Регион
Родос и Крф во пламен, грчка министерка до туристите: не е страшно, дојдете

Властите денеска евакуираа речиси 2.500 луѓе од грчкиот остров Крф додека пожарникарите се борат со неколку шумски пожари во Грција. Десетици илјади луѓе веќе избегаа од пожарот на островот Родос, а многу преплашени туристи се обидуваат да се вратат дома.
New wildfires have forced evacuations on a second Greek island.
Holidaymakers were forced to leave Corfu overnight after 19,000 people had already fled the island of Rhodes over the last week.
Meanwhile, firefighters are trying to strop the fire from spreading.
For @itvx. pic.twitter.com/K0SvkkOqG4
— Jay Akbar (@JayAkbar13) July 24, 2023
Од недела до понеделник од Крф се евакуирани речиси 2.400 туристи и локални жители, изјави портпаролот на противпожарната служба додавајќи дека тоа е мерка на претпазливост. Грција се соочува со продолжен период на екстремни горештини, што го зголемија ризикот од пожари.
Олга Кефалогјани, грчката министерка за туризам, изјави за Би-би-си дека ситуацијата на Крф не е алармантна и не личи на сцените видени на Родос. „Евакуиравме неколку куќи, но тоа не е ни слично на евакуацијата на Родос“, рече таа. Кефалогјани додаде дека луѓето треба да продолжат да доаѓаат на Крф, како и на Родос.
Соседните земји испратија противпожарни авиони на Родос за да ги поддржат грчките служби за итни случаи во борбата со големиот пожар, изјави портпаролот на противпожарната служба.
Василис Вартакогијанис изјави дека осум авиони, од кои два се од Турција и еден од Хрватска, го гаснат пожарот кај селото Асклипејо. Во гаснењето на пожарот помагаат и дополнителни десет хеликоптери, меѓу кои и три од Египет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Ѓуро Мацут предложен за мандатар на новата влада на Србија

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, соопшти дека за мандатар на новата влада е предложен проф. д-р Ѓуро Мацут.
Вучиќ рече дека новата влада ќе биде избрана до Велики петок и дека ѝ претстојат тешки задачи – дека земјата се спротивставува на сите притисоци во однос на регионалната политика, дека земјата го решава даночното прашање со САД, дека го забрзува европскиот пат, дека во исто време ги зачувува своите традиционални пријатели на истокот и го враќа нивото на инвестиции, и странски и домашни.
Да потсетиме, премиерот Милош Вучевиќ поднесе оставка од таа функција на крајот на јануари, бидејќи сметаше дека е објективно одговорен за нападот врз студентите во Нови Сад.
Српскиот парламент на 19 март ја констатираше оставката на Вучевиќ, со што беше урната актуелната влада на Србија.
Рокот за избор на нова влада е 18 април.
Регион
(Видео) Снежен бран во Црна Гора

Снег паѓа во повеќето градови на северот на Црна Гора, а температурите во некои општини се под нулата.
Како што е објавено на веб-страницата на Заводот за хидрометеорологија и сеизмологија, висината на снежната покривка во Жабљак е два сантиметри, а еден во Рожаје. Според Институтот, снег во моментов паѓа во Никшиќ, Колашин, Плевља и Беране.
Температурите значително паднаа, а најстудено беше во Жабљак, каде во 11 часот беа измерени минус 4,5 степени. Во Колашин температурата е половина степен под нулата.
Од Институтот најавија дека во текот на денот ќе биде умерено облачно со преоден дожд, а на север со лапавица и снег. Поради снегот кој паѓа во Црна Гора сообраќајот се одвива отежнато.
Она што најмногу изненадува е снегот што почна да паѓа над Будва во попладневните часови, во област каде што ретко паѓа дури и во најстудените зимски месеци.
Регион
Силен ветер пренасочи авиони и ги одложи летовите на аеродромот во Дубровник

Пoради силниот ветер што денеска ја зафати областа Дубровник, три авиони кои требаше да слетаат на аеродромот „Руѓер Бошковиќ“ во Дубровник беа пренасочени кон италијанскиот град Бари, додека шест од нив беа пренасочени кон Сплит.
Авионите на EasyJet и British Airways од Лондон и авионите на Ryanair од Берлин беа пренасочени во Бари. Авионите на Ryanair од Стокхолм, Виена и Краков, KLM од Амстердам и Croatia Airlines од Франкфурт и Загреб се пренасочени кон Сплит, а летот на Austrian Airlines од Виена е откажан, објавено е на веб-страницата на аеродромот во Дубровник, Руѓер Бошковиќ.
Голем број летови од Дубровник до европските дестинации се откажани или одложени.