Црна хроника
Акциска контрола во Битола: откриени шест диви таксисти, приведени две лица за недозволена трговија со девизи
Во текот на вчерашниот ден во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола, лишиле од слобода две лица, кои биле затекнати при вршење недозволена трговија, односно купопродажба на странски парични средства, без овластување од Народната банка на Република Северна Македонија и спротивно на одредбите од член 55 од Законот за девизното работење.
Притоа кај нив биле пронајдени 247.000 денари, 12.430 евра, околу 15.000 австралиски долари, 3.302 американски долара, 4.415 канадски долари и други валути.
Исто така, на 8.8.2023, криминалистичката полиција при СВР Битола на повеќе локации во Битола изврши контрола на повеќе патнички моторни возила, кои вршат превоз на патници и притоа биле затекнати шест патнички моторни возила што вршат превоз на патници без поседување лиценца за вршење јавен превоз. По документирање на случаите, против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Предложен притвор за 37-годишник за недозволено држење муниција
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка и предложи мерка притвор за 37-годишник осомничен за – Неовластено држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
На 30 октомври, при претрес во автомобилот на осомничениот на улицата “Кемал Сејфула”, биле пронајдени 100 куршуми со калибар 7,62Х39мм, наменети за испалување од различни видови огнено оружје.
Притворот е предложен поради опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото што му се става на товар.
Црна хроника
Уапсен германски државјанин на ГП Табановце, пронајдена дрога
Вчера во 17:30 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода А.К..(52) од Германија, затоа што при гранична контрола на патничко возило „мерцедес спринтер“ со германски национални ознаки, со кое патувал, пронајдени се марихуана, таблети и др..
А.К. е предаден на полициски службеници од СВР Куманово и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Несреќа на патот Охрид – Кичево: автомобил удри во 10-годишно дете, со тешки повреди пренесено во болница
Десетгодишно девојче од Кичево со тешки повреди е пренесено во болница откако во него удрил автомобил. Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера на патот Охрид-Кичево.
„На 30.10.2025 во 07:15 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, патничко возило „опел астра“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од И.С.(60) од с.Другово, кичевско, удрило во 10-годишна малолетничка од Кичево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Медицински центар Кичево“, велат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.

