Црна хроника
227 санкционирани возачи во Скопје, 49 возачи на мотоцикл

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (25.7.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 227 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 49 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се 12 мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за нерегистрирани возила.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Измамил старица за 3.000 евра, лажел дека син ѝ прегазил дете

Измамник земал 3.000 евра од старица во Скопје. Тој ѝ рекол дека син ѝ со автомобил прегазил дете, а за да се спаси од затвор треба да му даде пари.
Според информациите на МВР, вчера 81-годишна жена од Скопје пријавила во полиција дека била измамена од едно машко лице за сума од 3.000 евра.
Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзиниот син и неговата сопруга предизвикале сообраќајна несреќа во која прегазиле дете и доколку не сака да лежат во затвор требало да плати. Како што е пријавено, таа парите ги оставила на договореното место, а откако нејзината снаа се вратила во домот од работа, таа сфатила дека била измамена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Вчера, регистрирани 1.001 сообраќаен прекршок во државата: 279 за брзо возење

Во рамки на вчерашните активности на полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР, во врска со засилените сообраќајни контроли за почитување на сообраќајните правила и прописи на патиштата низ државава, беа издадени 1001 платни налози, најмногу во текот на овој месец, соопшти полицијата.
Според МВР, статистичките трендови од аспект на законските одредби врз основа на кои се детектирани сторените прекршоци, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, остануваат и понатаму идентични како и претходно, па така најбројни се прекршоците на непрописно паркирање (241), а потоа прекршоците по основ на движење со неприлагодена брзина од дозволената (279). Она што е впечатливо за вчерашниот ден е фактот дека се евидентирани и 178 прекршоци што ги направиле пешаците.
Инаку, вчера регистрирани се 84 учесници во сообраќајот кои што не поседувале возачка дозвола, во девет случаи откриени се алкохолизирани возачи, шестмина возачи минале на црвено светло, а казнет е и еден возач на електричен тротинет. Покрај ова по основ на неносење сигурносен појас изречени се 39 прекршочни казни, плус еден прекршока заради неносење заштите шлем, а по основ на недозволено говорење на мобилен телефон при возење изречени се 34 платни налози.
Исто така, од сообраќај се исклучени вкупно 22 возила од кои 8 биле технички неисправни а 14 биле нерегистрирани.
Црна хроника
Под дејство на алкохол удрил во мопед и во „голф“: уапсен кумановец

Вчера во 16.45 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода 31-годишниот Д.А. од Куманово, извести МВР.
На улицата „Теофан Економов“ во Куманово, тој со возило „сеат леон“ со кумнаовски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во мопед „хамачи“ и патничко возило „фолксваген голф“, двете со кумановски регистарски ознаки, а по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 1,85 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.