Свет
(Видео) Урнати згради во силен земјотрес што ја потресе Кина, повредени 21 лице

Најмалку 21 лице се повредени, а 126 згради се урнале по земјотресот со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала, што денеска ја погоди источната кинеска провинција Шандонг, јави кинеската државна телевизија, цитирана од „Ројтерс“.
Земјотресот се почувствувал во 2.33 часот по локално време. Бил на длабочина од 10 километри во близина на областа Пингјуан во градот Дежоу, соопшти Кинескиот сеизмолошки центар.
Кинеската железничка компанија запре некои возови, вклучително и на релацијата Пекинг – Шангај поради земјотресот, објави државната телевизија.
Земјотресот бил почувствуван дури и во градовите Пекинг и Шангај, на околу 800 километри од епицентарот. Земјотресите не се невообичаени во Кина, но тие ретко го погодуваат источниот дел на земјата, каде што живее најголемиот дел од населението и се наоѓаат поголемите градови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп вели дека „Крим ќе остане руски“, Зеленски му одговори

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес јасно го отфрли тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека „Крим ќе остане во Русија“, велејќи дека полуостровот ѝ припаѓа на Украина.
„Нашиот став е непроменет: само украинскиот народ има право да одлучи кои територии ѝ припаѓаат на Украина“, изјави Зеленски пред новинарите во Киев, додавајќи: „Уставот на Украина вели дека сите привремено окупирани територии… ѝ припаѓаат на Украина, на украинскиот народ“.
Изјавата на Зеленски дојде откако Трамп во интервју за списанието „Тајм“, објавено денес, рече дека „Крим ќе остане со Русија“.
Трамп додаде дека „Зеленски го разбира тоа“ и дека „сите разбираат дека [Крим] е со нив долго време“, мислејќи на Русија. Крим е стратешки важен полуостров во јужна Украина што Русија нелегално го анектираше во 2014 година. Зеленски постојано ја отфрла идејата за признавање на регионот како руски.
Европа
Зеленски: Подготвени сме да разговараме за територија, но само под еден услов

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денес дека Украина ќе биде подготвена да разговара за територијални прашања како дел од мировните преговори, но само откако Русија ќе се согласи на целосен и безусловен прекин на огнот.
„Целосно и безусловно примирје отвора можност да се разговара за сè“, изјави Зеленски пред новинарите во Киев.
Тој ја коментираше и изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој во интервју за „Тајм“ изјави дека „Крим ќе остане со Русија“.
„Она што го кажува претседателот Трамп е вистина. Се согласувам со него дека денес немаме доволно оружје за да ја вратиме контролата врз Кримскиот Полуостров“, рече Зеленски.
Да потсетиме дека украинските претставници претходно решително ја отфрлија можноста за какви било територијални отстапки во замена за мир со Русија.
Европа
(Видео) Кремљ: Украинците убија генерал со автомобил-бомба во Москва

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја обвини Украина за денешниот напад со автомобил-бомба во Москва, во кој беше убиен рускиот генерал Јарослав Москалик.
„Киевскиот режим уште еднаш ја покажа својата вистинска природа. Киевскиот режим продолжува да се вклучува во терористички активности во нашата земја“, рече Песков. „Ова уште еднаш покажува дека, и покрај мировните преговори, мора да останеме будни и да разбереме со каков режим си имаме работа“, додаде тој.
Video allegedly showing the moment Major General Yaroslav Moskalik, deputy chief of the Main Operations Directorate of the General Staff of the Russian Armed Forces, is killed by an IED planted in a VW car in a suburb of Moscow. pic.twitter.com/dg80a3CAwm
— Euan MacDonald (@Euan_MacDonald) April 25, 2025
Украинските власти сè уште не дадоа коментар за нападот. Претседателот Володимир Зеленски денес, по рускиот ракетен напад врз Киев во кој загинаа 12 цивили, повика на дополнителен притисок врз Москва.