Црна хроника
Автомобил во Гостиварско удри во електричен тротинет: малолетник тешко повреден

Малолетник од Гостиварско тешко повреден кога бил удрен од автомобил во моментот ддодека управувал електричен тротинет.
Вчера, во 13 часот, во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар – с. Чегране, патничко моторно возило „фолксваген пасат“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Џ. Б. (34) од с. Чегране, удрило во електричен тротинет, управуван од малолетник од истото село.
Во несреќата малолетникот добил тешки телесни констатирани во болницата „Ферид Мурад“ во Гостивар.
Извршен бил увид од екипа на ОВР Гостивар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Малолетничка истепала соученичка на улица во Струга

Во ОВР Струга вчера во 18:00 часот е пријавено дека на улица „Партизански одреди“ во Струга, малолетничка го нарушила јавниот ред и мир со физички напад врз соученичка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе следува соодветен поднесок, информираат надлежните.
Топ
Охриѓанец паднал од третиот кат на зградата во која престојувал

Вчера во 19:38 часот во СВР Охрид е пријавено дека К.Д.(53) од Охрид паднал од третиот кат од зградата каде престојувал на улица „Даме Груев“ во Охрид.
Со возило на Итна медицинска помош е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Предизвикале пожар крадејќи бакар: кривични пријави за малолетник и уште двајца кумановци

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.Р.(29), А.А.(28) и 14-годишник, сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,предизвикување општа опасност’’.
Имено на 13.07.2025 на место викано ,,Бавчи’’ во Куманово, пријавените запалиле кабли со цел вадење бакар, при што огнот се проширил и зафатил сува трева во околината.