Регион
(Видео) Драва во Хрватска „проголта“ цела населба
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/08/ТР.jpg)
Во стариот дел на Шодерица на истоименото вештачко езеро во Хрватска, во таканаречениот Кетер, најдојдената река Драва ја „проголта“ целата населба, пишува еПодравина.
Се гледаат само покривите на куќите над површината на водата и неколку напуштени чамци.
Драва во Хрватска продолжува незапирливо да расте. Според податоците на мерната станица, од 15 часот во понеделник до 9 часот во вторник, нивото на водата е зголемено за речиси 70 сантиметри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
Голема воена вежба во Србија: 1.500 војници, беспилотни летала, оклопни транспортери, хеликоптери…
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/srpska-vojska-2.jpg)
Српската армија ја изведува заедничката тактичка вежба „Огнен удар 2024“ на полигонот „Пасуљанска ливада“.
Се вежба извршување на борбени дејствија со употреба на беспилотни летала за извидување и огнена поддршка, соопшти српското Министерство за одбрана.
Општите цели на вежбата се подобрување на способноста за собирање и дистрибуција на разузнавачки податоци, зголемување на ефикасноста на огнената поддршка на современото бојно поле и проверка на функционалноста на организацијата и единиците на армијата.
Во вежбата учествуваат единици на копнената армија, воздухопловство, противвоздушна одбрана, сили за специјални операции и контраелектронско војување и експерти од Воено-техничкиот институт, јавува Нова.рс.
Беа ангажирани околу 1.500 војници и повеќе од 300 борбени средства, вклучително и оние кои се во процес на модернизација, развој и тестирање.
Вежбата ќе трае две недели. Врз основа на вежбата ќе се утврдат ограничувањата и потребите за развој на нови тактички принципи, ќе се проверува можноста за заштита и одбрана од напади од воздушен простор и ќе се утврдат потребите за развој на нови софтверски и хардверски решенија.
Регион
Земјотрес ја погоди Црна Гора
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/zemjotres-cg.jpg)
Земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала го потресе подрачјето на Црна Гора, јавува ЕМСЦ.
Епицентарот на земјотресот бил во близина на границата со Босна и Херцеговина, на околу 25 километри источно од Гацко, а бил почувствуван и на територијата на Херцеговина. Земјотресот е регистриран на длабочина од 9,2 километри.
Нема податоци за евентуална материјална штета предизвикана од земјотресот.
Регион
(Видео) Паднати дрвја, скршени клупи, водопади: невремето го опустоши Белград
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/nevreme-dozd.jpg)
Белград денеска повторно го зафати силно невреме.
Според локалните медиуми, градските улици се поплавени, паднаа многу дрвја, а многу возила се оштетени.
Невремето собори огромни дрвја и во близина на Музејот на Југославија.
Поради пороите заглавија многу возила. Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, изјави дека суперќелиските бури стануваат реалност.
„Мораме да ги прифатиме новите временски услови. Суперќелиските бури стануваат наша реалност. Имавме дури и среќа во споредба со регионот и светот. Загреб беше целосно уништен. Количеството на врнежи беше околу 55 литри на метар квадратен. Максималната е околу 60 литри. Ова е количината што вообичаено паѓа за еден месец“, изјави Шапиќ.
Градоначалникот на Белград истакна дека канализацијата не може да прими поголемо количество дожд и дека тоа е проблем и во многу побогатите области и градови.
„Имавме над 250 интервенции од нашите комунални претпријатија, 1.500 работници постојано се на терен, состојбата во градот се стабилизира“, додаде тој.
Дождот буквално предизвика колапс во Белград и делови од градот. Најлошо беше во општините Раковица и Чукарица. Во првиот буквално е создаден водопад, како што може да се види на видеата од социјалните мрежи, додека во Чукарица е снимен гејзер.
Градот беше целосно блокиран, а претходно невремето ги зафати и Рума, Нови Сад и Инџија.