Македонија
Локализирани неколку пожари во државата
Регионалниот ЦУК Скопје ја пренесува информацијата дека од 14 до 18.20 часот со 8 пожарникари и три ПП-возила, како и екипа од ЈП „Национални шуми“, подружница за град Скопје „Караџица“, гаснеле запалена нискостеблеста шума и ниска вегетација на површина од 5 хa на автопатот Велес – Скопје, кај Катланово (општина Петровец).
Во текот на изминатото деноноќие имало уште четири интервенции поради запалена ниска вегетација, и тоа кај Катланово и кај Перова Колиба во Катланово (Општина Петровец); на улицата Призренска (општина Бутел); и кај Визбегово (општина Шуто Оризари). Вкупно опожарени се речиси 17.000 м2. Исто така, имало и уште три помали интервенции.
Во периодот од 8 до 8.28 часот, двајца пожарникари и едно ПП-возило интервенирале на запалена ниска вегетација во населбата Бончејца во близина на железничката пруга. Во периодот од 12.13 до 13.20 часот тројца пожарникари и едно ПП-возило интервенирале на запалена сува трева над Ленишки мост, а опожарената површина е околу 5 ха.
ТППЕ Битола известува дека во периодот од 3.45 до 7 часот со тројца пожарникари и едно ПП-возило интервенирале на запалено стрениште и напуштен објект во с. Бач.
Во текот на изминатото деноноќие имало уште една помала интервенција.
Регионалниот ЦУК Велес известува дека ТППЕ Свети Николе, од 17.44 до 19 часот гаснеле запалено стрниште и ниска вегетација кај браната „Мавровица“. Интервенирале со шест пожарникари и две ПП-возила, како и двајца вработени во ЈП „Национални шуми“, подружница „Свети Николе“, со теренско возило со пумпа за гаснење.
Регионалниот ЦУК Охрид ја пренесува информацијата од ТППЕ Струга, во која се наведува дека во периодот од 4.21 до 6.44 часот интервенирале на пожар на дрвени бараки на улицата Боро Хаџиески во Струга.
Регионалниот ЦУК Штип известува дека ТППЕ Пробиштип, од 19.10 до 19.30 часот, со четворица пожарникари и едно ПП-возило гаснеле запалено стрниште во атарот на с. Ратавица.
Регионалниот ЦУК Куманово ја пренесува информацијата од ТППЕ Куманово, во која се наведува дека во периодот од 13.15 до 15.20 часот, со четворица пожарникари и едно ПП-возило, и Старо Нагоричане со едно ПП-возило и тројца пожарникари гаснеле запалено ниска вегетација и стрниште и еден помошен објект (плевна), а во с. Јачинце е опожарена површина 6 ха.
Во периодот од 18.50 до 20.40 часот, а потоа повторно во периодот од 19.40 до 20.40 часот, со едно ПП-возило и тројца пожарникари гаснеле запалена ниска вегетација и грмушки кај Спомен-костурница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини
Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и Центар Жупа.
Врапчиште (излезност 32,37%)
– Исен Шабани (НАИ) – 5.355 гласа
– Зулхајрат Демири (Група избирачи) – 3.028 гласа
Гостивар (излезност 30,34%)
– Ваљбон Лимани (НАИ) – 14.519 гласа
– Невзат Бејта (ВЛЕН) – 7.174 гласа
Маврово Ростуше (излезност 28,51%)
– Онер Јакуповски (ВМРО-ДПМНЕ) – 1.906 гласа
– Анес Ахмети (СДСМ) – 938 гласа
Центар Жупа (излезност 13,26%)
– Аријан Ибраим (Демократска партија на Турците во Македонија) – 973 гласа
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, рече во текот на утрешниот ден Комисијата ќе ги соопшти првичните официјални резултати, по приемот и обработката на записниците од сите избирачки места.
Македонија
(Видео) Мицкоски: Победата во Маврово-Ростуше е знак дека граѓаните наградуваат резултати, а кланот на Филипче доживува нов дебакл
„Денешниот изборен ден во четирите општини помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера. И покрај тешките временски услови и одредени технички предизвици, граѓаните слободно и одговорно го остварија своето право на глас. Тоа е јасна и недвосмислена потврда за демократскиот капацитет на државата и важна инвестиција во нејзината стабилност“, кажа на прес-конференција, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Овие избори покажаа дека институциите функционираат и дека демократските процеси се зацврстуваат. Во време на сериозни регионални и глобални предизвици, ова е вредност што мора да се чува и надградува, без разлика на политичките разлики. Во општина Маврово-Ростуше, ВМРО-ДПМНЕ оствари убедлива и многу важна победа. Онер Јакупоски е новиот градоначалник! Победа повеќе од двојна со над 1000 гласови разлика. Честитки за Онер, за сите симпатизери и за сите граѓани на Маврово-Ростуше. Оваа победа не е само локален резултат. Таа е јасна политичка порака. Порака дека граѓаните препознаваат работа, присуство на терен и одговорност. Порака дека не се наградуваат празни зборови, туку резултати“, истакна Мицкоски.
Оваа победа, вели тој, е „резултат на концептот што доследно го градиме: скромност, многу работа и реални решенија за секојдневните проблеми на граѓаните“.
„Во другите општини, изборната трка се водеше меѓу кандидати на други политички партии. Но целокупната политичка слика е повеќе од јасна. Со денешниот ден се заокружува резултатот од локалните избори во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ победи во вкупно 56 општини во државата. СДСМ во 6. Тоа не е случајност. Тоа е јасен политички суд на граѓаните. Ова претставува уште еден тежок дебакл за СДСМ и за актуелното раководство на таа политичка партија. По историскиот пораз на локалните избори во 2025 година, денешните избори се само потврда дека изиграната доверба има последици. Партијата која на национално ниво освои околу 140 илјади гласови не може сериозно да зборува во име на мнозинството, ниту да се претставува како силна и кредибилна опозиција“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Според Мицкоски, „проблемот на СДСМ не е само во изборните бројки“.
„Проблемот е многу подлабок. Тоа е пораз на политика што со години произведуваше криминал, конфликти, национални предавства и деструкција. Политика што ја држеше државата во место и ја трошеше енергијата на граѓаните. Затоа мора јасно да се каже: не станува збор само за блокади. СДСМ мора конечно да се соочи со сопственото коруптивно минато и со криминалците во своите редови. Без тоа расчистување, без јасна дистанца од корупцијата и криминалот, нема ниту кредибилитет, ниту доверба, ниту иднина оваа политичка партија. Македонија нема потреба од политика на навреди и ниски удари. Граѓаните се презаситени од политиканти кои бараат заштита во политиката за сопствените гревови. Оваа држава има потреба од борба на идеи, визии и програми. Од одговорна политичка конкуренција, а не од тоа кој погрубо и поневоспитано ќе навреди. Од другата страна е концептот што победува. Концептот на ред, стабилност и одговорност. Концептот на проекти, мерки и резултати. Концептот на држава што стои исправено и работи за своите граѓани, а не за тесните клановски интереси. Кланот на Венко Филипче доживува нов дебакл и тоа е резултатот кога се води политика на соопштенија напишани во други држави, а не борба на концепти и интересите за своите граѓани“, вели Мицкоски.
Македонија
МВР: Повторените локални избори завршија без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржаа во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одржаа во мирна, фер и демократска атмосфера, информираат од Министерството за внатрешни работи.
„МВР во текот на целиот ден презеде мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. Не беа регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир“, стои во известувањето од МВР.

