Скопје
ЈП „Комунална хигиена“ промовираше возила на електричен погон
Возила на електричен погон на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ беа промовирани во понеделник на плоштадот Македонија во Скопје.
„Градот Скопје го продолжува проектот за електромобилност и на него се приклучуваат и јавните претпријатија на Градот кои со набавката на овие електрични возила ќе придонесат граѓаните на Скопје да дишат почист воздух“, рече скопскиот градоначалник Коце Трајановски.Новите возила, како што појасни Трајановски, ќе се користат за чистење, миење и полирање на мермерните плочки на плоштад Македонија, како и за чистење на другите плоштади и пешачките зони во централното градско подрачје.ЈП „Комунална хигиена“ набави две возила на електричен погон- метлачки „Еурека“, едно возило метлачка на електричен погон со моќ на моторите 5-6 kw и едно специјално комунално возило за собирање и транспортирање комунален отпад од садови со капацитет од 120 литри – ѓубретарка, за коишто издвои околу 13, 5 милиони денари. Претходно и ЈП „Градски паркинг“ набави седум електромобили со ретро дизајн, пет елекротротинети, 10 електровелосипеди и уште пет електромобили. Исто така и Градот Скопје набави едно возило на електричен погон, пет електроскутери и пет електровелосипеди коишто ги користат вработените во градската администрација. „Сакам да потенцирам дека сите јавни претпријатија во своите буџети за 2016 година имаат планирано средства за набавка на возила на електричен погон кој ќе ги користи нивната администрација“, истакна градоначалникот Трајановски.Директорот на ЈП „Комуналана хигиена“, Ракип Дочи, посочи дека овие возила се лесни за ракување, не создаваат бучава и не го загадуваат воздухот, што е многу значајно затоа што ќе се користат во делови она градот каде што има голема фреквенција на пешаци. Двете возила на електричен погон- метлачки „Еурека“ се од италијанско производство и се користат за одржување на хигиената на плоштадот Македонија и за другите плоштади, како и за пешачките зони во централното градско подрачје. Една метлачка може да исчисти 8.500 квадратни метри за еден час, а брзината на движење е од 4 до 8 километри на час. За набавка на двете возила на електричен погон ЈП „Комунална хигиена“ потроши 5.750. 000 денари (без ДДВ).Едното возило-метлачка е со моќ на моторите 5-6 kw, во континуирана работа и напојување на батерии од 48V. За набавка на ова возило на електричен погон ЈП „Комунална хигиена“ потроши 3.410.000 денари (без ДДВ).Специјално комунално возило за собирање и транспортирање комунален отпад од садови со капацитет од 120 литри – ѓубретарка со АC електричен мотор со максимална моќност 14 kw, со моќност на батерии од минимум 8,7 kw. Со едно полнење на батеријата возилото може да работи 9 часа. За набавка на ова возило на електричен погон ЈП „Комунална хигиена“ потроши 4.289.000 денари (без ДДВ).ЈП „Комуналана хигиена“ се подготвува да набави и три електромопеди – два од 2,5 kw и еден од 1,2 kw, кој ќе ги користат вработените на ова јавно претпријатие. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




