Македонија
Дали Ковачевски се согласил за спојување на концесиите само за човек до ДУИ да наплати повеќе од милијарда евра од буџетот на државата, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Владата дала согласност за спојување на концесиите Иловица-Штука и покрај тоа што знаеле дека граѓаните се против, доколку се раскине Дестани ќе наплати повеќе од милијарда евра државни пари, колку од нив ќе завршат кај Ковачевски и Ахмети?“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, Владата ќе плати повеќе од една милијарда евра на Назиф Дестани и неговата фирма Еуромакс Ресурсис на арбитражен суд доколку владата сега ја раскине концесијата за рудникот Иловица-Штука.
„Владата на СДС и ДУИ и покрај тоа што знаела дека граѓаните од струмичко се против изгрдба на рудник, ја споиле концесијата и дале зелено светло за ископ на бакар и злато.
Назиф Дестани купил удел во Еуромакс Ресурсис откако владата ги споила двете концесии Иловица-Штука.
Дестани близок човек до ДУИ и покрај тоа што немал никакво искуство со ископ на бакар и злато, решил да вложува во отворање на рудник во источниот регион.
Владата на СДС и ДУИ детално ја разработиле цела бизнис зделка и со одлука на влада му дозволиле на Дестани да преземе удели во Еуромакс Ресурсис.
Имено, со самата одлука на владата за спојување на концесиите, Ковачевски и Ахмети знаеле дека граѓаните се против рудник во струмичко, но исто знаеле дека доколку дадат согласност и истата ја раскинат, Дестани по судски пат ќе добие оштета од државата повеќе од една милијарда евра.
Дали Ковачевски се согласил за спојување на концесиите само за Дестани да наплати повеќе од милијарда евра од буџетот на државата?
Колку од тие пари ќе завршат во џебот на Ковачевски, а колку кај Ахмети?
Ковачевски лажеше дека нема да има рудник во локалитетот Иловица. Дури и министерот за економија Крешник Бектеши го демантира Ковачевски кога кажува дека одлуката е јасна и нема повлекување на истата.
Ковачевски и Ахмети се најголеми профитери.
Ковачевски и Ахмети се расфрлаат со парите на граѓаните и се однесуваат недомаќински со државниот буџет.
Владата на СДС и ДУИ работо на штета на граѓаните. Секој ден плус за оваа влада на СДС и ДУИ, губат граѓаните.
Излез од оваа ситуација и одговорност за целиот криминал ќе има по промена на власта“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Почина Панчо Минов, поранешен пратеник и градоначалник на Кавадарци

На 67-годишна возраст денеска почина Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци и поранешен пратеник во Собранието.
Панчо Минов беше дипломиран правник и политичка фигура со повеќедецениско искуство. Тој два пати беше избран за градоначалник на Општина Кавадарци – прво како кандидат на Либералната партија (2000–2005), а потоа како независен кандидат (2005–2009).
Минов имаше и пратеничка кариера, учествувајќи во повеќе состави на Собранието.
Првпат беше избран во првиот повеќепартиски состав (1990–1998), а подоцна повторно стана пратеник преку ГРОМ (2016–2020) и СДСМ (2020–2024).
Македонија
Уште колку луѓе треба да настрадаат за Панче Тошковски да почувствува одговорност, прашуваат од СДСМ

Министерот Панче Тошковски без око да му трепне јавно соопшти дека не чувствува никаква одговороност за колапсот на безбедносниот систем и фактот што на улиците се пука како да сме Див Запад, велат од СДСМ.
Според нив, последиците од партизацијата на полицијата и претоварењето во партиски сервис на ДПМНЕ скапо ги чини граѓаните.
„До кога мисли Тошковски да се криe зад политички реторики додека улиците стануваат небезбедни за граѓаните?
Не е само последното пукање во Куманово, непрекинатиот раст на вооружените и насилни инциденти во различни градови е сигнал за целосно системско потфрлање на безбедниот апарат, нема ниту превенција ниту соодветна реакција.
За тоа мора да има одговорност“, додаваат од оваа партија.
Македонија
Парични казни за три градинки и едно училиште по спроведени инспекциски контроли во кујните

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), во септември годинава спроведоа инспекциски контроли во училишните и кујните во градинките на територијата на цела држава. Спроведени беа 91 контрола во градинки и 23 вонредни надзори во училишта.
За утврдените недоследности, издадени се 9 решенија со наредби за нивно отстранување. Во две градинки, хигиената не била задоволителна во кујните, а една градинка немала спроведено задолжителен здравствен преглед на вработениот персонал во кујните. Парични казни изречени се за 3 градинки, и поради несоодветно чување, уништени се 24 килограми храна.
Од спроведените контроли во училиштата, незадоволителни услови констатирани се само во една училишна кујна. Отстапки во однос на добрата производствена и добра хигиенска пракса утврдени се во две кујни. Поради погрешно декларирање, уништени се 59 килограми храна.
Инспекциските служби на АХВ за утврдените недоследности со контролите во училишните кујни изрекле 1 парична казна и донеле 5 решенија со наредба за нивно отстранување.