Македонија
Бугарските навивачи самоволно се изводиле од рутата пред да завршат во Чаир, велат од МВР
Двете возила со бугарски навивачи во четвртокот самоволно се издвоиле од рутата обезбедена од полицијата, велат од Министерството за внатрешни работи за инцидентот кога бугарски навивач беше прободен кај „Чаирчанка“ пред фудбалскиот натпревар ФК „Шкупи“- ФК „Левски“.
Според информациите од полицијата, на 27 јули околу 18.30 часот на улицата Цветан Димов, додека навивачите на ФК Левски се движеле со возила „хонда“ и „фолксваген пасат“ со развиорени навивачки знамиња и други навивачки реквизити, дошло до вербална расправија, по што тие излегле од возилата и настанала физичка пресметка, а еден од навивачите на ФК Левски откако се вратил во автомобилот, во движење бил избоден со нож.
Напаѓачот кој го избоде бугарскиот навивач е идентификуван и по него се трага, додека во текот на вчерашниот ден приведени беа А.Џ. (30), Н.С.(28), Б.Б.(32) и К.И.(28). За нив попладнево Обвинителството определи мерки на претпазливост: обврска да се јавуваат повремено на определено службено лице во Основниот кривичен суд Скопје, привремено одземање на патните исправи, како и забрана за посетување на определено место – спортски натпревари.
Пријател на избодениот Бугарин во Скопје за бугарската телевизија „Нова“ вчера рече дека македонската полиција намерно ги навела да завршат во „опасната населба Чаир“,
„Околу 18 часот бевме на влезот во Скопје. Сите бугарски автомобили беа детаљно проверени дали има оружје. Излезе кордон да нѐ придружува, но на автопатот тој се разиде и не бевме добро чувани. Пред една кривина возачот на вториот автомобил светна со светлото и застанавме. Ме праша: „Знаеш ли каде одиме?, реков: „Да, по трасата што ни ја даде ‘Левски’“. До нас застана полиција и ги прашавме: „Десно?“, а тие рекоа: „Да, продолжи, продолжи“. Ова испадна патот до излезот во Чаир“, изјави пријателот на избодениот Бугарин.
Тој тврди дека македонската полиција многу добро видела колку бугарски автомобили скршнале и завршиле во Чаир.
Избодениот Бугарин е вон животна опаснот и се’ уште се наоѓа во болница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Вонреден надзор на Гинекологија по смртта на новороденче
Министерството за здравство нареди вонреден надзор по смртта на новороденче на Клиниката за гинекологија и акушерство и изрази сочувство до родителите.
„Со цел утврдување на околностите и расветлување на случајот, министерот Азир Алиу иницираше вонреден инспекциски надзор до Државниот санитарен и здравствен инспекторат, по што ќе следи и стручен надзор. Потенцираме дека Министерството за здравство заедно со инспекторатот ќе постапат професионално, стручно и транспарентно, со цел точно и објективно информирање на јавноста за околностите во овој случај, како и за преземените активности од стручен аспект“, велат од Министерството.
Од таму велат дека во овие тешки моменти за семејството, замолуваат да се почекаат наодите од надзорите и да се добие обдукцискиот наод, кој е единствен и конечен за утврдување на причините за смртен исход, со цел до добивање на конечните резултати да не се создава немир кај семејството и во јавноста.
„Потсетуваме дека Клиниката за гинекологија и акушерство е врвна терциерна установа со воспоставени законски пропишани протоколи за постапување во вакви случаи. Министерството за здравство останува транспарентно и отворено за комуникација, веднаш по добивање на сите наоди јавноста ќе биде навремено информирана“, велат од Министерството.
Ваквото соопштение доаѓа по веста дека на ГАК на 1 октомври починало новороденче.
Македонија
СДСМ: Мицкоски побегна од резолуцијата, дури во Брисел
Денес, кога Собранието треба да одлучува и кога опозицијата требаше да му поставува прашања на премиерот Христијан Мицкоски, тој наеднаш избега во Брисел, обвинија од СДСМ.
„Ја остави Резолуцијата на СДСМ непотпишана а контра Резолуцијата остави да ја туркаат неговите послушници од ДПМНЕ и ЗНАМ. Оние што верно го следат предавството на својот претседател и оние што ЗНААТ дека ја предале Македонија за пари. Толку за „храбриот“ Христијан Мицкоски. Не смее да одговара на прашањата на опозицијата, затоа што вистината не може да ја погледне во очи“, велат од опозицијата.
Македонија
Стојаноски: Лагите на СДС се разоткриени, резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ја гарантира безбедноста во државата
Во изминатиот период бевме сведоци на тоа како СДС сака да внесе несигурност и вознемиреност во јавноста преку ширење на лажни информации, свесни манипулации и дезинформации, кои беа интензивно и гласно пласирани во јавниот простор, изјави Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС и Венко Филипче, продолжуваат по стапките на нивниот ментор Зоран Заев. Секојдневно, гледаме иста реторика, исти методи и исти манипулативни наративи. Ова СДС не го прави случајно, туку е свесна стратегија, поради тоа што нема што ново да понуди. Ваквата кампања на опозициската СДС, која инаку повеќе се одликува со квантитет директно го нарушува мирот на граѓаните, а е и во спротивност со Кривичниот законик, Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, како и со Законот за спречување и заштита од дискриминација“, рече тој.
Токму затоа, додава Стојаноски, преку Резолуцијата поднесена од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Собранието, јасно се отфрлуваат и се поништуваат сите аранжмани, одлуки и политики на поранешната влада предводена од Зоран Заев поврзани со кампови за мигранти.
„Јасно ја потврдуваме определбата за принципиелна, одговорна и предвидлива надворешна политика, заснована на заштита на националните интереси и почитување на меѓународното право. Со оваа Резолуција се става крај на сите шпекулации, дезинформации и лажни сценарија кои СДС се обиде да ги наметне во јавниот дискурс, а се поврзани со наводно прифаќање мигранти или изградба на кампови. За секое следно ширење на паника, лажни вести и манипулација на народот, кривично ќе се одговара“, рече тој.

