Црна хроника
Претрес во Ѓорче Петров, пронајдена дрога, приведен дилер

Денеска, во 6.30 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Р. Б. (41) од Скопје.
При претрес во неговиот дом на подрачјето на Ѓорче Петров, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и две дигитални ваги. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Штипјанец удрил во паркирано возило и избегал: полицијата го пронајде и го уапси

Денеска околу 00.20 часот во Штип, полициски службеници од ПС БПС Штип го лишиле од слобода 40-годишниот Е.А. од Штип, извести МВР.
Е.А. на 01.04.2025 околу 22.40 часот во Штип со патничко возило „сеат“ со штипски регистерски таблички удрил во паркирано возило и го напуштил местото на настанот.
По преземени мерки од страна на полициски службеници, Е.А. е пронајден и лишен од слобода, а било констатирано дека има 1,77 промили алкохол во крвта и дека нема положен возачки испит.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Приведен бегалец од затвор, вратен е во КПУ Идризово

Вчера во 16.30 часот на улица „168“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, врз основа на судска наредба, го привеле 35-годишниот Ф.С. од Тетово, кој бил баран со потерница поради бегство од КПУ Идризово.
Ф.С. бил осуден на шест години и 10 месеци за сторени кривични дела по член 215 и 396 од КЗ, а за доиздржување имал една година, 10 месеци и 6 дена.
Тој бил спроведен во КПУ Идризово за доиздржување на казната.
Црна хроника
Приведен возач кој удри велосипедист во Скопје

Полицијата го приведе Б.Џ. (51) од Скопје кој денес околу 11.40 часот на улицата Лазар Личеновски во Скопје со патничко возило „тојота“ со бугарски национални ознаки удрил во модифициран велосипед со три тркала управуван од Р.У. (37) од Скопје.
Р.У. е пренесен за укажување на лекарска помош во ГОБ „8 Септември“, а Б.Џ. е лишен од слобода, привремено му е одземено и возилото а против него, по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.