Европа
Девојче од Флорида добило 800.000 долари од „Мекдоналд“ за изгореници од жешко пилешко

Осумгодишното девојче од Флорида, Оливија Карабало, доби отштета од 800.000 долари за изгорениците што ги добила кога на ногата ѝ паднал пилешки „мекнагет“ од „Мекдоналд“.
Жешкото пилешко ја печело Оливија Карабало во 2019 година, која во тоа време имаше четири години, додека таа ја отвораше својата „среќна кутија“ во „Мекдоналд“ во градот Тамарак, во близина на Форт Лодердејл, Флорида, јавува Би-би-си.
Нејзиното семејство барало отштета од 15 милиони долари. Во мај поротата утврди дека „Мекдоналд“ е одговорен за повредата.
Втората порота во округот Бровард, Флорида, расправаше помалку од два часа во средата пред да донесе пресуда за отштета, според весникот „Сан Сентинел“.
На девојката ѝ беа доделени 800.000 долари отштета за предизвиканата повреда, страдање и ментална болка, што вклучува 400.000 долари за изминатите четири години, како и 400.000 долари за иднина.
Во соопштението, правниот тим на семејството одлуката ја нарече „значајна“.
„Всушност, среќна сум што го слушаа гласот на Оливија и што поротата успеа да донесе правична пресуда. Среќна сум поради тоа. Искрено, немав никакви очекувања, па ова е повеќе од фер за мене“, изјави мајката на девојчето, Филана Холмс, за американските медиуми истакнувајќи дека ќерка ѝ има лузна од изгореница и сака да се отстрани.
Во судот адвокатите на семејството споделија фотографии од изгорениците, како и звукот на вресоците на девојчето по изгорувањето.
„Мекдоналд“ тврдеше дека семејството треба да добие 156.000 долари бидејќи, како што рекоа, нејзината болка престанала откога изгореницата ѝ зараснала за три недели.
„Таа сè уште оди во ‘Мекдоналд“’, рече адвокатот на одбраната Џенифер Милер пред судот, пренесе Си-би-ес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Украина разнесе руски брод што превезувал иранско оружје

Украинските специјални сили извршија напад врз руското пристаниште Оља во регионот Астрахан, погодувајќи брод што превезувал делови од беспилотните летала „Шахед“ и иранска муниција. Се сомнева дека украинските беспилотни летала истовремено нападнале рафинерија за нафта во регионот Самара, објавува „Киев пост“.
Според соопштението од Генералштабот, нападот е извршен во четврток во соработка со Силите за специјални операции и други единици на одбранбените сили, со цел да се намали способноста на Русија да спроведува воздушни напади.
Пристаништето Оља е еден од клучните логистички центри за увоз на воена опрема од Иран. Бродот „Порт Оља 4“, кој наводно превезувал делови за беспилотни летала и муниција, бил погоден. Проценката на штетите е сè уште во тек.
Рано утрово, беспилотни летала од Краснодар нападнаа рафинерија во градот Сизран во регионот Самара. Мештаните пријавија до 10 експлозии од 4 часот наутро, а снимки и фотографии од пожар во објектот се појавија на Телеграм. Руските власти сè уште не ја потврдија штетата.
Украина официјално не коментираше до моментот на објавување.
Руското Министерство за одбрана тврди дека неговата воздушна одбрана соборила 53 украински беспилотни летала преку ноќ.
фото: принтскрин
Европа
Кремљ: Договорен распоредот за разговорите Путин – Трамп, ќе има и прес-конференција

Договорен е распоредот за разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, изјави советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Тој рече дека тоа ќе биде приватна средба, со преведувачи, за време на која ќе се дискутираат чувствителни прашања.
Централна тема на состанокот ќе биде решавањето на кризата во Украина, но двајцата лидери ќе разговараат и за трговската и за економската соработка, рече Ушаков.
Средбата ќе почне во 11.30 часот по локално време, а времетраењето на разговорите ќе зависи од тоа како ќе се одвива дискусијата, рече Ушаков.
На крајот од самитот двајцата ќе одржат заедничка прес-конференција. Трамп и Путин ќе имаат и поширок состанок со делегациите и работен појадок, објави „Скај њуз“.
Европа
(Видео) Зеленски пристигна на средбата со британскиот премиер

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна на Даунинг стрит, каде што беше пречекан од британскиот премиер Кир Стармер, објави „Скај њуз“.
Даунинг стрит не даде многу детали за темите на нивните разговори, но средбата се случува само еден ден пред американскиот претседател Доналд Трамп да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на Алјаска за да разговараат за прекин на огнот во Украина.
BREAKING: Volodymyr Zelenskyy arrives at Downing Street and is greeted by Sir Keir Starmer.
The meeting comes just a day before Donald Trump meets Vladimir Putin in Alaska to discuss a ceasefire in Ukraine.https://t.co/rrfAtUSjPC
📺 Sky 501 and YouTube pic.twitter.com/tk9jzCellw
— Sky News (@SkyNews) August 14, 2025
Двајцата мажи се прегрнаа и се ракуваа игнорирајќи ги прашањата од новинарите пред да влезат внатре, објави „Скај њуз“.
фото: принтскрин