Македонија
Бесплатен таблет за секој ученик од четврто одделение во Аеродром
Втора година по ред Општина Аеродром обезбеди бесплатен таблет за секој ученик што посетува настава во четврто одделение во некое од општинските основни училишта.
За ова информира градоначалникот на општината, Тимчо Муцунски, преку својот фејсбук-профил истакнувајќи дека со овој проект се создаваат услови за непречено одвивање на наставата, но и директна помош за учениците во совладувањето и правилното користење на новите технологии.
„Особена чест ми е што оваа мерка се реализира и оваа година во услови кога Владата не може да обезбеди учебници за почеток на учебната година, кога не гледаме никакви инвестиции во образовната инфраструктура и сведочиме на стагнација во образованието и науката. Од 1 септември сите ученици во општина Аеродром ќе ја почнат наставата во реконструирани објекти, со нови униформи, таблети, како и најсовремени услови за спорт и рекреација“, напиша градоначалникот Тимчо Муцунски на својот фејсбук-профил.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Земјотрес почувствуван во Македонија
Утрово во 7 часот и 20 минути беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ.

Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од 3.1 степени според Рихтер.
#Earthquake (#земјотрес) possibly felt 24 sec ago in #RepublicofNorthMacedonia. Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/IaWrDzq6eR— EMSC (@LastQuake) December 15, 2025
Како што објави ЕМСЦ епицентарот на земјотресот бил на 35 километри од Приштина, на границата меѓу Косово, Србија и Македонија.
Македонија
Делови од Карпош и Чучер Сандево денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од село Горно Нерези (општина Карпош), како и корисниците од селата Глуво и Мирковци. (општина Чучер Сандево )
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево и претежно тивко
Сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 9 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на неделата времето ќе биде сончево и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови на одредени места ќе има појава на магла. Максималната температура ќе биде над просекот за овој период од годината.

