Европа
Заврши состанокот за Украина во Саудиска Арабија
Разговорите за војната во Украина завршија вчера во Џеда, при што учесниците се согласија за важноста од продолжување на консултациите за да се отвори патот за мир, се вели во последната изјава објавена од Саудиска Арабија.
Висок украински функционер претходно вчера изјави дека разговорите во Саудиска Арабија за напорите да се придвижи кон мирно решавање на војната со Русија биле продуктивни, но Москва го нарече состанокот неуспешен обид да се приклони глобалниот југ кон Киев.
На разговорите во Џеда, кои требаше да завршат без писмена изјава, учествуваа повеќе од 40 земји, меѓу кои Кина, Индија, САД и бројни европски земји, со исклучок на Русија.
Украина и нејзините сојузници појаснија дека преговорите во Џеда се обид да се гарантира широка меѓународна поддршка за клучните принципи за мирен крај на војната во Украина, што значи повлекување на сите руски трупи од Украина и враќање на целата украинска територија на Контрола на Киев.
Претседателот Володимир Зеленски истакна дека сака глобалниот самит врз основа на споменатите принципи да се одржи подоцна во текот на годината. Сепак, осумнаесет месеци по почетокот на руската инвазија на Украина, сите изгледи за директни мировни преговори меѓу Киев и Москва изгледаат далечни, пренесува Ројтерс.
Руските државни медиуми во неделата ја пренесоа изјавата на рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, кој рече дека состанокот ги „одразува напорите на Западот да продолжи со залудни, на пропаст осудени напори“ насочени кон мобилизирање на Глобалниот југ зад позицијата на украинското раководство.
Зеленски: Забележуваме значителни резултати
Во обраќањето во неделата вечерта, Зеленски рече дека Украина гледа „значајни резултати“ од американските и германските системи за воздушна одбрана и покрај брановите руски воздушни напади за кои Киев вели дека се насочени кон цивили и станбени згради.
Русија објави дека соборила беспилотно летало кое се движело кон Москва во третиот таков напад во една недела, додека официјални лица од двете страни рекоа дека Украина погодила два моста што го поврзуваат Крим со копното.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Лавров: Западот мора да разбере дека Русија има стратешка иницијатива во Украина
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју објавено вчера вечер изјави дека Западот мора да разбере дека Русија има стратешка иницијатива во Украина, додека разговорите за можно решение за ставање крај на војната продолжуваат.
Лавров за новинската агенција РИА изјави дека Западот мора да се помири со реалноста на теренот речиси четири години по почетокот на руската инвазија на Украина, која ја опиша како „Специјална воена операција“.
Тој рече дека Соединетите Американски Држави сега ја поддржуваат идејата, која им стана јасна на сите, дека се потребни нови избори со истекот на мандатот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Лавров, исто така, повтори дека решението бара крај на секоја идеја за присуство на НАТО во Украина и дека земјата мора да прифати неутрален, неврзанички статус.
Европа
Медведев: Зеленски ќе мора да се крие до крајот на животот
По нападот со беспилотни летала врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во регионот Новгород, Володимир Зеленски ќе мора да се крие до крајот на животот, напиша Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Рускиот совет за безбедност.
„Овој смрдлив киевски гад се обидува да го саботира решавањето на конфликтот“, напиша Медведев во објавата.
The stinking Kiev bastard is trying to derail the settlement of the conflict. He wants war. Well, now at least he’ll have to stay in hiding for the rest of his worthless life.
— Dmitry Medvedev (@MedvedevRussiaE) December 29, 2025
Медведев, исто така, напиша дека Зеленски „сака војна“ и дека сега ќе мора да се крие „до крајот на својот безвреден живот“.
Европа
(Видео) Лукашенко се судри со играч за време на натпревар во хокеј: снимката од неговото паѓање стана вирална
71-годишниот белоруски претседател Александар Лукашенко падна на мразот за време на натпревар во хокеј. Снимката од инцидентот стана вирална на социјалните мрежи.
Снимката покажува како хокеар со број 68 случајно го удира Лукашенко, кој го носеше дресот со број 01, во грбот. По судирот, Лукашенко ја изгуби рамнотежата и падна на мразот, удирајќи ја главата на лизгалиштето.
Во тимот на Лукашенко, дресот со број 68 го носеше Јарослав Чуприс, поранешен играч на белоруската репрезентација. По падот, натпреварот беше накратко прекинат, а Чуприс побрза да му помогне на Лукашенко да стане. Неколку играчи од тимот, исто така, дојдоа до него.
Lukashenko spectacular fall on the ice — like a sack of potatoes 🤣
The ageing hockey player lost his balance, dropped his stick, fell on his back and managed to get up only with the help of another player — who had a unique chance to give Belarusians a perfect New Year’s gift. pic.twitter.com/d9oeuZdseA
— NEXTA (@nexta_tv) December 28, 2025
„Типична работна ситуација: мора да ги зајакнете сопствените редови за другите да размислат двапати. Сè е во ред. Се чувствувам добро, освен истегнатиот мускул на грбот. Се подготвувам за следниот натпревар“, рече Лукашенко по натпреварот.
Канцеларијата за односи со јавноста на Лукашенко објави дека натпреварот завршил нерешено 5-5 и дека синот на Лукашенко, Николај, го израмнил резултатот со гол триесет секунди пред крајот.

