Свет
Украина: Русите нападнаа со касетни бомби, загинаа две деца
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/06/Screenshot-2023-06-15-094044.jpg)
За време на нападот со касетна муниција врз градот Костијантинивка во источна Украина загинаа три лица; меѓу нив и две деца, изјави вчера локален воен претставник.
„Касетна муниција Smerch MLRS експлодира над водна површина. Загинаа 11-годишно девојче, 10-годишно момче и 28-годишен маж. Уште шест лица се повредени“, изјави Павло Кириленко, шеф на воената администрација на регионот Донецк во интервју за украинската телевизија.
„Мајката на починатото момче е во тешка состојба, таа е евакуирана во соседниот регион. Непријателот користи касетна муниција против цивили. Ги повикувам родителите со деца да се евакуираат“, додаде Кириленко, а пренесува Си-ен-ен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Израел објави видео: „Хамас брутално тепа цивили во Газа“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/izrael-snimka.jpg)
На социјалните мрежи се шири вознемирувачко видео на кое се гледа како Хамас ги тепа жителите на Газа во близина на локација за хуманитарна помош.
Тие се тепани затоа што краделе храна од складиште за хуманитарна помош, изјави на социјалната мрежа Х Авичај Адрае, шеф на одделот за арапски медиуми на единицата за односи со јавност на ИД.
На видеото се гледа како членовите на Хамас тепаат цивили од Газа и со спреј во зелена боја на нивниот грб го пишуваат зборот „крадец“. Во исто време, членовите на Хамас носат маски на главите кои им го покриваат лицето, а може да се види како со стапови удираат врзани цивили додека нивните очи се покриени.
Се слушаат цивили како стенкаат и врескаат од болка.
„Дали знаете кои се овие маскирани луѓе? Кои се нивните жртви? Маскираните човечки чудовишта се дел од Хамас, а жртвите се невини млади луѓе“, напиша Адраи на платформата Х.
Тој додаде дека тие млади луѓе се обиделе да ја вратат храната што им ја украл Хамас и тоа го направиле бидејќи биле гладни.
Тој додава дека жителите на Газа со години се жртви на тероризмот и на Хамас.
Свет
„Нетфликс“ сними документарец за серискиот донатор на сперма, се претпоставува дека има 1.000 деца, тој тврди дека бројката е помала
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/donator-2.jpg)
Нетфикс има нов хит документарец наречен Човекот со 1.000 деца (The Man with 1000 Kids).
Станува збор за донатор на сперма, Холанѓанецот Џонатан Џејкоб Мајер. Во документарецот се интервјуирани бројни жени и парови на кои Мајер им помогнал да добијат дете, но им дека само неколку пати донирал сперма. Се претпоставува дека тоа го направил дури 1.000 пати, додека тој тврди дека „Нетфликс“ претерува и бројката е околу 500 деца.
Сериски донатор на сперма
Проблемот настанува откако родителите ширум Холандија забележале дека децата кои ги добиле со вештачко оплодување, со спермата на Мејер, изгледаат слично. Мејер донирал сперма не само во Холандија, туку и ширум светот, а на мапата во документарецот ја има и Србија. Го нарекуваат „сериски донатор на сперма“.
Станав донатор од љубов
Но, зборувајќи за медиумите, 42-годишниот холандски Јутјубер рече дека е разочаран од серијата и дека погрешно ги прикажува неговите намери како донатор на многу семејства и оти реалната бројка е многу помала. Прво тврдеше дека има приближно 250 деца, а подоцна спомена бројка од 500.
„Претпоставките за 1000 се смешни. Разочаран сум од опседнатоста со бројки. Станав донатор не поради бројки, туку од љубов и да им помогнам на родителите да го остваруваат својот сон, рече Мејер.
Тој за „Индепендет“ изјавил дека станал „зависен“ од донирање сперма.
„Понекогаш помислував дека имам многу деца и дека можеби треба да престанам, но тогаш ќе добиев нова порака и тешко ми е да кажам не“, рече тој. Смета дека серијата е резултат на селективна селекција на незадоволни семејства.
Нему му е забрането дополнително да донира сперма
Додека Нетфликс допрва треба да одговори на тврдењата на Мејер, извршната продуцентка на документарецот Натали Хил ја коментираше ситуацијата.
„Последните четири години ги поминав разговарајќи со семејствата кои беа погодени од лагите на Џонатан. Лично разговарав со 45 или 50 семејства“, изјави таа за Би-Би-Си.
На Мејер во Холандија му е забрането да донира сперма, а доколку го направи тоа, ќе мора да плати казна од 100.000 долари за секоја донација.
Свет
(Видео) Хорор во Америка, регистрирани неколку напади на ајкули
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-05-145108.jpg)
Три лица се повредени во напади на ајкула во Тексас и Флорида, соопштија денеска официјални лица.
Ајкула каснала за стапало млад човек недалеку од плажата на Флорида и тој бил пренесен во болница, јави Си-ен-ен.
Во Тексас група од четири лица наишле на ајкула додека пливале во океанот веднаш до брегот на островот Јужен Падре.
Ајкулата каснала двајца од нив, а уште едно лице од групата било повредено додека се обидувало да им помогне. Двете лица, кои биле каснати од ајкула, биле пренесени во болница во Браунсвил.
„Појавата на ајкули не е вообичаена во Тексас“, велат локалните власти.
Според податоците на Меѓународната организација за следење напади на ајкули, Тексас имал само 10 напади на ајкули од 2012 година. Најмногу имало на Флорида, дури 259, потоа на Хаваи – 76, Јужна Каролина – 45, а 31 напад на ајкула е забележан во Северна Каролина и 29 во Калифорнија.