Македонија
Агендата на оваа Влада е криминална, а не европска, вели Мицкоски
Во право е Димитар Ковачевски кога вели дека европската агенда според коалицијата ДУИ поддржана од помалиот коалициски партнер СДСМ е сосема поинаква од македонската, која е дел од вистинската европска агенда, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за време на денешната посета на Вевчани.
„Никогаш нема да бидам дел од онаа агенда што во своето множество опфаќа милионски имоти на млади господа во центарот на главниот град Скопје, без да има јасно потекло како го стекнале тој имот. Нема никогаш да бидам дел од онаа агенда што тие ја нарекуваат европска, каде што се местат тендери во четири очи, се крадат граѓаните, каде што здравството е катастрофално, а пациентите умираат во ходниците, каде што учениците книгите ги добиваат на крајот на учебната година наместо на почетокот, каде што земјоделците, ако појдете денес во источна Македонија, ќе видите дека и покрај тоа што акумулациите се преполни, поради неисчистените канали, не може да добијат вода за наводнување на своите поседи“, рече Мицкоски.
Мицкоски децидно рече: „јас дел од таква европска агенда, како што промовира Владата на ДУИ поддржана од помалиот коалициски партнер СДСМ, нема да бидам“.
Мицкоски вели дека агендата на оваа Влада е криминална, а не европска агенда.
„Мојата, нашата, македонската агенда е токму онаа во која ќе се бориме против сето ова што оваа Влада го промовира. Македонска, вистинска агенда секогаш била, е и ќе биде дел од вистинската европска агенда, односно вистинските европски вредности, кои треба сите ние да ги прифатиме“, вели Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

