Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Криминогената влада на Ковачевски гласа одлуки за луѓе блиски до ДУИ да се обезбедат со милионски профити на штета на граѓаните
Криминогената влада спојува две концесии и дава дозвола за влез на Дестани во „Иловица“ и покрај тоа што немал никакво претходно искуство со ископ на бакар и злато, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Дестани, човек на ДУИ, платил 7 проценти од висината на концесијата за такса и однапред знаел влегува во сигурна бизнис-зделка.
Криминогената Влада гласа одлуки за луѓе блиски до ДУИ да се обезбедат со милионски профити на штета на интересите и барањата на граѓаните од струмичко.
Криминалот на СДС и ДУИ стигнува во секој дел од државата.
Речиси две недели Владата молчи и мисли дека граѓаните ќе заборават.
Нема ништо од изјавата на Ковачевски дека рудник во Иловица нема да се гради. Напротив, Ковачевски молчи и бега и не бара одговорност од Крешник Бектеши, кој ги излажал министрите на СДС и затоа гласале за спојување на концесиите „Иловица-Штука“.
Со тоа што Ковачевски и Владата дозволиле Дестани да влезе во „Иловица“, а веднаш потоа македонските институции ја вратиле концесијата, покажува дека тие работат по наредба на СДС и ДУИ.
Криминалците од СДС и ДУИ се однесуваат кон државата како да е нивен сопствен бизнис и туркаат одлуки спротивни на интересите на граѓани.
СДС и ДУИ и сите инволвирани ќе одговараат за сиот криминал.
Одговорноста доаѓа по изборите“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

