Црна хроника
Двајца уапсени во Тетовско, одземени пиштоли
Вчера попладне, во 15.30 и во 16.55 часот, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода 33-годишниот Б. И. и 60-годишниот И. И. од тетовски Порој, извести СВР Тетово.
„Тие се сомничат дека на улицата Фуштанска во Тетово пукале од оружје. Притоа од Б. И. одземен е пиштол ‘зораки’ во калибар од 9 милиметри и тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување на случајот“, велат од СВР Тетово.
Подоцна, околу 19.40 часот, од 53-годишен жител на тетовско село биле одземени за вештачење пиштол „црвена застава“, со рамка во калибар од 9 милиметри, и пиштол „тангфолио“ со рамка, исто така во калибар од 9 милиметри, а поради сомнение за негова инволвираност во предизвикување општа опасност на оваа улица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Вреќи со марихуана, оружје, пари украдени од банкомати, пронајдени кај 39-годишен скопјанец
Во текот на вчерашниот ден полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Единица за недозволена трговија со дрога, постапувајќи по претходно обезбедена наредба од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, во содејство со полициски службеници од Интервентна полиција од СВР Скопје извршија претрес кај Б.Ј.(39) во Скопје.
При претресот во домот на Б.Ј. биле пронајдени 30 банкноти во апоени од по 20 евра, за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражба на банкомати, пет пиштоли, една кеса со бела грутчеста материја, мобилни телефони и др.
Исто така, извршен е претрес на товарно моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, при што биле пронајдени вреќи во кои имало 21 ќесиња марихуана и други предмети.
Пронајдените предмети се подигнати и предадени на вештачење. По целосно документирање на случајот, против Б.Ј. ќе бидат поднесени кривични пријави по член 396 „неовластено изработување, држење, поседување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и член 215 „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од КЗ.
Црна хроника
Украдени шишиња и пакувања со лекови од штипската клиничка болница со употреба на сила
Вчера во 07.41 часот во СВР Штип било пријавено дека во периодот од 08.11 до 11.11.2024 во објект во кругот на Клиничката болница Штип било влезено со употреба на сила и погоден алат и биле одземени повеќе шишиња и пакувања со лекови и камерата од ѕидот.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Наставник нападнал ученик во училиште во Скопје
Вчера во 09.50 часот во СВР Скопје, С.С.(39) од Скопје пријавил дека околу 08.30 часот, неговиот малолетен син додека бил на час во основното училиште во Скопје во кое учел, бил физички нападнат од наставникот.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.