Црна хроника
Претрес во Делчево, приведени двајца дилери

На 21.07.2023, полициски службеници од ОВР Делчево ги лишиле од слобода М.К.(19) и еден малолетник, двајцата од Делчево.
Со судска наредба биле извршени претреси во нивните домови. Притоа, во домот на М.К. биле пронајдени и одземени кафеава материја и предмети со остатоци од кафеава материја. Додека, во домот на малолетникот биле пронајдени и одземени неколку пакувања со кафеава материја, две дигитални ваги и други предмети.
Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Млад возач удри пешак во Скопје, во болница е со тешки повреди

На улицата Благоја Стефковски во Скопје, синоќа околу 21 часот се случи сообраќајна несреќа, пришто прегазен е 54-годишен пешак.
Според информацијата од МВР, во пешакот удрил автомобил, управуван од Б.И.(24) од селото Грчец, скопско.
Пешакот е тешко повреден и пренесен во Градската болница „8 Септември“.
Извршен е увид на местото на несреќата.
Црна хроника
Браќа нападнати од група во Гази Баба, оштетен и семејниот автомобил на момчињата

Мајка пријавила дека вчера околу 18.00 часот на подрачјето на Гази Баба, нејзините синови на возраст од 22 и 16 години биле физички нападнати од неколку лица.
Тие употребиле и метален предмет со кој го оштетиле нивното возило.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанка нападната од сопругот со кој се разведува

Четириесет и двегодишна скопјанка од Драчево синоќа била нападната од нејзиниот сопруг во семејниот дом.
Од МВР велат дека двојката е во бракораводна постапка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.