Спорт
Дибала се согласи да потпише нов договор со Рома
Напаѓачот на Рома, Пауло Дибала, е блиску до потпис на нов договор со клубот од „вечниот град“. Двете страни постигнаа начелен договор за параметрите на договорот.
Аргентинецот е врзан со „волчицата“ до 2025 година, а неговата откупна клаузула за клубови надвор од Италија е само 12 милиони евра. Во новиот договор оваа сума ќе биде зголемена, а секако и платата на 29-годишниот фудбалер.
Аргентинскиот интернационалец се приклучи на Рома минатото лето на слободен трансфер од Јувентус. И покрај проблемите со повредите, тој забележа 38 настапи во сите натпреварувања со 18 гола и осум асистенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Чави доби покана од Италија?!
Фудбалскиот клуб Јувентус го контактираше Чави Ернандез и оствари информативен разговор за потенцијалната соработка.
Оваа вест ја лансираше францускиот весник Екип, кој тврди дека Чави е кандидат да го замени Тијаго Мота на клупата на Јувентус.
Не може да се каже дека Мота ги исполнил очекувањата, иако токму минатиот викенд го доживеа првиот пораз во Серија А, поголем проблем е огромниот број на нерешени резултати и само петтото место на табелата, со 16 бода помалку од лидерот Наполи.
Чави е без работа откако летово ја напушти Барселона и најави дека ќе паузира до следната работа, па не е исклучено да ги започнал преговорите со Јувентус.
Тој ја освои титулата со Барса во сезоната 2022/23, но се раздели со Каталонците по лошата минатата сезона без ниту еден трофеј.
Чави во еден момент беше поврзуван со Милан и Манчестер Јунајтед, но немаше сериозни преговори.
Дали е тој вистинското решение за замена на Тијаго Мота? Останува да се види.
Спорт
Порто има нов тренер
Аргентинецот Мартин Анселми ја презеде функцијата тренер на португалскиот фудбалски гигант Порто. 39-годишниот, кој на клупата го замени Витор Бруно, потпиша договор со Порто до крајот на сезоната 2026/27.
Порто е на третото место во португалскиот шампионат со 41 бод, исто колку и второпласираната Бенфика, додека Спортинг води со 47 бодови.
На „змејовите“ им оди полошо во Лига Европа, на табелата се на 25. место од 36 екипи во пресрет на последното коло.
Витор Бруно мораше да се збогува пред една недела поради слабите резултати откако го презеде Порто од 1. јули минатата година.
Него сега ќе го наследи Анселми, кој претходно го водеше мексиканскиот Круз Азул.
Португалските медиуми пишуваат дека прв пат во историјата на португалското првенство, три најголеми клубови во земјата, во иста сезона им врачиле откази на тренерите. Претходно тренерите ги отпуштија Бенфика и Спортинг.
Спорт
Аморим: За два месеца во Јунајтед, остарев 10 години
Манчестер јунајтед синоќа во 23. коло од Премиер лигата го совлада Фулам на гости со 1:0.
Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше аргентинскиот дефанзивец Лисандро Мартинез во 78. минута. По неговиот удар топката удри во ногата на Саша Лукиќ кој се обиде да блокира, доби дополнително забрзување е заврши во голот.
Триумфот над Фулам е најдобриот подарок за менаџерот Рубен Аморим, кој вчера наполни 40 години.
„Немам 40, имам 50 години. За два месеци работа во Манчестер јунајтед, осатарев 10 години, но мило ми е што сум тука и што можам да го прославам роденденот со овие луѓе“, изјави Аморим.
Манчестер јунајтед во последните четири дена оствари два важни триумфа, прво над Ренџерс во Лига Европа, а сега и против Фулам во Премиер лигата. Во првенството, Јунајтед се на 12. место со 29 бода.