Црна хроника
Се судрија „голф“ и „туран“ кај неготинската клучка, тешко повредена жена
Вчера попладне, во 17.30 часот, во СВР Тетово е пријавено дека во близина на неготинската клучка се случила сообраќајна несреќа помеѓу патнички моторни возила „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управуван од 44-годишниот А. Џ. од гостиварски Добридол, и „фолксваген туран“, со гостиварски ознаки, што го управувал 27-годишниот С. Ј. од гостиварска Топлица, извести СВР Тетово.
„Во несреќата сопатничката од возилото ‘голф’, Х. Џ. (61), добила тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница ‘Ферид Мурад’“, велат од СВР Тетово.
Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Бебе почина во болница во Охрид
Вчера во СВР Охрид, пријавено е дека во 8.10 часот во Општа болница во Охрид починало деветмесечно бебе.
Бебето претходно во Службата за итна медицинска помош било донесено во неконтактибилна состојба. Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвиниел телото е дадено на обдукција, информираат од СВР Охрид.
Пред неколку дена, на 14 мај 2024 година, почина седуммесечно бебе од Вевчани во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ по извршен хируршки зафат.
Бебето било донесено во болница од неговата мајка. Според пријавеното, било примено во болницата со хематом на главата и по констатирано мозочно крварење веднаш била извршена операција.
Според изјавата мајка, повредите бебето ги добило откако паднало од импровизиран кревет во семејниот дом во Вевчани.
Црна хроника
Градоначалник трошел општински пари за време на избори, доби кривична пријава
СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против градоначалник на една општина поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело – противзаконито располагање со буџетски средства за време на избори, по член 165-в од Кривичниот законик, информираат од МВР.
„Пријавениот извршил нередовни исплати на еднократна парична помош на 38 физички лица во вкупен износ од 195.000 денари согласно програмата за мерките и активностите на општината во областа на социјална заштита од буџетски средства за 2019 година. Имено, пријавениот ги извршил исплатите на 15.02.2019, 18.03.2019 и 12.04 2019, односно во период кога се распишани претседателските избори 2019 година, со што постапил спротивно на член 8-а став 1 алинеја 2 од Изборниот законик и член 34 став 1 алинеја 2 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси“, се вели во соопштението.
Црна хроника
Полицијата казнува: Во Скопје се вози под алкохол, без возачка и се минува на црвено
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 123 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 21 санкција, девет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум санкции за користење мобилен телефон при возење.
Изречени се пет мерки за некористење сигурносен појас, пет санкции за возење под дејство на алкохол…