Свет
Хорор во Калифорнија: жена прегазена од косилка додека лежела во парк, семејството почнува правна битка

Дваесет и седумгодишната мајка Кристин Чавез настрада кога ја прегази косилка додека лежеше во парк во Калифорнија.
Работникот што ја возел косилката, Џон Дир, ја забележал Кристин дури кога ја прегазил.
SWEEPS KILL & MAIM
Christine Chavez, 33, was a beloved mother, daughter, sister & neighbor who was asleep in grass in a park that was an authorized public camping site, until a day or 2 ago❤️🩹
🐮 California woman dead after being runover by lawnmower 🐄 https://t.co/M3qgyEE2Xm
— 🛒 debris field ⛺️ (@RoofLesser) July 17, 2023
Татко ѝ Кристофер Чавез рече дека можел да види само делови од нејзиното тело на местото на несреќата.
„Таму имаше многу нејзини останки. Беше страшно“, рече тој.
Кристин ја остави својата деветгодишна ќерка.
Компанијата сопственик на паркот, винарницата „Е&Ј Гало“, излезе со официјално соопштение во врска со смртта на Кристина.
„Се случи несреќа, во која работникот не ја забележал жртвата бидејќи не се гледала, лежела во високи треви. Штом сфатил што се случило, тој повикал полиција, која, за жал, можела само да ја констатира смртта“, се вели во соопштението.
Сепак, семејството на Кристина смета дека таа била убиена од невнимание. Според нејзиниот братучед, Хозе Зермењо, кој има искуство со вакви машини, невозможно е да не се обрне внимание „на она што е пред вас додека ја косите тревата“ и додаде дека целото семејство ќе почне правна битка за убиството на Кристина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пристигна првата реакција на Кина на израелскиот напад врз Иран

Кина изрази длабока загриженост поради нападот на Израел врз Иран, предупредувајќи за можните сериозни последици што конфликтот би можел да ги предизвика во регионот.
„Кина се спротивставува на какво било кршење на суверенитетот, безбедноста и територијалниот интегритет на Иран, како и на дејствија што дополнително ги влошуваат тензиите или го прошируваат конфликтот“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џиан.
„Ненадејното повторно оживување на тензиите на Блискиот Исток не е во интерес на ниту една страна. Кина ги повикува сите вклучени страни да дејствуваат во насока на мир и стабилност и да избегнат понатамошна ескалација“, додаде тој, нагласувајќи дека Пекинг е подготвен да игра конструктивна улога во смирувањето на ситуацијата.
Кина е еден од клучните економски и политички партнери на Иран, негов најголем купувач на нафта и постојан критичар на санкциите на САД.
Свет
Иран бара итна седница на Советот за безбедност на ОН

Иран побара итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации за да се разговара за израелските напади на терен, соопшти иранската мисија во ОН за CNN.
Во утринскиот израелски напад врз висока локација во Иран, убиени се бројни команданти, научници и цивили, објави иранска агенција.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) претходно објавија дека од Иран кон Израел биле лансирани над 100 беспилотни летала и дека израелските воздухопловни сили (ИРА) ги пресретнале.
Владата на Иран објави дека израелскиот напад врз таа земја, во кој биле убиени неколку ирански генерали, научници и граѓани, докажал дека „нелегитимниот режим“ не почитува никакви меѓународни правила или закон.
Регион
ГЕРБ: Властите во Скопјe треба да ја запрат репресијата врз Бугарите во РСМ

Пратеничката група на ГЕРБ изрази несогласување со пресудата на Основниот суд во Битола против Љубчо Георгиевски. Од собраниската говорница утрово, беше прочитана декларација на оваа тема, објави БГНЕС.
„Овој случај не е изолиран, туку еден од многуте што го потврдуваат прогонот на Бугарите во РСМ.
Од пратеничката група на ГЕРБ-СДС, изјавуваме дека оваа пресуда е целосно неприфатлива и ги повикуваме властите во Скопјe да ја запрат репресијата врз бугарската заедница и врз секој што го брани своето неотуѓиво право да се самоидентификува како Бугарин, изјави Јорданка Фандакова.
Оваа пресуда, според неа, е политички мотивирана, тоа е чин на репресија врз Бугарите во РСМ, чии права се систематски кршени.
„Време е властите во оваа земја-кандидат за членство во Европската Унија да престанат да го негираат постоењето на омраза, како и да престанат со сите дејствија што систематски ја поттикнуваат, особено против Бугарија и Бугарите во РСМ.
Бугарија не може и нема да остане рамнодушна кога нејзините граѓани и сонародници се изложени на неправда поради нивниот идентитет. Љубчо Георгиевски не е сам, целата бугарска држава и народ стојат зад него“, рече Фандакова.
БГНЕС во својот напис потсетува дека Основниот суд во Битола го осуди Љубчо Ѓоргиевски, претседателот на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“, на затворска казна од една година, со услов од две години да не го повтори кривичното дело, предизвикување национална и расна омраза и нетрпеливост, како и ширење расизам и ксенофобија преку компјутерски систем.
Како што пренесува медиумот, бугарското Министерство за надворешни работи, вчера ја оцени казната како апсолутно неприфатлива.