Европа
(Видео+фото) Трет ден борба со пожарите во Грција: оган на три фронта, избувна и на Родос
Пожарникарите трет ден продолжуваат да се борат со пожарите во Грција на три главни фронта, кои сѐ уште горат во западна Атика, Лутраки и на Родос.
Ноќта беше особено тешка во сите три области, а утрово воздушните средства повторно беа вклучени во борбата со огнената стихија, пренесува „Катимерини“.
´Ετσι για να έχουμε μια εικόνα πόσο «εύκολο» είναι για τα πληρώματα των Chinook και των CL…@HAFspokesperson @HAspokesman @hndgspio #fire #φωτια pic.twitter.com/mfeUI7TcFf
— Kostas Sarikas 🇬🇷 (@SarikasKostas) July 18, 2023
Како што соопшти претставникот на Противпожарната служба, Василис Ватракојани, на три главни фронта дејствуваат противпожарните сили, односно пет авиони и осум хеликоптери се распоредени во западна Атика, четири авиони и три хеликоптери во Лутраки и три авиони и три хеликоптери на Родос.
Најтешка е состојбата во Дервенохорија, каде што пожарот, кој во текот на ноќта беше насочен кон Влихада, сѐ уште е активен бидејќи, и покрај големите напори, пожарникарите се соочуваат со постојани разгорувања и промени во правецот на огнот.
Заменик-градоначалникот за цивилна заштита, Панајотис Коловенџос, соопшти дека изгореле неколку куќи во населбата Неа Зои, а пожарот опасно се приближил до центарот на Мандра.
Пожар почнал и кон рафинерискиот комплекс „Коринт“, каде што биле испратени авиони и хеликоптери за гаснење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Европа
Напаѓачот на Фицо доби мерка притвор за да не побегне и да не го повтори делото
Специјалниот кривичен суд во словачкиот град Пезинок, со силно полициско обезбедување денеска му одреди притвор на 71-годишниот Словак Јурај Цинтула, кој на 15 мај годинава во градот Хандлова со пет истрели го застрела премиерот Роберт Фицо и тешко го рани во стомакот.
Притворот за осомничениот е побаран поради опасност да не избега или да го повтори делото.
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска призна вина.
Адвокатите предупредија дека признавањето на вината е спорно, бидејќи Цинтула веднаш по атентатот и апсењето бил сослушан во шок, без присуство на адвокат.
Европа
Премиерот Фицо уште е во животна опасност, напаѓачот призна вина
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Состојбата на премиерот Фицо и понатаму е сериозна.
Обвинителството вчера побара притвор за 71-годишниот Цинтула поради евентуално бегство или повторување на кривичното дело. Напаѓачот беше спроведен под силно полициско обезбедување, а ниту на новинарите им беше дозволен влез во Судот.
Премиерот на Словачка, Роберт Фицо на 15 мај беше застрелан во градот Хандалова додека се поздравуваше со насобраниот народ. Цинтула веднаш по нападот е приведен.
Тој се соочува со обвинение за обид за убиство од одмазда, за што е предвидена казна од 25 години до доживотен затвор.
Словачките политичари изјавија дека нападот врз Фицо не е политички мотивиран.