Контакт

Топ

Едрилица се превртела во водите на Охридското Езеро, пронајдени и спасени три лица

Објавено пред

Денеска, постапувајќи по пријава дoбиена околу 17.45 часот во СВР Охрид дека во водите на Охридското Езеро, кај Дебрцка плажа, има превртен пловен објект, полициски службеници на Полициската станица за граничен надзор “Охридско Езеро” веднаш излегоа на терен, информираат надлежните.

dobivaj vesti na viber

Појаснуваат дека по преземени мерки и активности околу 18.00 часот пловниот објект е пронајден на два километри од брегот и утврдено е дека станува збор за превртена едрилица – катамаран на која имало три лица.

Лицата на возраст од 53, 50 и 49 години, сите од Скопје, се пронајдени во непосредна близина, во добра здравствена состојба, без повреди, а според нивниот исказ причина за незгодата бил силен ветер.

Од страна на Езерската полиција, катамаранот е вратен во пловна состојба, а лицата се транспортирани на копно, до сместувачкиот објект.

Македонија

Има интерес од доктори што работат во приватните да се вратат во јавните здравствени установи, рече Таравари

Објавено пред

Има интерес од доктори што работат во приватните клиники да се вратат во државните, истакна министерот за здравство, Арбен Таравари, на денешната прес-конференција по повод 100 дена нова Влада.

dobivaj vesti na viber

„Имаше забрана од тогашната влада од јули или авуст 2022 година да не може од приватните да преминат во јавните здравствени установи. Пред три недели помина на Влада да се тргне таа забрана и сега подготвуваме правилник во Министерството за здравство. Не може сите доктори, туку само оние што се специјалисти, како фармацевти, стоматолози, анестезиолози, радиолози, но само доколку директорот на клиниката ни каже дека има потреба од тие кадри, а тие се докажани и во одреден период заминале и сега гледаат надеж во јавното здравство и сакаат да се вратат. Само кај мене се јавиле 10-ина доктори колеги, кои се врвни стручњаци во нашата држава и полека почнуваме да ги враќаме“, посочи министертот Таравари.

Според него, ова е навистина добар чекор и се надева дека в година ќе се продолжи со враќање на докторите во државните здравствени установи.

Таравари додаде и дека унапредувањето на здравствената заштита на сите граѓани било главен приоритет во изминатите 100 дена.

„За таа цел, заедно со нашиот тим во континуитет сме посветени да им излеземе во пресрет на потребите на пациентите и на сите фактори во здравствениот систем во Македонија. Позитивната листа мислам е најглавната работа што ја реализиравме. Се работи за 9 нови генерички лека, односно вкупно 87 лека во разни пакувања. Реализиравме заштеда со укинување на економските директори. По нормална процедура ја поминавме во Владата претходно, потоа и во парламентот и сега на сите клиники и во сите болници што имаат над 1.000 вработени практично имаме по еден директор“, рече министерот Таравари.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Најмалку пет лица загинаа во поплава во БиХ, три лица се изчезнати

Објавено пред

Најмалку пет лица загинаа во поплавите и свлечиштата што ја погодија населбата Јабланица на југот на Босна и Херцеговина, според неофицијалните информации што ги објави „Дневни аваз“.

dobivaj vesti na viber

Сојузната управа за цивилна заштита (FUCZ) изјави за „Аваз“ дека испратиле барања до Федералното министерство за внатрешни работи и вооружените сили на Босна и Херцеговина за помош.

Се нагласува дека Сојузното министерство за внатрешни работи најави дека ќе испрати своја специјална полициска единица.

Состојбата на подрачјето на Јабланица е критична. Според информациите на „Дневни аваз“, најмалку три лица исчезнале во областа Долна Јабланица и во Злата.

Прикажи повеќе...

Топ

Загина 15-годишно момче на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка

Објавено пред

Вчера околу 21:40 чсаот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка во населбата Карпош се случила сообраќајна несреќа со трагичен крај. Малолетник загина додека негов врсник се здобил со тешки телесни повреди. Во несреќата учествувало возило „бмв” со албански национални ознаки и мотоцикл ,,јамаха”.

dobivaj vesti na viber

„Вчера околу 21.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистрален пат Куманово – Крива Паланка, во населба Карпош – Куманово, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „бмв“ со албански национални ознаки, управувано од И.Б.(37) од Скопје и мотоцикл „јамаха“ управувано од малолетник од Куманово. Во незгодата, од здобиените повреди на местото починал 15 – годишен сопатник на мотоциклот од Куманово, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека, 16-годишниот возач на мотоциклот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово, информираше полицијата.

Увид на местото на несреќата извршиле екипа од СВР Куманово и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција, возачот на патничкото возилот бил лишен од слобода, а возилото и мотоциклот биле предадени на вонреден технички преглед.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Има интерес од доктори што работат во приватните да се вратат во јавните здравствени установи, рече Таравари

Има интерес од доктори што работат во приватните клиники да се вратат во државните, истакна министерот за здравство, Арбен Таравари,...

Регион3 часа

(Видео) Најмалку пет лица загинаа во поплава во БиХ, три лица се изчезнати

Најмалку пет лица загинаа во поплавите и свлечиштата што ја погодија населбата Јабланица на југот на Босна и Херцеговина, според...

Топ4 часа

Загина 15-годишно момче на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка

Вчера околу 21:40 чсаот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка во населбата Карпош се случила сообраќајна несреќа со трагичен крај. Малолетник...

Македонија4 часа

„Филипче и по цена на животот на граѓаните не се откажуваше од тендерите, така во модуларната во Тетово изгореа 14 граѓани“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„За да одиме напред, мора да имаме информации за минатото, поточно што ни остави владата на СДС. Актуелниот претседател на...

Свет5 часа

Објавена фотографија од човекот поради кој Израел синоќа и утрово го бомбардира Бејрут

Израелските напади во Бејрут во четвртокот доцна вечерта и денеска рано наутро по локално време беа насочени кон Хашем Сафиедин...

Македонија5 часа

„Анима мунди“: Со огнено оружје во Визбегово осакатени миленици, се убиваат животни од локален психопат

„Видете ги овие грозоморни фотографии: кошмар преживуваат животни и жители на Визбегово од локален психопат, кој стрела по живи цели,...

Свет5 часа

Експлозии во Бејрут, Израел продолжува да напаѓа: гаѓани бункери, цел бил човек кој би можел да стане нов лидер на Хезболах

Околу полноќ Израел изврши напад врз подземен бункер во јужните предградија на Бејрут, каде што се одржуваше состанок, на кој...

Свет5 часа

Бајден: Не верувам дека ќе има сеопфатна војна на Блискиот Исток

Американскиот претседател Џозеф Бајден рече дека верува оти може да се избегне сеопфатна војна на Блискиот Исток, наведувајќи дека треба...

Свет5 часа

Ким Џонг-ун се закани со нуклеарен одговор доколку се наруши суверенитетот на Северна Кореја

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека неговата земја нема да се двоуми да ги употреби сите расположливи офанзивни сили,...

Свет17 часа

Макрон: ЕУ може да умре ако не стане поконкуретнтна со САД и Кина

ЕУ може да умре ако не стане поконкурентна со САД и Кина, предупреди францускиот претседател Емануел Макрон. „Унијата регулира премногу,...

Македонија18 часа

(Видео) Во Прилеп утре Ден на жалост, по трагичната несреќа во која загинаа три медицински лица

Во Прилеп, утрешниот ден се прогласува за Ден на жалост поради трагично загинатите медицински лица, кои утрово ги загубија животите...

Скопје22 часа

Кривичната од МВР е политички мотивирана, градежната дозвола за тениските терени е од времето на Груевски, тврди Општина Карпош

По повод информацијата дека Одделот за криминалистичка полиција при Министерството за внатрешни работи поднело кривична пријава против една скопска општина...

Македонија23 часа

Мицкоски по најавите за протести од ДУИ: Доколку од мирни и демократски, преминат во насилство, ние мораме да ги одбраниме институциите

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека омекнала реториката на ДУИ, која сега најавува протести откога првичните обиди за дестабилизација ѝ биле...

Македонија1 ден

Радиолог, гинеколог и радиолошки технолог загинаа во сообраќајната несреќа кај Прилеп

Во тешката сообраќајна незгода на патот Прилеп – Битола загинаа радиолог, гинеколог и радиолошки технолог. Преку социјалните мрежи за нивната...

Македонија1 ден

За еден месец има шест пријави за врсничко насилство, Јаневска најави измени за психолозите и педагозите да си ја работат само својата работа

Министерството за образование, изминатиот месец, од почетокот на школската година, добило шест пријави за врсничко насилство, извести денес министерката Весна...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче префрлил 7 милиони евра од здравството на фирма на роднина

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини поранешната власт предводена од СДСМ и ДУИ за несоодветно управување со здравствениот систем во земјата. Актуелниот претседател...

Топ1 ден

Условна за скопјанец, од омраза нападнал припадник на ЛГБТ-заедницата, го удирал со клоци и тупаници по главата и телото

По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Скопје, Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда врз основа на признание на вина...

Топ1 ден

ЦУК: Пожарот во зградата во Чаир е комплетно изгасен, состојбата допрва треба да се утврдува

Во 06.00 часот, денеска е добиена информација од БППЗ на Град Скопје дека пожарот се уште бил активен и на...

Топ1 ден

Тројца починати на лице место, возачот на камионот повреден во сообраќајката на патот Припеп-Битола

Tри лица загинаа, а еден е повреден во сообраќајната несреќа што утрово после 7 часот се случи на магистралниот пат...

Свет1 ден

Си-ен-ен: Русија го зазеде клучниот град Вугледар во источна Украина, војници мавтаа со руско знаме над урнатините

Русија го зазеде клучниот источноукраински град Вугледар ставајќи крај на повеќемесечниот отпор, а снимките потврдени од Си-ен-ен покажаа војници како...