Европа
Кинескиот претседател Џјинпинг повика на поголема борбена готовност на армијата

По неколкумесечни засилени вежби за проектирање на воената моќ, кинескиот претседател Шји Џјинпинг, говорејќи пред 96-годишнината од Народноослободителната армија им порача на кинеските вооружени сили да ја забрзаат модернизацијата.
Во своето обраќање, тој рече дека војската мора да ја прошири борбената готовност објави официјалната новинска агенција „Ксинхуа“.
„Мораме да притиснеме за нова опрема и нови сили за да го забрзаме формирањето на борбените способности и да се интегрираме во борбениот систем“, рекол Шји во обраќањето до Западната воена команда на Народноослободителната војска.
По повод одбележувањето на годишнината официјалниот дневен весник, PLA пренесува изјава во која тој рекол дека војската „ја зајакнала својата способност да извршува различни воени задачи во поширока област“.
Некои аналитичари велат дека потезите ја одразуваат перцепцијата на Кина за зголемените надворешни закани од Соединетите Американски Држави и нивните сојузници и дека Пекинг ја зголемува својата воена моќ за да испраќа политички пораки.
„Причината е едноставна – светот не е мирен, а надворешното опкружување со кое се соочува Кина продолжува да се влошува“, рече кинескиот воен аналитичар Сонг Жонгпинг, нагласувајќи го зголемениот интензитет и зачестеноста на кинеските вежби.
САД, исто така, го прошируваат своето регионално присуство и ги зајакнуваат врските со долгогодишните сојузници и поновите пријатели – што ги поттикна повиците од кинеските власти дека Вашингтон треба да се држи подалеку од кинескиот брег доколку продолжи дијалогот меѓу двете војски, анализираат познавачите.
Дру Томпсон, виш соработник во посета на Факултетот за јавна политика Ли Куан Ју на Националниот универзитет во Сингапур, изјави за Ројтерс дека вежбите на Кина се повеќе политичка отколку воена порака.
„Сè што прави PLA е инхерентно политичко. Кога кинеската војска спроведува вежба, таа покажува сила“, дава или испраќа порака до други земји“, рече Томпсон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Кремљ: Договорен распоредот за разговорите Путин – Трамп, ќе има и прес-конференција

Договорен е распоредот за разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, изјави советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Тој рече дека тоа ќе биде приватна средба, со преведувачи, за време на која ќе се дискутираат чувствителни прашања.
Централна тема на состанокот ќе биде решавањето на кризата во Украина, но двајцата лидери ќе разговараат и за трговската и за економската соработка, рече Ушаков.
Средбата ќе почне во 11.30 часот по локално време, а времетраењето на разговорите ќе зависи од тоа како ќе се одвива дискусијата, рече Ушаков.
На крајот од самитот двајцата ќе одржат заедничка прес-конференција. Трамп и Путин ќе имаат и поширок состанок со делегациите и работен појадок, објави „Скај њуз“.
Европа
(Видео) Зеленски пристигна на средбата со британскиот премиер

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна на Даунинг стрит, каде што беше пречекан од британскиот премиер Кир Стармер, објави „Скај њуз“.
Даунинг стрит не даде многу детали за темите на нивните разговори, но средбата се случува само еден ден пред американскиот претседател Доналд Трамп да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на Алјаска за да разговараат за прекин на огнот во Украина.
BREAKING: Volodymyr Zelenskyy arrives at Downing Street and is greeted by Sir Keir Starmer.
The meeting comes just a day before Donald Trump meets Vladimir Putin in Alaska to discuss a ceasefire in Ukraine.https://t.co/rrfAtUSjPC
📺 Sky 501 and YouTube pic.twitter.com/tk9jzCellw
— Sky News (@SkyNews) August 14, 2025
Двајцата мажи се прегрнаа и се ракуваа игнорирајќи ги прашањата од новинарите пред да влезат внатре, објави „Скај њуз“.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Балон на топол воздух се урна во Холандија: еден загинат, петмина повредени

Едно лице загина, а петмина се повредени кога балон на топол воздух се урна на ливада во северната холандска покраина Фрисланд доцна синоќа, соопштија локалните власти. Балонот превезувал 34 патници.
„Балонот на топол воздух одеднаш падна околу 21 часот и силно удри на земјата“, соопштија властите на Фрисланд додавајќи дека полицијата почнала истрага за несреќата.
Портпаролот на Кралското холандско воздухопловно здружение изјави за локалните медиуми дека ненадеен налет на ветер предизвикал балонот силно да удри на земјата предизвикувајќи корпата да отскокне и исфрлајќи пет лица од него.