Контакт

Свет

Најскапата плажа во Грција е на Миконос: листа на плажи, каде што една вечер чини стотици евра

Објавено пред

Плажата „Платис Гијалос“ на грчкиот остров Миконос е една од најскапите во светот, пишува Travel Mag.

dobivaj vesti na viber

Оваа плажа е на седумнаесеттото место на листата на најскапи плажи за посета, а најевтиното сместување во двокреветна соба во блискиот хотел или гостилница чини во просек 270 евра за ноќ.

Миконос е еден од најпопуларните острови што ги посетуваат туристите кога доаѓаат во Грција. Познат по своите прекрасни плажи, островот е омилено место за оние што бараат место за одмор.

Истражувањето на Travel Mag опфати глобални дестинации, кои исполнуваат одредени критериуми, тие мораа да се пофалат со најмалку дваесет хотели и гостилници и да имаат барем една плажа. Предвид е земена и цената на сместувањето околу плажата.

Списанието ја пресмета просечната цена на најприфатливата двокреветна соба во секоја дестинација за август 2023 година. За да се обезбеди квалитет, земени се предвид само хотелите со минимална оцена од три ѕвездички и лоцирани во близина на центарот на градот.

На врвот на листата води Нантакет Таун, кој се наоѓа на островот Нантакет, јужно од Кејп Код во Масачусетс (САД), со просечна цена за ноќевање од 650 евра. Следува Позитано, сместено на брегот Амалфи во јужна Италија, каде што просечната цена за ноќевање е 437 евра за ноќ. Монтаук, село на полуостровот Лонг Ајленд (САД), е на третото место со просечна цена од 434 евра за ноќевање за најевтината двокреветна соба.

Забележливо е дека американските држави доминираат на листата со единаесет од дваесетте најскапи дестинации на плажа.

Другите девет дестинации се во Европа.

Регионот на Нова Англија е претставен со пет дестинации: Нантакет Таун, Кенебанкпорт, Провинтаун, Бар Харбор и Портланд. Сен Тропе, реномираното француско одморалиште, го обезбедува четвртото место како четврта најскапа плажа во светот, со просечна цена за ноќевање од 400 евра. Монако, град држава лоциран на француската ривиера, исто така се најде на листата, рангирана на деветтото место според трошоците. Италија има четири града на плажа на оваа листа: Позитано, Капри, Амалфи и Санта Маргерита Лигуре.

Регион

(Видео) Турист падна во базен откако му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Објавено пред

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот.

dobivaj vesti na viber

Снимка од инцидентот кој можел да заврши трагично беше објавена на популарната страница Подгорички времеплов, со опис:

„Туристот имал многу среќа што поминал без повреди. Имено, станува збор за странски државјанин кој во Бечичи останал неповреден кога поради силен ветер се откопчал падобранот што го влечел глисер. Туристот паднал во базен. Станува збор за адреналинскиот спорт парасејлинг.“

Полицијата, според досегашните информации, не добила пријава за овој инцидент.

 

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Огромни поплави во Пекинг, триесет загинати

Објавено пред

Триесет лица загинаа вчера во Пекинг кога обилни врнежи ја погодија кинеската престолнина, јави денес официјалната новинска агенција.

dobivaj vesti na viber

Смртни случаи се регистрирани во планинските северни окрузи на Пекинг – 28 во Мијун и двајца во Јанќинг. Државните медиуми не прецизираа на кој начин луѓето загинале. Обилните врнежи почнале за време на викендот и вчера се засилиле околу Пекинг и околните провинции. Во северните окрузи на главниот град наврнале до 543,4 мимиметри врнежи, објави државната агенција.

Поради дождот, Пекинг пресели 80.322 жители, соопшти новинската агенција Синхуа. Патиштата и комуникациската инфраструктура се оштетени, а 136 села останале без струја од полноќ.

Доцна синоќа, кинескиот претседател Си Џинпинг нареди сопфатна потрага и спасување со цел да се намали бројот на жртви на минимум. Пекинг вчера издаде предупредување за врнежи и поплави од највисок степен и ги советуваше граѓаните да не ги напуштаат своите домови.

Прикажи повеќе...

Свет

Северна Кореја: Вашингтон да ја прифати реалноста дека состојбата е сменета

Објавено пред

Северна Кореја смета дека желбата на САД за дијалог со неа ќе остане само „надеж“ сè додека Вашингтон не успее да ја прифати реалноста дека состојбата се изменила од времето на претходните самити меѓу двете земји, пренесе државната агенција „КЦНА“.

dobivaj vesti na viber

Ким Јо-џонг, моќната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, за која се верува дека зборува во име на својот брат, рече дека признава оти личниот однос меѓу Ким и американскиот претседател Доналд Трамп „не е лош“.

Но, ако Вашингтон има намера да го искористи тој личен однос како начин за ставање крај на севернокорејската нуклеарна програма, таквиот напор ќе биде само предмет на „исмевање“, изјави Ким Јо-џонг во соопштение пренесено од „КЦНА“.

Американскиот претседател Доналд Трамп останува отворен за соработка со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун со цел целосно укинување на севернокорејската нуклеарна програма, изјави вчера функционер од Белата куќа, откако Северна Кореја рече дека го отфрла секој обид за оспорување на нејзиниот статус на нуклеарна држава.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет41 минута

(Видео) Огромни поплави во Пекинг, триесет загинати

Триесет лица загинаа вчера во Пекинг кога обилни врнежи ја погодија кинеската престолнина, јави денес официјалната новинска агенција. Смртни случаи...

Македонија10 часа

(Видео) Македонецот кој спречи терористички напад во авион: „Реагирав инстинктивно“

На летот од Лондон до Глазгов се случи инцидент, откако еден од патниците извика дека има бомба, со слогани „Смрт...

Свет12 часа

Трамп го скрати рокот: Му давам на Путин уште 10 до 12 дена

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го скратува претходниот рок од 50 дена што му го дал на рускиот претседател...

Регион14 часа

Пожари беснеат на Балканот: илјадници се евакуирани, гори и во близина на популарна туристичка дестинација во Албанија

Пожарникарите денес се обидуваат да изгаснат шумски пожари во три одделни покраини во Турција, Грција, во близина на туристичка дестинација...

Македонија17 часа

И јас ќе ги прашам Фетаи и Меџити дали користеле службени возила за приватни или партиски цели, вели Мицкоски

Десет дена по медиумските објави, во кои се гледаат службени возила на вицепремиерите Изет Меџити и Арбен Фетаи нешто пред...

Македонија18 часа

Мицкоски за интерпелацијата на Коцевски: Јас не ги менувам ставовите преку ноќ

На еден ден пред расправата за интерпелацијата на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, поднесена од партијата Левица, премиерот Христијан Мицкоски...

Македонија23 часа

Споменик на Андон Лазов Јанев-Ќосето поставен на кружниот тек во Автокоманда

Споменикот на Андон Лазов Јанев – Ќосето, кој беше отстранет од пред комплексот судови, е поставен на кружниот тек во...

Спорт23 часа

(Видео) Македонски судија нападнат на кадетското Европско првенство во бокс

Извор и фото/ b92.net Заврши Европското првенство за кадети и кадетки (ученици на возраст од 13 и 14 години), кое...

Македонија23 часа

Во изминатото деноноќие имало 51 пожар во Македонија, денеска активни осум

Во текот на изминатото деноноќие, 27/28.07, на територијата на Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 51 пожар, од кои осум се...

Свет1 ден

Рубио: Трамп го губи трпението со Путин, размислува за драстични мерки

Претседателот на САД, Доналд Трамп, е сè повеќе фрустриран од недостатокот на напредок на Русија кон мировниот договор и сега...

Регион1 ден

Вучиќ: Србија нема да воведе санкции против Русија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Србија нема да воведува санкции кон Русија и дека ќе се држи до...

Свет1 ден

САД и ЕУ постигнаа договор за царините

Соединетите Американски Држави и Европската Унија постигнаа рамковен трговски договор, објавија американскиот претседател Доналд Трамп и претседателката на Европската комисија,...

Македонија1 ден

Паника во Катланово и Петровец поради голем пожар, Ангелов смирува дека нема опасност да се запали бензинската

Попладново пожар изби и помеѓу Катланово и Петровец. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов вечерва во видео-изјава...

Македонија2 дена

И војниците на АРМ ќе се вклучат во гаснење на пожарот во кривопаланечкото село Нерав

Пожарот во кривопаланечкото село Нерав уште е активен, на терен се повеќе екипи на територијалните противпожарни единици од Крива Паланка...

Топ2 дена

Силувани деца на возраст од 3 и 10 години во Гостивар, мајката ги снимила и видеото го пратила на таткото

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против мајка од гостиварско за која постои основано сомнение дека...

Македонија2 дена

Ангелов: До 13:30 часот се евидентирани 16 пожари на отворен простор

До 13:30 часот на 27 јули 2025 година, на територијата на државата се евидентирани вкупно 16 пожари на отворен простор,...

Македонија2 дена

Хеликоптерска акција во Штип: Полициски службеници спасија повреден војник од борбата со пожарот

Во време кога летните горештини го зголемуваат ризикот од пожари, а бројот на активни огнени жаришта се зголемува ширум државата,...

Македонија2 дена

Шумскиот пожар во Крива Паланка се шири кон куќите, екипите се на терен

Шумскиот пожар што од вчера напладне зафати над 50 хектари борова шума во кривопаланечкото село Нерав, според информациите од Општина...

Uncategorized2 дена

Пожарникарите неуморно и секојдневно на терен, во едно деноноќие се гасеа 33 пожари

Во текот на изминатото деноноќие евидентирани се вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои 12 се активни, пет се...

Регион2 дена

Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките...