Македонија
Герасимовски: Секоја недела килограм овошје од прва класа за сите деца запишани во градинка
Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство и за труд и социјална политика, Љупчо Николовски и Јованка Тренчевска, ја посети градинката „Кочо Рацин“, објект „Панорама“, од каде што ја почнуваат кампањата на МЗШВ – „Здрав оброк за секое дете“. Општина Центар е првата општина што поведе иницијатива за здрави оброци во градинките и училиштата.
„Овошјето е неизбежна ужинка за сите деца во развој. Токму затоа ме радува што дечињата ќе јадат проверени и безбедни домашни овошја од прва класа произведени во нашите овоштарници и од нашите земјоделци. Мило ми е што кампањата ‘Здрав оброк за секое дете почнува од наша центарска градинка и што при делењето дечињата ќе се запознаат со витамините на овошјата и со бенефитот од нивното јадење. Важно е овошјето и зеленчукот да бидат вклучени во секојдневното детско мени уште од рана возраст. И ние токму тоа се обидуваме да направиме, да стекнеме здрави навики за здрава и квалитетна исхрана за дечињата“ , изјави Герасимовски.
Проектот „Здрав оброк за секое дете“ во Општина Центар се реализира втора година по ред преку програмата на МЗШВ и партнерство на МТСП за поддршка на откупот за овошје, зеленчук, млеко и млечни производи произведени од земјоделците. Преку овој проект секое запишано детенце во градинка еднаш неделно ќе добива по еден килограм македонско овошје – кајсии, праски, сливи, круши и јаболка од прва класа.
Покрај делењето здрави оброци за дечињата во објектот „Панорама“ во градинката „Кочо Рацин“, беше организирана и креативна работилница во која градоначалникот Герасимовски и министрите Николовски и Тренчевска подготвуваа разни производи од овошје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Досега подигнати се над 45 илјади ваучери за електронски уреди за студенти
Премиерот Христијан Мицкоски денеска исткна дека се подигнати над 45 илјади ваучери од 15.300 денари за студентите на додипломски студии за набавка на електронски уред – лаптоп, таблет или персонален компјутер. Посочи дека искористеноста е околу 99 проценти.
За ваучер од 250 евра од ноември до декември можеа да аплицираат студенти до 29 години, кои имаат запишано семестар во учебната 2025/2026 на додипломски студии на државните или приватните факултети.
– Отприлика 45.000 – 45.600 ваучери се подигнати, а околу 99 проценти и повеќе се искористени. Околу 44.5 илјади се искористени. Како Влада изминативе 20-ина месеци сме ги регулирале сите односи со сите структури од општеството на кои Владата треба да им излезе во пресрет – на студентите им се покачени стипендиите, се реновираат студентските домови и ученичките домови, се обезбедуваат 15.300 денари за електронски уреди. Дали тоа е доволно? Не. Можеби треба повеќе, но толку можеме во моментов. Порано ни тоа не било. За сите, без да ограничиме дали се студенти на државни или на приватни универзитети. Пораснаа пензиите линеарно, сега во април 7 илјади денари, нешто што досега не било овозможено, рече Мицкоски по пуштањето во употреба на реконструираната гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ во Општина Тетово.
Премиерот нагласи дека комуникацијата на Владата со сите целни групи е на високо ниво и досега, рече, немало толку голема испорака од ниту една Влада,
-Буквално со сите целни групи со кои Владата комуницира и со кои држи релација, навистина имаме односи кои никогаш порано не биле на толку високо ниво и немало толку голема испорака со ниту една Влада. Оваа Влада тоа го направи за само 20 месеци. Дали е доволно? Не. Треба повеќе? Треба. Се сложувам, секогаш треба повеќе. Но, дали е подобро од порано? Можам да кажам дека неколку пати е подобро, рече Мицкоски.
Македонија
Во текот на ноќта и утре повремени врнежи од дожд
Под влијание на циклонска активност во текот на ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.
Како што соопшти УХМР, пообилни врнежи ќе има во југоисточните делови од земјата – над 20 литри на квадратен метар. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, врнежите ќе преминат во снег во повисоките, како и во некои од пониските места.
Во Скопје во текот на ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд. На околните планини врнежите ќе бидат од дожд и снег.
Македонија
По 8.000 денари за секое бебе во општина Аеродром
Секое семејство со живеалиште во Општина Аеродром кое во текот на 2026 година добило новороденче или посвоило дете до една година, ќе добие еднократна парична помош во износ од 8.000 денари.
-Оваа мерка е наменета како практична поддршка за семејствата, особено во првите месеци од грижата за детето. Општина Аеродром останува посветена на семејствата и на децата, со љубов и внимание кон најмалите, создавајќи средина каде што тие можат да растат среќни, сигурни и поддржани, соопшти Општина Аеродром.

