Регион
Познати клучните прашања на кои ќе одговара момчето убиец од Белград
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/05/Untitled-7.jpg)
К. К. (14), момчето осомничено за масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“, во моментот е на распит по наредба на Вишото јавно обвинителство, а сведочи во постапката против својот татко Владимир Кецмановиќ, кој се товари за тешко кривично дело против општата безбедност.
Како што дознава српски „Телеграф“, петте прашања на кои треба да одговори се:
1. Дали татко му го малтретирал?
2. Каков бил односот во семејството помеѓу мајката, таткото и сестрата?
3. Дали татко му го носел на стрелиште?
4. Дали го учел да пука?
5. Дали му ја дал шифрата на сефот со пиштолот?
Се сомнева дека Владимир Кецмановиќ го чувал оружјето нерегистрирано, како и дека го обучувал својот син како да го користи.
Вишиот суд му го конфискува имотот на таткото на момчето осомничено дека го изврши масакрот во „Рибникар“.
На Владимир Кецмановиќ, таткото на момчето К. К., кое е осомничено за масовното убиство во ОУ „Владислав Рибникар“, Вишиот суд во Белград привремено го одзеде за да не може да го продаде тоа што го има, што е направено по предлог на оштетениот. Одземени ствари се:
– стан во Белград;
– одредени делови од деловен простор во Белград;
– патничко моторно возило.
Привремените мерки може да траат до конечното завршување на кривичната постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
Вучиќ го посети повредениот полицаец, му честиташе за неговата смиреност и храброст
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/Vucic.jpg)
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска го посети повредениот припадник на Жандармеријата Милош Јевремовиќ (34), кој откако беше ранет од самострел, беше опериран и е во стабилна состојба.
„Пресреќен сум што Јевремовиќ Милош се чувствува добро по операцијата. Му честитав на Милош за неговата извонредна храброст, неговата смиреност и успешно завршената задача во борбата со терористот. Србија нема да има милост кон терористите“, напиша Вучиќ на фотографијата со ранетиот полицаец.
„Им честитам на командирите и на сите во полициските сили за исклучителното однесување на Милош Јевремовиќ, ќе му се оддаде почест штом ќе ја напушти болницата. Важно е што нашиот херој Милош е жив и здрав, покажа како треба да се реагира во таков момент“, изјави претседателот на Србија.
Непознато лице денес со самострел тешко го рани припадникот на жандармеријата кој бил на должност да ја обезбедува израелската амбасада.
Припадникот на жандармеријата употребил оружје во самоодбрана и го победил напаѓачот, кој од здобиените повреди починал.
Министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека во Белград е уапсено уште едно лице под сомнение за терористичко здружување.
„Во Белград е уапсено уште едно лице осомничено за терористичко здружување. Станува збор за лице од Белград, родено 1999 година, кое веќе беше уапсено пред две години бидејќи бил администратор на неколку милитантни групи на Интернет кои повикувале на џихад“, соопшти Дачиќ.
Тој објасни дека случајот против него и понатаму се води, а тој е пуштен од притвор.
Регион
Голем шумски пожар на планина во северниот дел на областа Атика
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2020/07/Screen-Shot-2020-07-16-at-6.49.52-PM.png)
Голем шумски пожар избувна на планината Парнита во северниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина. Интервенираат противпожарни сили од копно и воздух, а силниот ветер дополнително го отежнува гаснењето, додека пак, иако пожарот е во планински дел, сепак од бројот 112 за итни случаи е испратена порака до жителите на околните населени места да бидат во состојба на готовност за евентуална евакуација.
Во гаснењето помагаат волонтери, цистерни и камиони од периферијата Атика и војската.
Планината Парнита беше зафатена од големи пожари лани во август, како и во текот на летото во 2021 година.
Регион
Непознато лице тешко рани припадник на жандармеријата пред израелската амбасада во Белград
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/07/policija-belgrad.jpg)
Непознато лице, чиј идентитет се утврдува, со самострел тешко ранил припадник на жандармеријата кој бил на должност да ја обезбедува израелската амбасада.
Вицепремиерот на Србија и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ го посети повреден припадник на Жандармеријата. Дачиќ претходно изјави дека неидентификувано лице, чиј идентитет се утврдува, денеска околу 11 часот пукал со самострел во припадник на жандармеријата и го ранил во вратот.
Припадникот на жандармеријата М.Ј. (1990) употребил оружје во самоодбрана и го победил напаѓачот, кој од здобиените повреди починал.
„Специјалното обвинителство го презеде случајот, иако идентитетот на лицето не е утврден, но нема сомнеж дека се работи за терористички акт насочен и против државата Србија и против припадниците на Жандармеријата. Дали поединец делувал сам или групно ќе дознаеме наскоро… Превентивно уапсивме други лица кои беа во близина на полицискиот објекти. Некои сомнежи се веќе присутни и има индиции дека се работи за луѓе кои се познати на безбедносните служби и се работи за вахабистичко движење, но тоа не е потврдена информација. Ги зајакнавме сите безбедносни мерки во градот. Напаѓачот имал и нож. Заклучокот е дека станува збор за терористички напад во кој се вклучени лица кои имаат врски со вахабистичкото движење“, рече министерот Дачиќ.