци за натпреварувачите во различните категории. Посетителите што нема да се натпреваруваат ќе имаат можност да бидат дел од гејминг забавата во посебно опремениот простор со симулатори и конзоли за видео-игри.
На фестивалот во Diamond Mall сите учесниците и љубителите на видео-игрите ќе можат да се забавуваат и натпреваруваат, а меѓу игрите што ќе ги понуди фестивалот се оние од „PlayStation“ и „Nintendo“, но и ретро видео-игрите како „Super Mario“, „Pack-Man“, „King Kong“ и сл. Понудата е дополнета и со опции за натпреварување и забава, преку практикување фудбалски вештини.
За најуспешните учесници на фестивалот на видео-игри, Diamond Mall ќе обезбеди подароци ќе ги додели познатиот македонски актер, познат љубител на видео игри и програмер Гораст Цветковски, а доделувањето ќе се одржи на 19 јуни 2024, на последниот ден од фестивалот.
Настанот е дел од низата активности што Diamond Mall ги нуди на своите посетители, овозможувајќи им нови и поинакви искуства, кои се комплементарни со останатите содржини на трговскиот центар. Благодарение на ваквиот уникатен концепт, Diamond Mall прерасна во една од омилените дестинации за сите жители и посетители на главниот град.
ПР текст
Соопштенија
Компанијата „Зегин“ ги обедини граѓаните во хуманитарна трка
Во неделата во Општина Аеродром се одржа “Хуманитарната Трка Зегин Спектратон- Трка на херои во сите бои”.
Трката беше во организација на компанијата Зегин и Фондацијата Д-р Верица Механџиска, а средствата собрани од сите котизации на пријавените учесници ќе бидат донирани во Здружението “Во мојот свет”, за реконструкција на првиот регионален социјален клуб за адолесценти со аутистичен спектар.
Повеќе од 1800 граѓани трчаа во име на хуманоста, љубовта и свет еднаков за сите.
Трките беа поделени во неколку категории:
Трка на 10км
Трка на 5км
Штафетна трка 2х5км
И детски трки од 150, 300 и 500м.
За сите пријавени учесници следуваше богат пакет, а за најдобрите имаше и награди во сите категории.
Тркачите имаа задоволство да трчаат по сертифицирана патека, а сите посетители уживаа во забава, музика, игри за најмалите и освежување.
Ваквите настани се показател дека општествената одговорност треба да биде важен сегмент на сите компании и поединци кои можат во голема мера да помогнат за подобрување на квалитетот на животот на оние на кои им е најпотребно.
ПР текст
Соопштенија
Потпишување на нова соработка: клиентите со која било полиса за осигурување склучена преку „MintIns“ ќе добијат членство во „Interdomestik“
На 04.06.2024 година во 11.00 часот, најавено е потпишување на соработката помеѓу „MintIns“ и „Interdomestik“. Настанот ќе се случи на Уу. Димитрие Чуповски 22, Дебар Маало – О. Центар, Кај Круг (Радио Бар).
Ова ново партнерство означува добра пресвртница во осигурителната индустрија, носејќи придобивки за осигурениците.
Соработката помеѓу „MintIns“ и „Interdomestik“ гарантира дека клиентите со која било полиса за осигурување склучена преку „MintIns“ сега ќе добијат членство во „Interdomestik“. Ова членство обезбедува сеопфатна помош и го олеснува добивањето на побарувањата, нудејќи бројни придобивки, вклучувајќи:
– Бесплатна консултација за утврдување на правната основа за надомест на сите видови штети
– Процедури за надомест на штета од осигурителната компанија
– Бесплатна категоризација на повреди од сообраќајни незгоди од независен лекар-цензор
– Алтернативна пресметка за материјална штета во однос на проценката на осигурителната компанија.
– Определување коефициент на инвалидност во случај на несреќа
– Консултации за третман на лице место преку контакт центарот
Дополнителните придобивки за осигурениците вклучуваат:
– Авансно плаќање на трошоците за изготвување на вештачење на штета во вонсудска постапка
– Организирана наплата на штета во судска постапка во случај на неточни понуди
– Авансно плаќање на трошоците за правно застапување во судска постапка
Оваа иновативна соработка е прва од ваков вид помеѓу осигурителен брокер и компанија специјализирана за помош и наплата на штети. Ветува позитивно да влијае на осигурителниот пазар и ќе обезбеди подобрени услуги за сите осигуреници.
Придружете ни се на овој значаен настан и бидете сведоци на потпишувањето на договорот кој најавува нова ера во осигурителните услуги.
Со нетрпение го очекуваме вашето присуство на настанот.
ПР