Македонија
Платформата за родова еднаквост: Заканите за животот не се слобода на изразување, солидарност со активистката и новинарката Рита Бехадини
Платформата за родова еднаквост најостро ги осудува говорот на омраза и заканите кон новинарката и активистка Рита Бехадини и апелира нејзината безбедност да биде загарантирана.
Платформата за родова еднаквост изразува поддршка кон новинарката и активистка Рита Бехадини, која доби експлицитни закани за својата физичка безбедност на социјалната мрежа „Фејсбук“ по објавување на својот став во врска со јавно изнесени сексистички ставови „за местото на жената во општеството“ од страна на оџата.
„Солидарно со Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) бараме итна реакција затоа што заканите за животот се кривични дела опфатени во Кривичниот законик за што е предвидена затворска казна за сторителите. Оттука, МВР и ОЈО имаат обврска веднаш да ги истражат и процесираат овие експлицитни закани и да ги казнат оние што го прекршуваат законот, но и да превенираат вакви кривични дела во иднина. Рита Бехадини го пријави случајот во Министерството за внатрешни работи (МВР) до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, а ние како членки на Платформата за родова еднаквост будно ќе ги следиме активностите што МВР ќе ги преземе.
Според истражувањето на ПИНА, над 81 % од 103 анкетирани новинарки во земјата досега се соочиле со онлајн-вознемирување поради својата работа, најчесто преку социјалната мрежа „Фејсбук“, каде што и Рита ги добива заканите. Содржината на вознемирувањето најчесто претставува говор на омраза, сексизам, шовинизам и закани за животот. Но, проблемот не се само заканите!
Критиката во објавата на Рита се однесува на тоа како патријархалните вредности преку религијата придонесуваат кон нормализирање на родово базираното насилство. Во време кога родово базираното насилство во реалноста останува несанкционирано, дигиталното насилство сè повеќе се зголемува. Така, овие закани се упатуваат со единствена цел да ги уплашат и обесхрабрат оние што се залагаат за подобар свет.
Жените и девојките, кои се гласни во дигиталниот простор за човековите права, често се цел на закани. Онлајн-закана претставува „исказ за намера да се нанесе болка, повреда, штета или друго непријателско дејство“ на лицето кому му е упатен исказот. Покрај заканите со насилство во онлајн-опкружувањето, заканите сè почесто се поврзани со насилството во офлајн-светот – тука спаѓаат заканите со смрт, како и заканите со физичко и сексуално насилство. Заканите за физичко насилство некогаш не се однесуваат само на новинарката, туку го опфаќаат и нејзиното најблиско опкружување, како семејството, пријателите и колешките и колегите во медиумите.
Во последните месеци сме сведоци на многу јавни искази на религиски лидери, кои се полни со говор на омраза насочен кон жените и девојките, активист(к)ите за човекови права, со кои поттикнуваат на родово базирано насилство вршено од нивните следбеници. Овој напад врз Рита е само еден од многуте закани и напади, кои неа лично ја таргетираат, особено поради тоа што е жена што се залага во јавноста за родови прашања. Како Платформа за родова еднаквост ги повикуваме надлежните институции да го процесираат случајот соодветно, да понудат заштита и да превенираат идни закани кон Рита и кон сите други новинарки и активистки, кои се изложени на напади“, велат од Платформата за родова еднаквост.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гужви на границите, Богородица и Меџитлија се блокирани за влез и за излез
Од 11:00 часот сообраќајот на ГП Евзони (Богородица) е блокиран за влез и излез. На ГП Ники (Меџитлија) сообраќајот е блокиран само за товарни возила и автобуси, информира АМСМ.
На ГП Дојран сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет се очекуваат задржувања за влез во државата.
„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничниот премин Дојран, времето на чекање за излез од државата изнесува 30 минути. На граничниот премин Табановце, времето на чекање за излез од државата изнесува 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, информира АМСМ.
Македонија
Наместо текстовите на СДС да им ги пишува Заев од Дубаи, добро е да ги проверат информациите, вели Манасиевски
Наместо текстовите на СДС да им ги пишува Заев од Дубаи, добро е да ги проверат информациите со релевантни и стручни лица, вели Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ, на новинарско прашање дали се точни обвинувањата на СДСМ за злоупотребите на директорот на СОЗР Томовски и каков е ставот на ВМРО-ДПМНЕ на тврдењата дека семејната фирма на Томовски добила 161 тендер во вредност од 5,3 милиони евра?
„Тимот за одбрана на криминалот на Заев и Филипче кои го претставуваат за антикорупциски тим мислат дека сега ја открија Америка. Големото откритие е дека Томовски е донатор на ВМРО ДПМНЕ, како и илјадници други, а податоците се и јавно достапни. Прашањето е каде е тука криминалот? Јасно е дека нема. Наместо текстовите да им ги пишува Зоран Заев од Дубаи, добро е да ги проверат информациите со релевантни и стручни лица. Тие ќе им кажат дека ваквата реторика освен правење на димна завеса за прикривање на криминалот на Зоран Заев, нема никаква друга релевантност“, рече Манасиевски.
Кажа дека е лага дека фирма на Томовски добила милионски тендери.
„Вистината е дека Томовски нема фирма и нема никакви приходи од споменатата компанија која и таа самата тоа го потврди. Втора лага: СДС велеа дека главниот број на фирмата е бројот на Томовски. Вистината е следна: службените броеви на компанијата се други, а личниот број на Томовски е негов со години. Трета лага: СДС тврди дека Томовски бил донатор на ВМРО ДПМНЕ и тоа било потврда дека тој имал бизниси. Вистината е следна: јавен и никогаш скриен податок е дека Томовски е донатор на ВМРО ДПМНЕ, и тоа не значи кршење на било каков закон“, рече тој.
Манасиевски упати прашање до лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дали не е криминал тоа што додека тој бил министер, негов министер и колега вицепремиерот Кочо Анѓушев му ги градел модуларните болници од кои една се запали и загинаа 14 луѓе.
„Кога тимот за одбрана на криминалот на Венко и Заев ќе го испита овој случај? Тоа треба да одговорат“, рече Манасиевски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Државна безбедност и стабилност е првиот стожер од стратегијата Македонија 2030
„Ново поглавје – Стратегија Македонија 2030“ е визија за модерна, стабилна и европски ориентирана Македонија. Стратегијата која е на долг рок, поставува јасен правец и систем на управување што ја заменува импровизацијата со институционална зрелост. Нашата цел е држава што создава стабилност, економска моќ и самодоверба, изјави Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој денеска го презентира, како што кажа, првиот стожер од стратегијата Македонија 2030, а тоа е, државна безбедност и стабилност.
„Во време на сериозни геополитички промени, сајбер-напади и хибридни закани, безбедноста станува основа за секоја друга државна политика. Само држава што е модерна, отпорна и институционално заштитена може да обезбеди развој и стабилност“, рече Манасиевски.
Појасни дека стратегијата за државна безбедност и стабилност се темели на четири приоритети.
„Првиот приоритет е модерна Армија со реални НАТО стандарди. Технолошко унапредување, современи системи на командување и развој на сајбер-одбранбени единици. Армија што навистина го штити државниот интерес. Вториот приоритет е национален модел за сајбер-безбедност. Сајбер-просторот е новото боиште. Потребен е национален центар за дигитална отпорност, јасни протоколи и стандарди што ќе ги штитат институциите, банките и критичната инфраструктура. Третиот приоритет, одбрана од хибридни закани и дезинформации. Создаваме државен механизам за анализа, брза реакција и заштита на демократските процеси, без нарушување на слободата на говор, но со заштита на вистината. И четврти приоритет, модерен систем за управување со кризи. Централен команден столб, автоматизирани процедури и регионална координација за брза, професионална и предвидлива реакција“, рече Манасиевски.

