Црна хроника
Приведено лице што пукало во месноста „Јелак“, одземен му е пиштол

Полициски службеници од СВР Тетово денеска (20 август) околу 14 часот и 20 минути на Попова Шапка, во месноста “Јелак” го привеле Б.Н.(29) од Скопје, поради сомнение дека претходно пукал со пиштол што го поседувал со дозвола.
На местото пронајдени се 7 празни чаури кои се подигнати за вештачење, а пиштолот со празна рамка му е одземен.
По целосно расчистување и документирање на случајот против Б.Н..ќе следува соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведен бегалец од затвор, вратен е во КПУ Идризово

Вчера во 16.30 часот на улица „168“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, врз основа на судска наредба, го привеле 35-годишниот Ф.С. од Тетово, кој бил баран со потерница поради бегство од КПУ Идризово.
Ф.С. бил осуден на шест години и 10 месеци за сторени кривични дела по член 215 и 396 од КЗ, а за доиздржување имал една година, 10 месеци и 6 дена.
Тој бил спроведен во КПУ Идризово за доиздржување на казната.
Црна хроника
Приведен возач кој удри велосипедист во Скопје

Полицијата го приведе Б.Џ. (51) од Скопје кој денес околу 11.40 часот на улицата Лазар Личеновски во Скопје со патничко возило „тојота“ со бугарски национални ознаки удрил во модифициран велосипед со три тркала управуван од Р.У. (37) од Скопје.
Р.У. е пренесен за укажување на лекарска помош во ГОБ „8 Септември“, а Б.Џ. е лишен од слобода, привремено му е одземено и возилото а против него, по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Земале пари за патни трошоци а не патувале: кривична против десет полициски службеници од ЕБР

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано оддделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против полициските службеници К.Ѓ., Г.Д., Н.С., И.Г., Д.Д., Д.Д., Н.М., С.С., З.Т. и Д.Т., сите вработени во Единицата за брзо распоредување, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување’’ казниво по член 353 од Кривичниот законик.
Пријавените, со намера за себе да прибават противправна имотна корист, искористувајќи го стекнатото право за надомест на патни трошоци, поради тоа што по лична карта се воделе со место на живеење надвор од Скопје, ја злоупотребиле службената положба на начин што примале парични средства од Министерството за внатрешни работи за денови во кои не патувале од своето место на живеење до работното место во Скопје и обратно, со што во периодот 01.12.2023 до 17.09.2024 го оштетиле буџетот на Министерството за внатрешни работи во вкупен износ од 1.098.120 денари.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди за пријавените полициски службеници ќе поднесе и предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, соопшти полицијата.