Црна хроника
Автомобил излета од улица во Скопје, двајца повредени

Околу 3.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од булеварот Илинден, булеварот Гоце Делчев и булеварот ВМРО, Т. Т. (21) од Скопје, управувајќи патничко возило „пежо 206“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото излетал надвор од коловозот.
По несреќата, сопатниците Н. Л. Х. (20) и Н. С. (20), двајцата од Скопје, биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што на Н. Л. Х. му биле констатирани телесни повреди, а на Н. С. ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Го удирал со дрвена ногарка по главата, а потоа легнал да спие и го оставил брата си да лежи во крв: 37-годишник осомничен за обид за убиство

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице за кое постои сомнение дека се обидело да изврши кривично дело – Убиство предвидено во член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 од Кривичниот законик.
На 18 октомври, во семејниот дом во Марино, осомничениот се обидел да го лиши од живот сопствениот брат, удирајќи го со дрвена ногарка по главата и по целото тело. Од ударите, оштетениот започнал да крвари од главата и изгубил свест, а осомничениот наместо да му помогне, си легнал да спие.
Следниот ден, кога се разбудил, видел дека брат му лежи во крв и без свест, но повторно го оставил и повикал медицинска помош дури речиси три часа подоцна.
Имајќи ги предвид сите околности, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Црна хроника
Изгоре куќа во Драчево, нема повредени

Вчера во 21:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во населба Драчево во Скопје настанал пожар во куќа, сопственост на Г.Д.(69) и Д.П.(71), двајцата од Скопје.
Пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.
Извршен е увид.
Црна хроника
Прегазена жена во Ресен, пренесена е во болница со тешки повреди

Вчера во 10:40 часот во ОВР Ресен е пријавено дека на улицата „Илинденска“ во Ресен, патничко возило „форд“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(68) од Ресен, удрило во пешакот, 74-годишната Ф.Ј. од Ресен.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ф.Ј., констатирани во Клиничка болница Битола.
Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Ресен.