Скопје
Осветен камен темелникот на крстилницата во црквата „Св. Јован Крстител“ во Ново Лисиче
Поглаварот на МПЦ-ОА, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, во присуство на ктиторот-семејството Чифлиганец и голем број верници, со света Архиерејска литургија и свечена церемонија, во среда ги освети темелите на новата крстилница во црквата „Свети Јован Крстител“, во Паркот со авион, во Скопје.
Со крстилницата, што ќе се гради со донација на Македонската православна црква и градежната компанија „Адора инженеринг“, ќе биде заокружена архитектонската и религиозна целина на православниот храм, во чиј комплекс има камбанарија и фонтана. Крстилницата што во стилот на црковниот храм ќе се гради на површина од 130 м² со повеќе простории и ќе има продажба на сувенири, икони и свеќи, ќе овозможи достоинствено изведување на свечениот чин на крштевањето на верниците според православните христијански обичаи.Според Архиепископот Охридски и Македонски токму на празникот Свети Јован Крстител, истоимената црква во општина Аеродром доби најубав дар – крстилница, од Чифлиганец, под чие ктирорство црквата Свети Јован Крстител во Ново Лисиче беше изградена и осветена во 2014 година.Ктиторот Ванчо Чифлиганец потенцира дека е горд што со МПЦ и тимот на „Адора инженеринг“ ќе градат крстилница како простор за светиот чин крштевање и примање на христијанската православна вера токму во Општина Аеродром, каде компанијата има изградено 1.500 станови и вдомено толку семејства. Генералниот директор на „Адора инженеринг“,Чифлиганец порача дека целта на оваа мисија е да се зголеми христијанското семејство со нови верници сплотени и обединети со верба во Бога, со единство, меѓусебна љубов, почит и толеранција со другите вероисповеди, кога тоа ни е најпотребно, во ова неизвесно и ризично време во кое живееме./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Бутел утре без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина:
· од 06:00 – 10:00 часот, корисниците од ул. Пајак и ул. Наум Наумовски Борче. (Општина Центар)
· од 08:00 – 12:00 часот, дел од корисниците од ул.Пејо Јаворов (општина Кисела Вода)
· од 09:00-11:00 часот корисниците од улиците со бр. 406 и бр, 408 во с. Марино. (Општина Илинден)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улица со бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улиците Индира Ганди, Брсјачка Буна, Овчеполска, Пелагонија, Демирхисарска, Сландол, Хаџи Јован Шишков,Злетовска, Тиквешка и ул.Нов Живот. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање, порача Герасимовски
Комуналните инспектори и редари на општина Центар спроведуваат засилени контроли на возила кои се непрописно паркирани на јавни и зелени површини.
На секое неправилно паркирано возило ќе биде оставено известување за сторен прекршок, со предвидена казна од 50 евра во денарска противвредност, согласно Законот за комунални дејности и Одлуката за комунален ред на општина Центар.
Сторителот на прекршокот е должен веднаш да го подигне прекршочниот платен налог во Општина Центар, Сектор за инспекциски работи, барака 6А. Доколку казната се плати во рок од осум дена, сторителот плаќа половина од износот.
По истекот на рокот следува целосна наплата, односно се поведува прекршочна постапка пред надлежен суд, извести Општината.

„Редот се спроведува доследно и без исклучоци. Жителите на Центар го бараат тоа од нас. Безбедноста на пешаците и заштитата на јавните и зелените површини ни се приоритет“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.
Општина Центар ги повикува граѓаните да ги почитуваат правилата и да придонесат за подобра урбана и животна средина.

