Македонија
Во ВМРО-ДПМНЕ договориле стратегија за петок – пратениците немаат притисоци, но нема ни да гласаат за отворање на Уставот
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во петок, за кога е закажана пленарната седница за уставни измени, нема да гласаат за отворање на Уставот. Никола Мицевски, координатор на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, посочи дека стратегијата нема да ја најават, туку ќе остават сите да ја видат на лице место за време на седницата. Посочи дека со аргументи ќе објаснат зошто не гласаат. Мицевски кажува дека притисоци кон пратениците нема, а се надева дека предлогот ќе биде ставен на гласање, за да се види дека нема доволна поддршка.
„Пратеничката групата на ВМРО-ДПМНЕ имаше редовна координација овојпат пред самата седница каде е предложена точката за уставни измени. Остануваме на континуираниот став дека измени на Уставот во ваков формат, под бугарски диктат не се возможни и нема да поддржиме. Ставот го кажавме и на Комисијата, кога посочивме дека власта турка процес кој не е поддржан од граѓаните“, кажа Никола Мицевски, координатор на пратениците.
Посочи дека по ова се очекува одговорност.
„Овој процес ќе биде можност за сите се да уверат дека власта лаже и манипулира. Се е магла околу уставните измени и дека не се ни блиску до уставни измени. Тоа значи дека власта е разголена и дека нема друг адут освен лагите и манипулациите. Ова се случува секогаш кога народот ќе се потцени и кога личните интереси ќе бидат пред државата. Тие купуваа време со очекувања, а сега станаа жртви на своите лаги“, додаде тој.
Координаторот посочи дека немаат притисоци.
„Има поддршка од граѓаните и народот, кои секојдневно на улица не сретнуваат и ни кажуваат да истраеме“, додаде Мицевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

