Македонија
По опсежна анализа и анкета, ќе го имаме најдобриот кандидат за претседател на Македонија, рече портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ
Ако не се прифаќа барањето за избори, власта уште еднаш ќе докаже дека сè што им е важно се ден или месец повеќе за повеќе криминал и корупција, рече Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи на новинарско прашање што ако во текот на наредните месеци не се прифати барањето за предвремени избори и дали би било во ред тие да се одржат заедно со претседателските во април и мај.
Митева рече дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена за избори кога и да се случат.
„Но, како и до сега, приоритет на ВМРО-ДПМНЕ е мислењето на граѓаните за кандидатите што ги предлага, така ќе биде и овој пат, по опсежна анализа и анкета, ќе го имаме најдобриот кандидат за претседател на Македонија“, рече Митева одговарајќи на прашање дали ВМРО-ДПМНЕ почна да работи во врска со кандидатот за претседател.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

