Европа
„Беше како да пропаѓа светот, а тврдеа дека сме безбедни“: исповед на туристи кои го преживеаја огнениот пекол на Родос

Борбата против шумските пожари во Грција продолжува деветти ден по ред. Пожарникарите се борат да го изгаснат пламенот на четири главни фронта, а светот гледа страшни сцени од масовната евакуација на туристите на Родос, островот кој е најтешко погоден од огнениот пекол.
Властите деноноќно работат на контролирање на многуте пожари во Грција. Премиерот Киријакос Мицотакис рече дека земјата е во војна со оган и дека напорите се концентрирани на гаснење на пожарите што беснеат на островите Евија и Крф, веднаш до Родос.
„Оваа битка е тешка и така ќе биде сѐ додека условите се тешки“, изјави премиерот пред грчкиот парламент и предупреди дека на земјата ѝ претстојат три најтешки дена бидејќи се очекува дополнително зголемување на температурите, а ветровите беснеат над исушената земја.
Властите исто така ја засилија евакуацијата наредувајќи им на луѓето да ги напуштат хотелите и домовите.
Се проценува дека во текот на ноќта во понеделникот 2.466 граѓани ги напуштиле своите домови во 17 села по должината на северниот брег на Крф, а во Евија стотици биле принудени да се евакуираат.
Туристите зборуваа за паничните моменти за време на викендот, кога ја поминаа ноќта во армиски камиони на плажите, пред да бидат качени на бродовите на грчката морнарица.
Дин Мејсон (56) од Велика Британија ги опиша пожарите на Родос како да се наоѓал „блиску до смртта“.
Мејсон пред една недела пристигна во хотелот на плажата Киотари со сопругата, ќерката и четиригодишната внука.
„Тоа беше првиот одмор на внука ми во странство. До вторник наутро можевме да видиме големи облаци чад, што се издигнуваат од центарот на островот. Нѐ натераа да веруваме дека сѐ е под контрола. Никој не изгледаше особено загрижен, а потоа ситуацијата одеднаш се влоши“, раскажува тој.
„Во петокот вечерта стана прилично лошо, врз нас паѓаа парчиња пепел, но хотелот повторно нѐ увери дека сѐ е во ред. Саботата наутро ја поминавме во базенот. Беше убаво и многу топло и многу поветровито од претходните денови“, рече тој.
Веќе во саботата наутро можеа да се забележат многу големи облаци чад како се приближуваат до нашето сместување.
„Луѓето почнаа да се гледаат едни со други. Не многу долго потоа, можеше да се види како небото се полни со чад. За пет минути можев да видам пламен на ридот околу нас. Потоа се вклучи алармот на хотелот“, вели тој.
Семејството се вратило во својата соба за да го спакува рачниот багаж и да ги земе пасошите пред да избега на плажата.
„Имаше многу хотелски персонал, кој велеше: „Излези, бегај“. Имаше целосен недостиг на каква било структурирана поддршка. Имаше многу хистерија. Бевме покриени со пепел, сонцето беше целосно покриено со жолт чад“, рече Мејсон.
Семејството беше поделено бидејќи локалните жители ги однесоа со чамци во две околни заедници пред да бидат повторно обединети неколку часа подоцна во центарот на Линдос.
„Илјадници луѓе очајно сакаа да избегаат. Чувствувавме дека светот ќе заврши“, изјави Мејсон.
На крајот, семејството успеало да обезбеди места во авионот за враќање во Велика Британија.
„Нашите работи сѐ уште се во хотелот, но мислам дека имавме неверојатна среќа што го напуштивме неповредени“, додава тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски: Подготвени сме да купиме 10 системи „Патриот“, само треба да најдеме средства

Украина работи на обезбедување испорака на десет системи за воздушна одбрана „Патриот“, а исто така е важно системите веднаш да пристигнат со ракетите, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, како што објави УНН.
„Имаме барање за десет системи. Ова го кажав јавно. Моментно работиме со партнери за да ги обезбедиме овие десет. Исто така, работиме на прашањето за ракетите, ги имаме“, рече Зеленски.
Украинскиот претседател додаде и дека САД ќе ѝ продадат системи „Патриот“ на Украина. Украина мора да најде средства за сите десет системи.
„Трамп, претседателот на САД, ќе ни ги пренесе системите, ќе ни ги продаде. Наша задача е да најдеме пари за сите десет системи. Би сакале веднаш да имаме пакет ракети за секој систем“, истакна претседателот.
Тој исто така истакна дека Германија моментно ја потврдила испораката на два система „Патриот“, а Норвешка – еден.
„Официјално добив потврда од Германија за два система, од Норвешка – еден. Сега работиме со холандски партнери“, додаде Зеленски.
Фото: принтскрин
Европа
(Видео) Макрон тужи американска конзервативка, која тврди дека Брижит е маж

Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит поднесоа тужба против Американката Кандис Овенс поради тврдење дека првата дама на Франција е, всушност, маж.
Тужбата е поднесена во американската држава Делавер и содржи 22 точки од обвинението, а двојката бара парична отштета за клевета и отштета.
Кандис е конзервативна авторка, водителка, политички коментатор и активистка. Таа е позната по својата активна поддршка на Трамп за време на неговиот последен мандат. Сепак, неодамна јавно се дистанцира од него. Таа постојано изјавуваше дека тој ја разочарал и дека сега „се срами што некогаш го поддржувала“. Таа ги критикува неговите политички потези и го обвини дека ги предаде принципите што тој вети дека ќе ги брани.
Според адвокатот на Макрон, Том Клер, францускиот претседател и неговата сопруга повеќе од една година безуспешно се обидуваат да ја спречат Овенс, која шири теории на заговор за Брижит на социјалните медиуми и на „Јутјуб“.
Во март оваа година Овенс објави видео со наслов „Дали првата дама на Франција е маж?“, кое беше масовно споделувано на платформата „Икс“. Во него таа тврдеше дека тоа е „најголемиот политички скандал во историјата“.
Потоа таа продолжила да објавува содржини за Брижит вклучувајќи серија видеа наречени „Станувајќи Брижит“. Таа исто така продавала маички со слогани што ја промовираат теоријата, според тужбата. Емануел и Брижит тврдат дека Овенс била повеќе пати замолувана да престане да ги изнесува овие тврдења и ѝ дале докази дека Брижит е родена како жена по име Брижит Троње, дека не е во роднинска врска со Емануел Макрон и дека тие не се под никакво влијание, како што инсинуира Овенс.
„Ова не е само политички удар. Ова е лично. И двајцата се човечки суштества, имаат брак, семејства и чувства. И ова ги засега“, изјави адвокатот Клер за Си-ен-ен.
Во тужбата се тврди дека Макрон и неговата сопруга претрпеле сериозни штети – нивната приватност, углед и деловните можности биле нарушени. „Секојпат кога ќе ја напуштат куќата, тие знаат дека многу луѓе веруваат во овие лаги. Тоа е понижувачки, инвазивно и, едноставно, неправедно“, се вели во документот.
Овенс сè уште продолжува
Кога дознала за тужбата, Овенс се појавила на „Јутјуб“. Таа објавила видео, во кое, меѓу другото, рекла дека е подготвена да ја добие оваа војна. „Мажот Брижит очигледно има многу храброст“, рекла таа.
Таа исто така објави фотографија од двојката Макрон на „Инстаграм“ со порака: „Денес ќе ја земам оваа перика. Останете со мене“. Подоцна, на „Јутјуб“ изјави дека тужбата е „очаен обид да се спаси нејзиниот имиџ“.
Брижит Макрон се соочила со слични обвинувања и претходно – во 2022 година таа тужеше две жени во Франција, кои ширеа слични дезинформации. Првично ја доби пресудата, но случајот сега е вратен на повисок суд.
Фото: принтскрин
Европа
(Видео) Се урна патнички авион во Русија

Авион „ан-24“ на „Ангара ерлајнс“, со најмалку 40 патници, се урна во руската област Амур, на далечниот исток од земјата.
Остатоците од патничкиот авион се пронајдени на 15 километри од Тинда, планираната дестинација. SHOT објаснува дека хеликоптерот за пребарување не можел да слета во близина на местото на несреќата, па затоа спасувачите ќе мора да стигнат таму пеш.
✈️🚨 Passenger plane crashes in Russia’s Amur region — over 40 people on board
A Soviet-made Antonov An-24 aircraft operated by Angara Airlines disappeared from radar near the town of Tynda while attempting a second landing approach. Emergency crews later found the burning… pic.twitter.com/MOO08NTbEP
— NEXTA (@nexta_tv) July 24, 2025
„РИА новости“, повикувајќи се на извори, пишува дека, според прелиминарните податоци, нема преживеани.
Гувернерот на регионот, Василиј Орлов, изјави дека, според прелиминарните податоци, во авионот имало 43 патници, меѓу кои пет деца и шест члена на екипажот.
Министерството за вонредни ситуации го процени бројот на луѓе во авионот малку помал, на 40-ина.
Фото: принтскрин