Македонија
Мицкоски: СДСМ и ДУИ им се одмаздуваат на охриѓани бидејќи им дадоа поддршка на Пецаков и на ВМРО-ДПМНЕ во 2021 година
Особено е шокантна состојбата бидејќи во екот на туристичката сезона буквално е затворен влезот во најголемиот туристички центар во Македонија, Охрид. И тоа што го прави Владата само покажува дека станува збор за ненародна Влада, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за одлуката за затворање на влезот на Охрид.
Мицкоски посочи дека Владата на ДУИ и СДСМ ги казнува граѓаните бидејќи на локалните избори во 2021 година огромна поддршка дадоа за Кирил Пецаков и за ВМРО-ДПМНЕ.
Владата среде туристичка сезона ги казнува охриѓани за тоа што на локалните избори во 2021 година дадоа огромна поддршка за Кирил Пецаков и за ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните не се виновни што тие се криминални политичари и што оваа Влада, предводена од ДУИ, а поддржана од помалиот коалициски партнер СДСМ, е криминална и што народот сака што побргу да си заминат и никој од нив не е виновен затоа што овие луѓе се тотално неспособни. И сета своја неспособност, гнев и обид да му се реваншираат на народот во Охрид тие го покажуваат сега на отворена сцена затворајќи го влезот во нашиот најголем туристички центар Охрид во екот на туристичката сезона, рече Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека Владата на СДСМ и ДУИ е влада полна со гнев и се одмаздува кон граѓаните и затоа на следните избори ќе доживее дебакл.
Ете со таква влада ние денеска имаме работа. Влада што е целосно полна со гнев и Влада што им се одмаздува на сопствените граѓани затоа што дебакл ќе доживее на следните парламентарни избори, дециден е Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Филипче го соопшти новото раководство на партијата: СДСМ има нов тим, нова сила – нова енергија!
Претседателот на Социјалдемократкиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, по завршувањето на вчерашната седницата на Централниот одбор на СДСМ го соопшти новото раководство на партијата. На прес-конференцијата, Филипче посочи дека новиот тим влегува во храбра и многу одлучна борба со „ненародната, корумпирана и криминогена власт на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН“.
Во продолжение е интегралната изјава на Филипче:
„На седницата на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија се избра новото раководство. Нови партиски потпретседатели се доктор Александар Трајановски и пратеничката Јована Тренчевска. Членови на Извршниот одбор се луѓе коишто се еден дел искусни, еден дел млади, одлична спојка. Искусните ќе го пренесат своето знаење и искуство на помладите. Секретарските позиции ги задржаа актуелниот генерален секретар и еден од досегашните организациските секретари. Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба со оваа ненародна и криминогена и корумпирана власт на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН. И не сме сами, на денешниот состанок се продискутираа многу аспекти, ја шириме нашата платформа, повикуваме многу граѓански организации, независни поединци, интелектуалци. Го формиравме и Советот на партијата кој ќе има улога да привлекува слободоумни луѓе коишто ги делат нашите вредносни политики, поради тоа што нашиот фронт којшто го објавуваме вечерва постепено и сигурно ќе расте, затоа што ние се подготвуваме власта да ја вратиме во рацете на граѓаните. Во рамките на тимот еден од најновите делови на целокупниот тим е Антикорупцискиот тим, составен од млади луѓе, истражувачи, но искусни луѓе коишто ги консултираме за активностите, кои се занимаваат со разоткривање на корумпираните шеми на актуелната власт. И вечерва цврсто и одлучно кажуваме, дека ние сме тие коишто ќе стават крај на политиката на изолација на државата од Европа. Ние сме тие коишто ќе ставиме крај на корупцијата и криминалот на оваа власт. Ние сме тие коишто ќе ставиме крај на предавството на безбедноста и националните интереси на нашата земја преку проектот мигранти за пари. Ние ја враќаме власта во рацете на граѓаните“.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.

