Македонија
Мицкоски: Палењето на возилото на Артан Груби е криминален чин
Палењето на возилото на Артан Груби е криминален чин, кој, најверојатно, претставува криминална пресметка. Палење возило е криминален чин, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за време на посетата на Битола, а одговарајќи на новинарско прашање во врска со палењето на возилото што го возел вицепремиерот Артан Груби.
„Не гледам зошто толкава возбуда кај лицето чие возило беше запалено. А начинот на кој е направено тоа личи на криминална пресметка бидејќи, прво, сопственик е лице што има 35 години, а лицето на кое му е запалено возилото вели бил успешен бизнисмен 30 години, потоа тој некако тајно успеал да инсталира флешери, со кои се добива предимство во сообраќајот, а лицето Артан Груби не бил информиран понатаму како МВР го дозволило тоа“, рече Мицкоски.
Тоа, додаде Мицкоски, се сплет на настани поврзани со криминален чин.
„И наместо да ја преземе одговорноста, тој го повикува ВМРО-ДПМНЕ, мене лично. Времето ќе покаже кој бил во право“, укажа Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Николоски објави видео од изградбата на автопатот Тетово – Гостивар
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, објави видео од градежните активности на автопатот Тетово – Гостивар.
„Интензивно се работи на автопатот Тетово – Гостивар. Силна динамика во комплетирањето на автопатското решение на Коридорот 8. Ја градиме Македонија“, напиша вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил и објави видео од изградбата.
Македонија
Одземени 7.107 парчиња пиротехнички средства на скопски Бит Пазар
Во акциска контрола за сузбивање на нелегална продажба на пиротехника се одземени 7.107 парчиња пиротехнички средства на скопски Бит Пазар, следува соодветна пријава, соопшти МВР.
Денеска (08.12.2025) полициски службеници, на влезот на Бит Пазар, пронајдоа 7.107 парчиња пиротехнички средства, кои биле поставени на три импровизирани тезги.
Пиротехничките средства се одземени и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата кои ги продавале, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
„И во наредниот период МВР ќе продолжи со преземање на мерки и активности за спречување на нелегалната трговија со пиротехника. Апелираме до граѓаните доколку забележат лица кои продаваат пиротехнички средства, да пријават во полициска станица или на телефонските броеви 112 и 192“, се наведува во соопштението.
Македонија
Гужви на границите, Богородица и Меџитлија се блокирани за влез и за излез
Од 11:00 часот сообраќајот на ГП Евзони (Богородица) е блокиран за влез и излез. На ГП Ники (Меџитлија) сообраќајот е блокиран само за товарни возила и автобуси, информира АМСМ.
На ГП Дојран сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет се очекуваат задржувања за влез во државата.
„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничниот премин Дојран, времето на чекање за излез од државата изнесува 30 минути. На граничниот премин Табановце, времето на чекање за излез од државата изнесува 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, информира АМСМ.

