Црна хроника
Приведен крадец во Штип, одзел пари од возило на фирма за брза пошта
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/06/MVR-policija.jpg)
Во текот на вчерашниот ден во 14.30 часот на ул.„Коле Крупишки“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода А.Ј.(23) од Штип.
Тој се сомничи дека претходно на ул.„Радански пат“ во Штип одзел пари од возило на фирма за брза пошта.
Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против А.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Црна хроника
Вадел пари од туѓа картичка без знаење на сопственикот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/10/bankomat.jpg)
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против З.Т.(59) од Пробиштип кој неовластено подигнал туѓи парични средства од банкомат.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, З.Т. се сомничи дека сторил кривично дело оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем.
„На 04.05.2024 пријавениот, искористувајќи го моментот кога оштетениот од банкомат на банка во Пробиштип не успеал да подигне парични средства и не се одјавил од системот, неовластено од неговата сметка подигнал парични средства во износ од 20.000 денари“, стои во соопштението од МВР.
Црна хроника
Двајца жители на Кочани копале злато во делчевско, го оштетиле културното наследство
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2020/05/Delcevo-1.jpg)
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против двајца жители на Кочани осомничени дека во атарот на село Очипала, делчевско, без да поседуваат дозвола за археолошки истражувања, започнале со проучување и пронаоѓање на знаци, со цел идентификување на место каде можат да бидат пронајдени вредни предмети и потоа да продолжат со ископување.
– Надворешна канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В.К.(53) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ и „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ и М.И.(59) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“, стои во соопштението од МВР.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, пријавените биле запрени од полициски службеници, а при преглед во возилото била пронајдена и одземена опрема и алат наменети за археолошки истражувања и ископ, кај второпријавениот биле пронајдени осум сребрени монети, а кај првопријавениот уште четири стари монети и два стари прстени.
– Со извештај од Управа за заштита на културното наследство, било констатирано дека четирите монети и двата прстени одземени од првопријавениот, претставуваат добро под привремена заштита, дополнуваат оттаму.
Црна хроника
Скопјанка ограбена, крадецот и украл златно ланче па се качил во автобус на Партизанска
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/05/jsp.jpg)
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 31-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело- Тешка кражба согласно 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик.
На 24 јуни, на улицата “Разловечко востание” во Скопје, во близина на супермаркет, осомничениот се доближил позади грб на една оштетена, ја фатил за левото рамо, а со другата рака и го скинал златното ланче со приврзок од вратот и го украл, стекнувајќи се со противправна корист од околу 30.000 денари. Со трчање избегал кон автобуска постојка на булеварот “Партизански одреди” и се качил во автобус.
Полициски службеници го лишиле од слобода 15 минути подоцна, на автобуската станица кај Симпо, при што кај него го пронашле украденото ланче.
Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, кој може да се даде во бегство или да го повтори делото.