Македонија
„Демократско движење“ е името на новата политичка партија предводена од Изет Меџити
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/04/izet-medziti-1.jpg)
Името на новата политичка партија на Изет Меџити ќе се вика „Демократско движење“.
„Демократско движење ќе биде името на новата политичка партија, која пред неколку денови ја најави пратеникот Изет Меџити.“- стои во соопштението испратено до медиумите.
„Името беше објавено денеска по завршувањето на рокот за давање идеи од граѓаните преку онлајн платформата www.lëvizja.mk. Инаку, партијата Демократско движење официјално ќе биде промовирана на 13 август, се додава во соопштението.
Меџити беше еден од предводниците на „огнената група“ во ДУИ. Откако имаше разидувања и во редовите на „огнените“ Меџити го најави формирањето на новата партијата.
Изет Меџити предводникот на новото политичко движење кој неодамна излезе од ДУИ се сретна со лидерите на Беса и Алтернатива, Билал Касами и Африм Гаши. Тие како што информираа подоцна со Касами на социјалните мрежи, разговарале за принципите на нивната идна соработка со која треба да ја обединат албанската опозиција во државата.
Меџити појасни и дека со лидерот на ДУИ Али Ахмети немал контакт веќе осум месеци, по ѕидот, кој, како што вели, се издигнал меѓу нив.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
„Охридското крајбрежје заробено од непознати изведувачи“, партијата Левица со барање за инспекциски надзор
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/FB_IMG_1720432458217.jpg)
Партијата Левица извести дека од група граѓани добиле информации за узурпација на охридското крајбрежје со поставување лежалки, педалинки, тезги и друга урбана опрема.
„Партијата Левица поднесе барање за вонреден инспекциски надзор до Управата за јавни приходи, Комунална инспекција и Пазарна инспекција за да се утврди дали поставените лежалки, чадори и летни реквизити од баровите на плажите е во согласно со законите за доделување концесии во Република Македонија“, се вели во соопштението на партијата Левица.
„Потсетуваме дека пред неколку месеци, пред почетокот на летната сезона, политичката партија Левица реагира поради градежни зафати на самиот езерески брег кај Канео и поднесе иницијатива за вршење вонреден инспекциски надзор. Од инспекциската служба доби одговор дека се гради од непознат сторител, што е јасен сигнал дека и инспекциските служби се соучесници во организираното заробување на Охридското Езеро од страна на концесионерите“, се додава во соопштението.
Македонија
Валбон Лимани избран за в.д. градоначалник на општина Гостивар
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/limani1.jpg)
Советот на Општина Гостивар денеска одржа вонредна седница, на која со 22 гласа „за“ и 8 „против“ за вршител на должноста градоначалник на Гостивар беше избран Валбон Лимани.
Во своето излагање новоизбраниот градоначалник Валбон Лимани им се заблагодари на советниците за досегашната доверба и соработка.
„Не можам да не ви се заблагодарам за довербата која штотуку ми ја дадовте. Сите сме обединети за заеднички идеал. Ве сметам за тим и не ве разликувам по партиска, верска или етничка припадност. Сите исто ве гледам, гостиварци! Овој Гостивар треба да блесне за сите генерации што доаѓаат и за сите оние што го сакаа, а веќе не се меѓу нас“, рече Лимани додавајќи дека Гостивар е негова лична мисија, а со тоа и благосостојбата на сите негови жители.
Исто така, на истата седница за прв човек на Советот на Општина Гостивар е избран советникот Намик Дурмиши.
Македонија
Претседателката Силјановска-Давкова прими претставници на Фондацијата „Конрад Аденауер“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/1-1-2.jpg)
Претседателката Гордана Силјановска-Давкова денеска ги прими Даниел Браун, официјалниот претставник на Фондацијата „Конрад Аденауер“ во Скопје и проектниот менаџер, Давор Пашовски.
На средбата беше разговарано за активностите и проектите на Фондацијата „Конрад Аденауер“ фокусирани на унапредувањето на демократијата, владеењето на правото, економскиот развој и зајакнувањето на граѓанското општество. Претседателката Силјановска-Давкова изрази задоволство од севкупната поддршка на Фондацијата и плодната соработка во овие области, како едни од клучните предуслови за македонската евроинтеграција.
Осврнувајќи се на континуираниот придонес на Фондацијата во организирањето на обуки, конференции и дебати посветени на младите, претседателката ја нагласи подготвеноста за натамошно продлабочување на соработката во реформските процеси на земјата и усогласувањето со европските стандарди.