Свет
Поранешниот шеф на ФБИ призна дека му помогнал на рускиот олигарх Дерипаска во собирањето информации за неговите противници

Поранешниот шеф на њујоршкиот огранок на американското Федерално биро за истраги (ФБИ), Чарлс Мекгонигал се изјасни за виновен што му помогнал на рускиот олигарх Олег Дерипаска да собере информации за неговите противници по неговото пензионирање.
Мекгонигал се пензионираше во 2018 година. За време на неговата кариера во ФБИ, тој се фокусираше на контраразузнавањето поврзано со Русија и истрагата за руските олигарси.
Во јануари оваа година тој беше уапсен и обвинет одделно во Њујорк и Вашингтон.
„Околу три години откако се пензионирав од ФБИ, додека живеев на Менхетен, се согласив да му дадам пристап до информации на Дериспаска за друг руски олигарх, Владимир Потанин“, рече Мекгонигел.
Тој додаде дека примил 17.500 долари кои ги испрал преку две фирми. Тие не биле запишани на негово име за да се отежне утврдувањето на изворот на плаќањата.
Потанин бил конкурент на Дерипаска во областа на трговијата, пишува „NY Times“.
– Ја прифаќам целосната одговорност бидејќи никогаш немав намера со моите постапки да им наштетам на САД, моето семејство и пријателите – рече Мекгонигал.
Изрекувањето на пресудата е закажано за 14 декември, а на Мекгонигал му се заканува затворска казна до пет години доколку биде прогласен за виновен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Повеќе од 10 рачни бомби биле пронајдени во ранецот на 15-годишно момче во Maлме

Шведската полиција пронашла повеќе од 10 рачни гранати во ранецот на неименуван 15-годишник во Малме, кој бил уапсен заедно со уште две возрасни лица, објави денеска Афтонбладет.
По откривањето на бомбите во петокот околу 18 часот, полицијата опколи голем дел од областа Вастра Хамнен и ги предупреди жителите да не излегуваат на своите балкони.
Националниот одред за бомби ги демонтирал рачните бомби, а околу 22 ч. полицијата соопшти дека веќе нема никаква опасност за јавноста.
Освен 15-годишникот, уапсени се уште две лица на возраст меѓу 20 и 25 години.
Свет
(Видео) Страшна борба меѓу крузер и огромни бранови: патниците од силината на ударите паднале на подот

Одењето на крстарење околу Кејп Хорн во Јужна Америка изгледало како идеална можност за одмор за повеќе од 135 туристи. Тие се впуштија во голема авантура на бродот „Ocean Explorer“ од компанијата Quark Expeditions.
Меѓутоа, патниците ги пречекало невреме и бранови високи 11 метри, за време на патувањето низ познатиот премин Дрејк, пишува Daily Mail.
Познатата блогерка Лесли Ен Марфи снимила застрашувачки снимки од брод кој минува низ огромни бранови.
Таа проценува дека биле високи меѓу 10 и 11 метри, а на видеото се гледа како тие поминуваат преку палубата и удираат во прозорците на бродот.
На видеото, кое беше објавено на Инстаграм , се гледаат неколку патници згрчени во близина на големите прозорци додека брановите немилосрдно удираат.
Во исто време кога пенестата бела вода удрила врз луксузниот брод, предизвикувајќи тој да се ниша лево-десно, луѓето изгубиле рамнотежа и паднале.
Во еден кадар, група патници трчаат од страна на страна додека крстаречкиот брод се ниша во силните струи.
„Горд сум што можам да кажам дека не преживеавме еден, туку двајца шеици Дрејк! За контекст, преминот Дрејк е водното тело помеѓу врвот на Аргентина и Антарктикот “, објасни блогерката, додавајќи „познато е по екстремно бурните води. Ако имате среќа, ќе го добиете Дрејк Лејк. Ако сте како нас, ќе го добиете Дрејк Шејк со бранови од 11 метри“.
Свет
Противниците на Трамп денеска на масовни протести низ САД

Околу 1.200 демонстрации се планирани денеска ширум САД, а организаторите очекуваат тоа да биде најголемиот ден на протести против американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот сојузник Илон Маск, објави Ројтерс.
Протестите наречени „Одземени раце“ ќе им дадат можност на противниците на Трамп да го изразат своето незадоволство од надворешната и внатрешната политика на Трамп на САД, наведува агенцијата.
„Ова е масовен протест кој испраќа многу јасна порака до Маск, Трамп, републиканските конгресмени и сите сојузници на движењето Направете ја Америка повторно голема (MAGA) дека не сакаме нивните раце во нашата демократија, заедници, училишта, пријатели и соседи“, рече Езра Левин, ко-основач на Indivisible, една од групите што ги организираа настаните овој викенд.
Според податоците од веб-страницата на настанот, околу 150 активистички групи се пријавени за учество.
Планирани се протести во сите 50 држави, како и во Канада, Британија, Франција, Германија, Мексико и Португалија.
Најголемите собири се очекуваат на Националниот плоштад во Вашингтон.
Групите кои се противат на обновената воена акција на Израел во Газа и акциите на администрацијата на Трамп против протестите во кампусите ќе учествуваат и на протестите во Вашингтон, објавија организаторите, пренесува Танјуг.