Црна хроника
Возило излетало од патот кај Македонска Каменица, повредени возачот и неговата сопатничка
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/ulica-krv.jpg)
Денеска, во 00.23 часот, во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека на локалниот пат Македонска Каменица – с. Цера, патничко возило „мазда“, со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од Г. А. (43) од Македонска Каменица, излетало надвор од патот.
Во несреќата возачот добил тешки телесни повреди, а телесни повреди добила сопатничката С. А. (32) од Македонска Каменица, констатирани во Клиничката болница во Штип.
Увид извршила екипа од Полициското одделение Македонска Каменица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Црна хроника
Повредени полицајци: со возило на МВР се судриле со друго возило
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/11/policija8_1-199796.jpg)
Вчера во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје- Куманово, во близина на клучката „Илинден“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со словенечки национални ознаки, управувано од С.Ш.(78) од Куманово и патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР.
Во несреќата со телесни повреди се здобиле двајца полициски службеници, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Почината жена пронајдена во викенд куќа во Светиниколско
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/policija-3.jpg)
Синоќа во 19.00 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека во викенд куќа на место викано „Овче поле“ била пронајдена почината Б.С., на возраст од околу 60-тина години.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од ОВР Свети Николе и по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено за обдукција.
Црна хроника
Малолетник осомничен за силување малолетничка во Струмица
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-apsenje.jpg)
СВР Струмица поднесе кривична пријава против малолетник од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“.
Пријавениот, во текот на месец март оваа година, на место викано „Чамефлик“, извршил обљуба врз малолетничка која претходно преку социјална мрежа ја повикал на средба, информираат од полицијата.